Ти бе брату или настинат си или од друга планета си? Единствена војна која била закана за опстанокот на НАТО е Студената војна, а во таа војна НАТО излезе како апсолутен победник, доколку беше обратно прашање е дали ќе постоеше сега како организација, а за границите на државите и да не правиме муабет!
Претходниот мој пост беше повеќе за внатрешната стабилност на НАТО членките... пак ќе ја земам како скоро 60 год. член Турција, со многу свеж пример... лани во Турција му се случија неколку случаи слични на Диво насеље... Курди од Сирија упаднаа во Дијарбакир и провинцијата Ширнак, во време кога во Сирија е веќе присутна америчката војска и која на секаков начин ги подржува Курдите во Сирија!
За разлика од нашето Диво насеље кое траеше нецели 24 часа, во Турција траеше 4 месеци со илјадници цивилни жртви, стотици полициски и стотици терористички жртви... 600.000 раселени цивили...
Беа збришани цели квартови од лицето на земјата... пред...
потоа...
Тешка е судбината на границите на НАТО членките со ваква внатрешна состојба.. во Јужен Занзибар е постабилно!
Не заборавив... премногу свеж пример е тој, бидејќи сеуште се убедени и веруваат дека Ердоган сам сакаше преку пуч да се симне од власт.
Ама затоа заборавив да му препорачам нешто што е веќе официјално и се изучува на факултетите по историја и одбрамбени студии... а тоа се операциите на НАТО под кодно име Гладио!
https://en.wikipedia.org/wiki/Operation_Gladio
Има што да прочитаат тука и да сватат како во одредени периоди НАТО врз своите членки делувала со терористички методи!