Може ќе звучи глупо, ама јас не би сакал да дојде Џејмс Родригез. Дечкото нема покажано ништо од светското пред милион години, вчера не беше ни на клупа на Реал во финале од ЛШ, не ни се труди да се врати во одбрана... Можно е да му фали самодоверба, ама како и да е премногу би коштал таков експеримент за потенцијален флоп. Има шпекулации за даглас коста од Баерн, добар играч по мене, таман како што фали на крило. За напад, Белоти пред Мората за мене барем, дечкото гризе и гине на терен, не дека е лош Мората, ама од сите со кои се поврзува Милан (Аубамејанг, Белоти, Мората) Белоти ми е на прво место. Во моментов Аубамејанг е веројатно најдобриот од триото, ама е најстар, најскап и најголема плата ќе треба да добие. Да успеат да ги соберат Конти и Родригез за бекови, средина Кеси, Бонавентура и Биља, напад Сусо, Белоти и Коста, мислам топ3 би било во најмала рака реално.