Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Znacit ne e totalen bullshit to so go slusnav.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
Не би требало, таа е покиселка по вкус, а и се расипува многу брзо, откако ќе ја отвориш стои во фрижидер околу една недела, повеќе од тоа веќе е наградна игра.

Како ја подготвувате урдата, кога сме на таа тема?
Јас ја пржам со јајца, ја ставам во шопска салата, ја мешам со буковец, кари, бибер и ја јадам така, ја пржам со домати тие од шише што ги ставаат дома за зимница, на лето со свежи домати кога не се по 100че :P
Дајте предлог за некој друг рецепт, ем вкусно ем билдерски :D
 
Јас си зимам (т.е. на другар му е успат па он ми носи :) ) од пазарче од жена козја урда и има фантастичен вкус и структура не е масна и не е воопшто солена. 1кг неделно одприлика и си ја јадам така без ништо супер си е.
 
Не би требало, таа е покиселка по вкус, а и се расипува многу брзо, откако ќе ја отвориш стои во фрижидер околу една недела, повеќе од тоа веќе е наградна игра.

Како ја подготвувате урдата, кога сме на таа тема?
Јас ја пржам со јајца, ја ставам во шопска салата, ја мешам со буковец, кари, бибер и ја јадам така, ја пржам со домати тие од шише што ги ставаат дома за зимница, на лето со свежи домати кога не се по 100че :P
Дајте предлог за некој друг рецепт, ем вкусно ем билдерски :D
Јас не се ебавам многу.. ја ставам жива, врз неа маслиново масло и оригано во комбинација со стек и домат/краставица и глава млад кромид.
 
Најчесто урда + кајгана (класика), понекогаш место кајгана, варено јајце. За појадок убаво ми е палента со урда. Правам и едно "салатче": урда + кефир + печен сусам (ова може и со варени јајца или на rice cakes). Посвежа варијанта: урда + краставица + копар (најчесто + кефир за да не биде "суво"). И стандард, краставица + домат + урда.
 
да имав време да ја готвам би ја готвел ) ставам семки, сецкам јаболко или некое друго сезонско овошје, додавам некој сушени овошја (слива, кајсија, брусница), мешам сето тоа и го јадам , најчесто навечер, тоа ми е стандарт вечера, некако по блага по убава ми е, затоа не земам од тие што се солени...
 
Некој ако знае нутр. вредности за копан (краток) да ми каже... без кожа и коски. На нет има повеќе нз кое е точно.
 
Може ли предлог за некоја риба што е здрава да се јаде секојдневно, готова купена од продавница во конзерва?
 
Може ли предлог за некоја риба што е здрава да се јаде секојдневно, готова купена од продавница во конзерва?

Сардина, само пазете на сол во 1 конзерва има околу 1 грам сол, така да ако јадете сардини не додавајте сол во другата храна.

Најдобро да најдете свежи.
 
Здраво на сите , сакам нешто да прашам во врска со исхраната ...Дали е ок или ако не е , што треба да променам???
Инаку почнав да вежбам во домашни услови но имам доста справи,тежини и реквизити и целта ми е да направам некое солидно градено тело (не премногу) затоа сакам совет од вас искусните за помош околу ова ....Фала ви на сите , однапред !!!

1 оброк 8.40 ч.
Овес 100г. (со вода)
Зелен Чај
Whey Protein (со вода 250мл.)

2 оброк 11.00 ч.
Туна (1 конзерва со исцедено масло)
Леб (пченкарен 1 парче) или 100г. варен компир

3 оброк 15.00 ч.
Пилешки стек 150г.
Ориз 100г.
Брокула 100г.

4 оброк 16.00 - 16.30 ч.
L-Carnitine + Cardio (30 мин.)
Тренинг со тежини
Whey Protein (со вода 250 мл.)

5 оброк 19.40 ч.
Кикирики 30г.
Суво Грозје
Ленено семе
Млеко со ниска масленост 200мл.
Грчки Јогурт 0% 100мл.

6 оброк 20.00 ч.
Јајца (3 белки и 2 цели)
Урда 100г.
Салата

Плус 6-8 литри вода , Омега 3 1000мг и Ц-витамин+8 ч. спиење
 
@DacaFaca69 оброк 6 ја би го стаил у место 5, брзо се апсорбира протеинот од јајце, а од млеко и јогурт споро и подобар е пред спиење
 
Здраво на сите , сакам нешто да прашам во врска со исхраната ...Дали е ок или ако не е , што треба да променам???
Инаку почнав да вежбам во домашни услови но имам доста справи,тежини и реквизити и целта ми е да направам некое солидно градено тело (не премногу) затоа сакам совет од вас искусните за помош околу ова ....Фала ви на сите , однапред !!!

1 оброк 8.40 ч.
Овес 100г. (со вода)
Зелен Чај
Whey Protein (со вода 250мл.)

2 оброк 11.00 ч.
Туна (1 конзерва со исцедено масло)
Леб (пченкарен 1 парче) или 100г. варен компир

3 оброк 15.00 ч.
Пилешки стек 150г.
Ориз 100г.
Брокула 100г.

4 оброк 16.00 - 16.30 ч.
L-Carnitine + Cardio (30 мин.)
Тренинг со тежини
Whey Protein (со вода 250 мл.)

5 оброк 19.40 ч.
Кикирики 30г.
Суво Грозје
Ленено семе
Млеко со ниска масленост 200мл.
Грчки Јогурт 0% 100мл.

6 оброк 20.00 ч.
Јајца (3 белки и 2 цели)
Урда 100г.
Салата

Плус 6-8 литри вода , Омега 3 1000мг и Ц-витамин+8 ч. спиење
Грчки јогурт од каде купуваш?
 
Споделете некои рецепти билдеришта за смути... Не бидете себични :pivo2:...

Поготово нешто за во утрински услови за со протеинче да се голта за убав почеток на денот после будење и околу 30/40 минути пред оброк 1...
 
Кај купувате стек? Јас купувам више 2 месеци од КАМ и некако не ми прае ќејф.
 
Споделете некои рецепти билдеришта за смути... Не бидете себични :pivo2:...

Поготово нешто за во утрински услови за со протеинче да се голта за убав почеток на денот после будење и околу 30/40 минути пред оброк 1...
Еве еден мој предлог 1/2 банана, 1 /2 чаша јагоди, 1 дозерка протеин, млеко со ниска масленост или вода и неколку ореви.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom