FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Јас и официјално сум up to date, извини Hitchhiker крш торент сум имала симнато за твојот, па неправедно остана за до крајот на неделава, ќе надокнадам :LOL:

@moongoses ми се свиѓаше Карактер преку кој што се виде и на дело твојата посветеност на филмската уметност, да одбереш филм на слепо што никој го нема гледано па уште и да е добар, секоја чест.
To be honest, јас очекував позаплеткана мистерија, има добри шанси каверот на филмот тука да игра некоја улога, ама нема врска испадна да е доста straightforward приказната, ама сепак убава и за следење и за гледање.
Ликовите ми беа многу likable, сите. Настрана од приказната што беше стварно прав погодок, може уште повеќе ми се допадна обработката на ликовите, со која посветеност истите беа детално разработени и изведени. Апсолутно секој лик беше пренесен беспрекорно па макар и тие што имаа само 5 минути screen time. Ми се свиѓа многу што немаше good guy - bad guy екстеми, туку се што се случуваше од било која страна можеше да се разбере и оправда од страна на гледачот и покрај тоа што имаше протагонист и антагонист, буквално секоја постапка од секој лик ја сметав за правилна. Тој е оној елемент во филмовите што им дава lifelike карактер и во некои филмови е задоволство да се гледа, овој е еден од нив. Покрај овие два аспекта, кои многу ми се погодија, сакам на кратко да спомнам и за музиката дека ми се допадна и многу ми одговараше во склоп со филмот.
За негативните аспекти нема да зборувам, зашто реално и ги нема многу ко прво, а ко второ јас мислам дека се детали, и сметам дека не заслужуваат место во постов и истите ќе бидат само барање влакно во јајце.

8/10 инаку, супер солиден :love:
 
Age of Shadows (2016)

Како што веќе пишав, најголем проблем при следењето на азиските филмови ми е препознавањето на ликовите. Овде самите ликови не беа толку проблем, колку што беа нивните имиња. Ли Џонг, Џу Донг, Џун Сун и уште еден куп други за кои цело време се дискутираше. Оди пофаќај кој е кој, кое е машко а кое женско име. Тоа е објективен проблем за следење на содржината, што секако влијае на крајниот впечаток. Особено во филм како овој каде има агенти и двојни агенти, скриени идентитети и слично.

Според возилата и останатите елементи дејствието е поставено некаде во дваесеттите или триесеттите години од минатиот век, односно пред втората светска војна. Приказната е за делувањето на корејскиот отпор против јапонското владеење. Ми изгледаше како корејска верзија на солунските атентатори. Се отворија прашања за лојалноста, довербата, идеологијата. Мене, а верувам и на сите нас овде не ни се познати историските рамки на дејствието, но тоа воопшто не беше проблем за разбирање на приказната.

Глумата одлична, техничките работи исто. Морам да го истакнам делот со возот, одлично изградена напнатост. На моменти ме потсетуваше на „Тесен премин“ со Хекман. Акционите сцени беа малку конфузни, недоволно јасни, но тоа го гледам како тренд кај многу акциони филмови кои сакаат многу акција да прикажат за што пократко време. Лош тренд во секој случај, за мене тоа е лоша режија. И секако, присутно неизбежното трчање по кровови.

Иако трае подолго од вообичаено, воопшто не губи на гледливост и не се чувствува должината.
7/10. Можеби ќе беше и осум ако немаше конфузија со препознавање на ликовите. А можеби дел од тоа се должи и на преводот.
 
A Good Year
Имам некој период ништо не ми се гледа, никој филм не ми е интересен и овој едвај го издржав со прекини го гледав и не можев да се сконцентрирам и не знам дали е до него или до моето расположение деновиве...

Освен што ми разбуди носталгија за местата каде што пораснав, на друг начин никако не допре филмов до мене и мене тоа ми е многу битно кога гледам филм и треба да го оценам. Хемијата што ја имаме со филмот. А тука ја немавме :LOL:

Улогата на Russell Crowe ми беше тромава, сите моменти беа клише, многу работи непотребни, еден куп хумор што не беше смешен, убави жени и симпатични моменти со чичкото. Не сакам обични и совршени романси, сакам да гледам нешто необично кога веќе гледам романса. Жал ми е и што се погоди сега да ме фати мрза, ама ќе се поправам и ќе се вратам!
5/10
 
Гледам нешо повеќе од пола саат и појма немам шо се дешава, се ми е испомешано, да тибам жутите и имињата глупави. Не е до филмот, до мене е. Концентрацијата у минус ми е у последно време, затоа не гледам мн филмови, а и тие шо ги гледам се некои ептен лесни за пратење. Инаку добро ми изгледа, затоа и ќе го оставам за некој друг ден, не сакам ради-реда да го изгледам и нишо да не разберам.
 
