Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Е ај кажи со кој играч на местото на Тричковски ќе ги освоивме тие бодови (и бтв 3 имаме, не 0). Ете објасни кои се тие што се подобри опции од него што ќе направеле таква разлика. А и чисто информативно Тричко не ни играше квлификацииве (само со Лихтенштајн играше кога победивме, на сите други каде изгубивме он само на клупа седеше), и сеа ти заклучок направи дека ради него имаме „0“ бодови место 7. Демек ако Никола Јакимовски седеше на клупа место Тричко, тогаш 7 бода ќе имавме? Ај елаборирај. Или битно само да тресеш нешто, а не дека знаеш кој требало да игра место него и со кој ете место 0 ќе сме имале 7 бода.

Малце оффтопик,ама дали се зборува за Јакимовски,типот кој ја дрмаше сериа б со 1 гол цела сезона во испаднатата екипа,и си плаќаше стории по медиуми за бугарија ќе играл ако не добиел повик :D :D
 
Малце оффтопик,ама дали се зборува за Јакимовски,типот кој ја дрмаше сериа б со 1 гол цела сезона во испаднатата екипа,и си плаќаше стории по медиуми за бугарија ќе играл ако не добиел повик :D :D
Да тој, што секоја зима као праеше трансфер во Севиља и Наполи и не знам си каде :D
 
Промашил еднаш зицер и ајде одма копиљ бил појма немал. Па и Роналдо и Меси имаат промашено шанси 1 на 1, и ај сеа одма значело дека нема абер и нема што да бара во репрезентација. Башка не шутираше во голманот туку во десниот агол од голот се обиде но голманот му ја фати со рака, едноставно добро беше наместен и се му затвори (посебно оти Тричко од кос агол шутираше).

А тоа што против Бугарија беше еден од најдобрите тоа нема везе, идиот бил сеа Мрме што пак го повикал и што не предвидел дека денес нема да одигра така како претходниот натпревар и што ќе промаши зицер. Погледни ја снимката и ќе видиш дека реално голманот добро му го затвори аголот, Тричко се обиде ама тој му ја фати. И пак ќе речам, и најдобрите фудбалери имаат промашувано шанси како овие, па не значи дека крив бил тренерот што се цел памет го играл Роналдо или Меси или не знам си кој.

Е ајде де, еднаш утнал зицер и ајде „шо барал овој“. Па кој да игра, 30 гола даде сезонава на Кипар и сега ќе се буниме со кој памет Мрме го викнал, па реално кои опции ги имаме што повеќе имаат логика. И мене ме разочара што го утна ама реално тоа ни се играчите.

Епа баш заради тоа „ех па еднаш промашил зицер и одма копиљ бил“ сме таму кај што сме и у фудбал и генерално како држава и народ.

Тие 30 гола на Кипар не се голови за репрезентација. Головите носат победи, а сите сакаме да победуваме, а голови нема, оти „еднаш промашуваат зицери“. Се кладам дека ако во истата ситуација се најдеше Несторовски, ќе беше гол.

За крај Мрме не го кривам, ептен ми се допаѓа неговата замисла и постава, така нека продолжи, туку магарињата се проблемот, треба да се трудат повеќе.
 
Добро ај објасни жити се кој е тој што требал да добие повик место него и со кој играч немало да бидеме кај што сме? 5 пати прашавме и немате одговор, ама битно пак даље мрчите дека Тричко не бил за во репрезентација, без оглед на тоа што немате да кажете подобра опција кој место него требало да игра.

Головите на кипар не биле голови за репрезентација, па не се ама според игрите од клубот треба да се одреди кој да добие повик. Ај ако не Панчев и Шаќири да ги вратиме, они имаат повеќе голови за репрезентација. Глупости муабетов.

Точно дека Несторовски да беше (најверојатно) ќе даеше гол, ама што со тоа? Тоа значи само Несторовски и Пандев и уште 5-6 души кои се добри да ги викнеме и толку, остатокот не се за во репрезентација па ај со 7 души само ќе играме. На списокот треба да бидат 20 души, од кои младинците не се на располагање, кој к.. да викне за на клупа?

Викаш ради толерирањето на таквите промашувања сме кај што сме, епа ако не толериравме такви утки до сега никој не требаше да биде во репрезентација, ни Тричко ни Пандев ни не знам си кој, и кој да игра на нивно место? Од Турново и Брегалница да бараме нови играчи оти овие претходните утнале и немале што пак да ги викаме?

Тоа е исто ко коментарите „Шиков, Мојсов и Ристевски сите аут, појма немаат“. А кој да игра место нив? Не знаат. Ај без одбрана да играме.
 
Последно уредено:

Не биди ку**иче, цитирај.

Муабетот ти го објаснив, играчите се тие, не вади работи од контекст. Ангеловски ги вика тие што ги имаме и кажав треба да се трудат повеќе. Во таа насока еве пример Тричковски, свеж беше во тие моменти, само што имаше влезено, а го истуркаа како мало дете, се плетка во нозете...
Секоја чест на Пандев, со 33 години игра како на 23., до 70 минути ги моташе турците како сака, на сите треба да им биде пример.
 
Не биди ку**иче, цитирај.
:facepalm: Ајдеее сеа па „намерно не сум те цитирал за да не ми одговориш“ :facepalm::facepalm::facepalm: Уште некоја поочајна глупост не можеш да ископаш колку со сила да пробаш да ме направиш глуп?

Кај си го објаснил муабетот кога нигде така не го објасни, ти се бунеше што барале дупки ко Тричко во репрезентација, а сега викаш тие се играчите :tapp:

Требале да се трудат повеќе, па Тричко да беше играчиште немаше да игра на ф..инг Кипар. И немаше да ни биде резерва во репрезентација. Види кај ни играат нашите играчи, каде играат тие на Турција, целосно ги надигравме и што ти е тебе заклучокот? Дека нашите играчи не се замараат и клошари се, не биле доволно ангажирани. :facepalm:
 
Последно уредено:
Од mktickets.mk ако зеам карта за Шпанија, се приложува само листот испринтан на влез, или треба да одам да го сменам листот за карта?
 
Од mktickets.mk ако зеам карта за Шпанија, се приложува само листот испринтан на влез, или треба да одам да го сменам листот за карта?
Треба да го испринташ и да земеш карта.
 
Mene pak me cudi pa kako Sikov, Ristovski i Mojsov pocnaa da igrat na nivo. Realno ima dosta potencijal vo Alioski, Trajkovski, Nestorovski, Pandev kombinacijata. Ako tuka se Dodade eden Bardi mozda i Babunski/Nikolov/Elmas za dolgorocna zamena za pandev ne sme losi vo sreden red. E Sega problemot e Angelovski da skocka tim.
I Ademi se vrakjat od septemvri, ke mu treba nekoe vreme da se vrati vo forma (ako se vrati sepak ne zneame kako se odrzuval ovie godina 2 ) ama Dinamo ako se spremni da go vratat vo prv tim togash ima nadezh ushte vo nego :))
 
За тие што планираат да купат карти викендов или да заменат ваучери а не проверуваат меил
 
Attachments

  • asdzxc.PNG
    asdzxc.PNG
    49,6 KB · Прегледи: 83
Според ова што гледам на сајтов на mktickets слабо оди продажбата на картите. (n) Досега ако има десетина илјади продадено. Или ќе се повтори по којзнае кој пат македонскиот синдром на купување карти 1 саат пред настан или цениве стварно го исплашија народов.
 
Последно уредено:
Поарно да ја откажат, со дождов, теренот ораница ќе стане, нема ни супер куп да имаме :ROFLMAO:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom