Значи Авенџерот прилично јасно го изрази ставот, да му се плукнам, ист јазик говорите, и пак не се разбирате. Ти кажува дека извинувањето немаше да смени ништо. Работите не се множат со нула само затоа што некој се извинил, презел одговорност, и напуштил функција. Светот ќе беше многу порозово место ако проблемите се решаваа со извинување и одземање на статуси/функции/лиценци и што ти е знам друго. За тоа дали тоа ќе било правилен потег не е дебатното прашање, секако дека е, работава е што ја свртевте ситуацијата, дека ова му се случило затоа што не се извинил и презел одговорност со напуштање на функцијата, како тоа да ќе му го спасело животот, дедово ќе заборавел што се случило, чувствата ќе му се променле откако ќе го чуе тоа "извини".
Ако земеме да правдаме убиства и обиди за убиства не заслужуваме правна држава. Не може за една особа убиство или обид за убиство да биде монструозен чин кој ќе се влече со децении за партиски поени а друг таков случај да е оправдан. Вредностите ви се пореметени скроз. "Оправдано" да бараш во Јемен, не во една европска земја во која со децении дрвите за недостаток на демократија.
Треба да појасниш зошто се лупање глупости. Он барем образложи.
Неколку? Really? Ги броеше?
Вакви разблажувања на глупости правеа од ВМРО, btw.
И за другото пишано се согласувам, ама за ова последново - Чул те Господ!
И на опозициските портали (како и про-владини) се збори за тотално стопирање на проектот, без разлика на фазата до која е комплетиран. Барем сите медиуми се согласни дека Заев & co. не планираат да го остават да се заврши проектот. Дури и кога би ги коштало истото 80 милион евра кои треба да ги вратат назад.
LOL triggered, bitch?
Не верувам дека има толкаво расположение за НАТО и ЕУ. Можеби дури помало за ЕУ отколку за НАТО. Со оглед на тоа како племенита Европа се однесува со нас од нашето осамостојување па се до ден денес. На анкети многу не верувам, за една дознав дека 60% од изпитаниците се албанци (кој од нив не сака во ЕУ?), само сите се презентираат како државјани на РМ и фали тој аспект за да го погодиш контекстот. Дури и да е така, да е на високо ниво позитивната гледна точка за овие две групации - што мислиш, на што се должи тоа? На извитоперена пропаганда, која ги презентира исклучиво розово работите.
За тоа се криви сите политички партии во Македонија, од најголема до најмала, од најдесна до најлева, од македонски, албански па се до сите останати етно-ориентирани. Нема ниедна политичка партија која е против двеве групации, и да работи на подигање свест за потенцијалните нус-појави и негативни последици од приклучувањето кон ЕУ/НАТО. Кога твојата пропраганда резултира со мнение дека после приклучувањето ние овдека може и да ја распуштиме војската (НАТО ќе не штити), и дека од небото ќе почне да врне мед и млеко (ЕУ ќе не финансира и ќе ни ги реши сите внатрешни и надворешни проблеми), тогаш ќе е сосема нормално да котира на високо ниво расположението за ЕУ и НАТО. Нема контра-аргументи. Не се покажува прљавиот веш.
За останатото се согласувам, ако влеземе тоа ќе биде баш ради тоа што го наведе погоре, а владите во МК наназад не успеале да влијаат да колку-толку се искорени тој менталитет.
Да, треба да се чујат сите -стручни- страни. Тоа лично мислам дека не го вклучува Груевски.