И јас така. Ништо не разбрав и баталив. А интересен ми делува. Посебно кога сакаше да се самоубие тој и полицаецов му впери пиштол демек ако се самоубиеш ќе те убијам :D
 
Јас го пуштив уште првиот ден кога беше предложен, од тогаш уште два пати му давав шанса, ама навистина ништо не разбрав, еве и @Anon може да потврди, sorry @Zarniwoop . Денес уште еднаш одлучив да се пробам себеси, џабе. Завршив исклучувајќи го, и си пуштив Amazing Spiderman 2, да одморам мозок. И јас не викам дека е до филмот, до мене е, 100%. Денес плус и ја дупнав главата, имам џумка колку кајсија, па може влијаело и на мозокот, шознам. Не е единствен, имам уште 2 недоизгледани, ќе чекаат подобро време, кога ќе сум посконцентриран.

Последен ден денес инаку, кој го гледал, гледал, кој не, ко мене ќе си чека боље време.
 
Гледам нешо повеќе од пола саат и појма немам шо се дешава, се ми е испомешано, да тибам жутите и имињата глупави. Не е до филмот, до мене е. Концентрацијата у минус ми е у последно време, затоа не гледам мн филмови, а и тие шо ги гледам се некои ептен лесни за пратење. Инаку добро ми изгледа, затоа и ќе го оставам за некој друг ден, не сакам ради-реда да го изгледам и нишо да не разберам.
Па ти романтики сакаш затоа. :D
 
Го фатив последниот воз? Го фатив. Зафатен сум во играчница, sorry.
Филмот го пуштив пред 10-ина дена но го изгасив по половина час бидејќи ништо не сфатив.
Сега бев повеќе сконцентриран и укопчав што се дешава.
Патем, малку find and replace и преводот ми изгледаше вака :P
6cAGGio.png

А овој си го крстив началникот :D:D

Сепак, сметам дека фалеше вовед, како што има во некои филмови, 5-6 реченици на почетокот во стилот на „Дејството се случува во 1912 година, 10 години по војната меѓу Јапонија/Кина/Кореа whatever, креиран е клуб на борци кој се обидува да се избори за независност блабла“
Акционите сцени беа одлични, имаше навистина добри кадри. Поздрав до директорот на фотографија.
Интересни беа шпионските игри но некогаш и напорни.
Прерано ми загина Хашимото, тешки шамари маваше. А првиот пат кога се појави делуваше како лигле хаха.
Началников знаев дека ќе испадне „предавник“.
7/10
 
Последно уредено:
Го фатив последниот воз? Го фатив. Зафатен сум во играчница, sorry.
Филмот го пуштив пред 10-ина дена но го изгасив по половина час бидејќи ништо не сфатив.
Сега бев повеќе сконцентриран и укопчав што се дешава.
Патем, малку find and replace и преводот ми изгледаше вака :P
6cAGGio.png

А овој си го крстив началникот :D:D
:pos::pos::pos:
 
И јас го изгледав, со некое минимално закаснување... ама јас нема да сум јас ако не каснам :LOL:
Well anyway, ова беше првиот Корејски филм што сум го гледала, или барем толку се сеќавам, не можам да кажам дека беше лош, иако ова беше големо оддалечување од мојата комфор зона, и немам многу искуство ни да го споредувам ни да го оценувам во склоп на Корејската кинематографија, ама па за чудо беше многу подобар отколку што очекував дека ќе биде.
Првата половина од филмот до душа, беше малку хаотична... не се знае кој пие кој плаќа, кој со кого е, па и Хашимото change of character каков имаше од субмисивна пизда во доминантен премина, јас едно време не бев сигурна дали се работи за истиот лик. Добро, значи првата половина хаотична, ама втората надомести за првата. Односно од кога се качија на возот па се до крајот, филмот одеше супер... доби и на динамика и на структура. Како одеше кон крајот се подобар стануваше really, па и Болерото на Равел кога почна.... :love:
На страна се ова, убав финиш, каков што сакавме, иако морам да се пожалам на должината, сериозно беше предолг... и можеше многу да се крати од првата половина, којашто и онака не беше интересна.

7/10
Vive la résistance!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom