Општи вело муабети, прашања, совети

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Е фала ти многу, и сакам едно мислење општо за Drag рамовите кој што има користено, сакам да земам Drag master road или слично за околу 500 евра?
Дали вредат за парите посебно за рамот пошто се знај шо може да се очекува од опремата за тие пари!
Рамот како рам, ке тера долго време ако си одбереш таман величина. Ама на страната гледам дека најефтиниот Drag master road е со Shimano tourney, што е смешка, 7 брзини на роуд бајк во 2017, а којзнае колку штеделе на останатите делови?
Разгледај убаво, за мене тиагра би било минимум, 105ка идеално за пари/перформанси.
 
Член од
6 декември 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0

https://dragzone.bg/en/bikes/road-bikes/drag-master-pro-bike-2016

Велосипедов донесен во МК е 31000ден со 1 година гаранција.
Со оглед на тоа што го има од опрема shimano claris/cox (колку пари-толку музика) мислам дека вреди, а јас дома имам скоро нови shimano 105 сопирачки, ќе ги сменам и ќе го возам едно 3-4 години без да имам никаков дефект.
ПС: аматер сум и затоа мислам дека ќе завршам работа со овој велосипед, а нов поисплатлив од овој нема колку што разгледав.
 
За парите е петка, ако си ок со 8 брзини, зимај ич не му ја мисли. Чисто за споредба трек 1.1 во бајкстоп со практично истата опрема е 45000. Види си за големина само да ти е погодена, и долго ќе го возиш.
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Има некој искуство со донасање точак од бугарија?
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.800
Поени од реакции
1.185
После извозени 100-150км најчесто овака го чистам ланецот и касетата
https://m.youtube.com/watch?v=zNjZsW1sB0w
Мислите ли дека ова чистење е добро и од каде набавувате крпи за чистење на ланецот. Бог знае колку крпи потрошив и фондот ми е намален, стравувам дека ќе немам за бришење :)
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.800
Поени од реакции
1.185
После извозени 100-150км најчесто овака го чистам ланецот и касетата
https://m.youtube.com/watch?v=zNjZsW1sB0w
Мислите ли дека ова чистење е добро и од каде набавувате крпи за чистење на ланецот. Бог знае колку крпи потрошив и фондот ми е намален, стравувам дека ќе немам за бришење. :)
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
86

Како што ти рече човекот се што ти треба е degreaser, lube и крпи.
Ако немаш degreaser ондак било какво средство за чистење на база на цитрус ќе заврши работа. Ако немаш ни тоа ондак можеш со WD-40, ќе заврши работа за чистење ама има некои што не го препорачуваат да го користиш често бидејќи можеш да оштетиш некои делови од ланецот предвреме ако го истисне малото количество на лубрикант кое се задржало таму и потоа не дотуриш доволно или не стигне до тие места каде што е најпотребно (rollers and pins). Или ако ти е страв со WD-40 да прскаш директно, стави малце на крпа и помини го површински и ако имаш живци земи стара врвка од патики и помини ја измеѓу плочките и ролерите (inner plates & outter plates, rollers).

Почни прво со чистење на ланецот, потоа убаво исчисти ги предниот запчаник, касетата и тркалцата од задниот мењач бидејќи тука ти се собира доста прљаштина и ако не ги исчистиш џабе го подмачкуваш ланецот кога во рок од 1-2 недели ќе ти се направи пак лом. Кога ги чистиш пази со каква крпа ги проаѓаш. Ако краевите на крпата се распарани или е некоја што лесно испушта влакненца, сето тоа ќе ти се заглави во ланецот и потешко ќе ти иде со тек на време. Можеш и со четка за заби, поубаво со некоја со тврди и дебели влакна бидејќи не ти се виткаат лесно и подобро можеш да ги пикнеш во тесните места.

Откако ќе го исчистиш гледај да нема ништо останато од средството со кое си го чистел пред да го подмачкувал и потоа остави го да се исуши/испари целосно.

Кога ќе го подмачкуваш користи средство во зависност од условите во кои ќе возиш (dry-lube за потопло и суво време, wet-lube за поладно и врнежливо) и распрашај се и истражи малку да видиш кое повеќе ти одговара (dry-lube се нанесува почесто и одбива прљаштина, wet-lube се нанесува поретко и собира повеќе прљаштина). Од овие најевтина варијанта ти е во Bike Center/Market - Zefal 390 ден. за 125 мл.
Ако ти е бајаги истенчен буџетот можеш и со моторно уље (поретко за да може да навлезе каде што треба) или машинско уље (50-100 денари мала тубичка, побарај на бит-пазар или земи од тие наменети за моторна пила). За подмачкување најлесно е со тубичка или шприц бидејќи нема никакви шанси да ти прсне во дискови за разлика од спрејовите. Се мести ланецот во 6-12 брзина на касетата (колку повисока толку подобро) и најголемиот запчаник напред. Со тубичка се држи над ланецот или пред задниот мењач до касетата и можеш или да ја стиснеш и да го вртиш ланецот, или да ставаш на секој ролер (roller) поединечно секако зависи колкави живци имаш. Кога си сигурен дека е доволно подмачкан врти ги наназад педалите минута две колку да навлезе во потешките места и остави го преку ноќ да за бидеш сигурен дека се е доволно подмачкано и наредниот ден го избриши со крпа вишокот.

После наредните 1-2 возења го поминуваш со крпа површински да ја тргнеш прљаштината што се собрала и му додаваш малку лубрикант, и исто подоцна го бришеш вишокот.

Ако има некој нешто да додаде, или да измени слободно нека пише. Сум гледал доста клипови-туторијали и сум слушнал многу совети и од сето тоа сметам дека ова е најдобра процедура со која ќе извозиш многу години пред да треба да го менуваш ланецот.
 
Ова средство го имам за подмачкување купено од Outdoor.mk
http://outdoor.mk/index.php?route=product/product&path=125&product_id=843
Ова како спреј го земав од Bike Market но го немам воопшто користено. Не знам дали е добар одмастувач/подмачкувач ?
http://www.bikemarket.mk/index.php?route=product/product&path=61_88&product_id=570
 
Член од
3 март 2013
Мислења
350
Поени од реакции
368
Ени хелп? Оти вака ми прај страва сега ?? Имам и 3г и wifi ама пак вели но сигнал:mad:

Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
86
ZEFAL SPRAY како што пишува е се во едно. Претпоставувам дека еднаш или два пати се нанесува и колку толку од притисокот од спрејот паѓа прљаштината и истовремено се подмачкува.

Лично не сум користел n во 1 продукти за било што и да се и не верувам дека се нешто посебно. Сигурно ќе ти заврши работа, ама најсигурно би било со некое специфично средство наменето за подмачкување наместо со нешто што содржи средство за отстранување на лубрикант и лубрикант во едно пакување.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.793
Поени од реакции
5.577
Ени хелп? Оти вака ми прај страва сега ?? Имам и 3г и wifi ама пак вели но сигнал:mad:

GPS треба да работи и без wifi и без 3G
така што ти ги имаш истите и ти се активни не би требало воопшто да влијае на позиционирањето
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Насловот на темава воопшто не ми се допаѓа, бидејќи се 475 страници и некој ќе си рече „Овие велосипедистиве луди се, за тоа колку често возат велосипед направиле 475 страници муабет“. Би било добро сите теми за општи муабети околу велосипедизмот да се додадат на оваа тема, и да и се врати старото име. Фала на пажња. :D

Е сега, бидејќи е најголемата тема од овој тип, тука ќе кажам дека Pro-Sport има 15% попуст на GT Karakoram Elite 29er. Одлична понуда за оние за кои половен велосипед не доаѓа во предвид.

http://www.pro-sport.com.mk/Default.aspx?id=ad5fae97-d099-4de5-b58f-5ba466a6bc11
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Извинување на администрација за дупли пост, се надевам ќе се спојат со претходниот.

Уште една понуда за оние што бараа ефтин велосипед до 12000-13000 денари:

https://www.facebook.com/BIKECENTER.MK/posts/1902672909991628

Иако оди против сите мои „брбљања“ на темава (дека треба да има механички кочници и вилушка без амортизер), сепак точаков за 12500 денари доаѓа до 29ки тркала (на кои може да се стават убави градски гуми) и архитектура за понатамошен апгрејд на ефтини ама добри хидраулични кочници (некој модел на Тектро или Шимано 355).

Така за 15.000 денари ќе имате точак со хидраулика и ќе ве служи без дефекти.
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
86
Ени хелп? Оти вака ми прај страва сега ?? Имам и 3г и wifi ама пак вели но сигнал:mad:

Андроид? Види во settings - location / location services како ти е наместено да ја регистрира локацијата. Треба GPS или GPS & mobile networks да ти е овозможено. Ако пак заебава направи clear cache и force stop, ако пак не се оправи clear data, и во краен случај reinstall.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom