Не е промена на пол, туку прилагодување на полот, на оние физички карактеристики кои можат да се променат на родовиот идентитет кој една трансродова личност го чувствува.
Никој никому не може да каже што е затоа што секој може да говори само за себе.
Хромозоми? Хормони? Секундарни карактеристики? Тоа треба да дефинира нечиј род?
Јас искрено не знам од каде е целиот овој глуп и мизерен бинарен концепт за родовиот идентитет, но ако зборуваме веќе за тоа, постојат многу повеќе родови идентитети од оние два: машки и женски.
Но кој кому дава за право некому да му чепка во генетиката, во хормоните и што една личност има одбрано да прави за сопствено добро? Кој има право да бара стари фотографии или воопшто да му чепка некому во митатото само затоа што ТИ немаш сопствен живот?
Најголемиот дел од коментарите што ги прочитав се само опакост, ситење, исмејување, ширење омраза, но реално, врз која основа? Што зборува тоа за сите вас? Тоа што некому рековте дека изгледа како мајмун, дека има огромни коски и други навредливи зборови дали ви помогна да се осетите подобро со сами себе? Дали успеавте со тоа што некого го ставивте "под вас" да си затскриете од сами себе колку сте вие мизерни пред сами себе кога ќе се погледнете во огледало?
Дали сте горди на себе што сте типични силеџии?
Ете каде е проблемот во ова труло општество.