FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Остануваат уште 3 дена за A Good Year. @Хоуп, слушате?
Аха, сигурно ќе го гледа. Можеби ако не се знаеше предложувачот...
Зафатена е со спојлерисување луѓе по приватни пораки за филмови што со нетрпение и со месеци ги чекале да ги гледаат.
 
Никаков филм не сум гледала овие неколку дена, немав време. Утре и задутре сум слободна, утре ќе го гледам Милан, во недела филмов.
 
A good year? ..but not that good movie.. :unsure:

Го гледав без преголеми очекувања знаејќи дека се работи за romcom, но сепак ни тие што ги имав за истиот не успеа да ми ги исполни. Позитивни страни:

1. Убави пејзажи со француско виногорје, countryside исполнето со топлина, безгрижа и љубов. Пошто нели, вино и љубов одат заедно?
Ама.. филмот повеќе беше за внатрешната борба на Макс помеѓу трката за пари во суровиот, ладен, врнежлив Лондон опкружен со исто такви луѓе и топлата Франција каде што си ја наоѓа љубовта на својот живот која уствари му била и првата "љубов" уште од времето кога како копиљ си играше со стрико му на имањето. И така си живеат среќни у селцето до крајот на животот.

2. Убави жени. :love:

Негативните страни ќе ги прескокнам затоа што веќе сте ги напишале сите. И не, не се работи за клише сторијата. Има многу филмови што имаат таканаречена клише сторија, но истата ја обработуваат и доловуваат маестрално. Постои хемија и длабочина помеѓу актерите што успева да создаде некоја магија која те носи во некои други универзуми и истата трае и од кога филмот ќе заврши. Како такви ќе ги напоменам Before Sunrise и La la Land од поновите.
За разлика од нив, A good year немаше поставено толку високи очекувања кај мене, со што претпоставував дека ќе биде feelgood филмче за кое вреди да се потрошат 2 часа од своето време и овде-онде истото да го споменев кога ќе паднеше некој муабет за романтични, light филмчиња, како некое филмче што се одделува од масата на останатите дупликати, па можеби и предлог за гледање...
За жал.. го доживеав како филм за тепање време и ништо повеќе. А на таквите не можам да им дадам пролазна оцена.
5-че.
 
@Zlatikevichius јас го изгледав Wings of Desire, ти до кај си, ќе се стигнеме? :LOL:

@Васил МКД да ти се заблагодарам за филмов, којшто иако не котира како 10/10 кај мене, сепак ми е мило што го предложи зашто инаку никогаш не би го гледала и ме натера да излезам од комфор зоната :love:
Нешто повеќе за филмот, кој иако нема висока оценка, ми се допадна. Можеби да, предолг и преспор, меѓутоа музиката и филозофскиот аспект на самиот филм и те како надоместуваа за динамиката на филмот. Сметам дека не ни имаше поента да биде побрз, зашто самиот филм се занимава со insight и inner demons, следење на мислите на everyday humans, коишто колку и да се лажеме, се секогаш исполнети со просечност и монотонија. Имате се кажано за поентата и мотивот на филмот, и сметам дека нема потреба да го разработувам тој дел сега и јас, доволно е само да кажам дека ми се допадна тоа вагање на вредноста на исполнет живот визави празна вечност. Од негативните работи нешто, многу блиску со должината е тоа што, сметам дека имаше по некој наратив што беше вишок во филмот, и истиот ќе поминеше и без нив, со тоа што самиот филм ќе се сконцентрираше на главната наративна линија, без многу дистракции. Меѓутоа, целиов филм, т.е. воајерскиот аспект на истиот многу ме потсеќаше на Фелини и неговиот Ла Долче Вита.

Од мене има оцена 7, иако се мислев меѓу 7 и 8, сепак решив дека кога ќе му дојде ред за rewatch, ќе му ја кренам тогаш.

Океј, тоа би било тоа, се надевам нема да се лутиш што ти го изгледав дури сега предлогот, ти ветувам ќе надоместам следниот круг.
Hugs!
 
@Corvus 2 имам јас неизгледани, тебе 1 ти остана. Водиш.

Инаку, завршуваме со A Good Year, со одличен скор од 11 луѓе кои го гледале, но само 6,4 средна оценка. Го испуштија само @Хоуп, за која ова е втор по ред неизгледан и @Iceboy , со кој по втор пат ќе мораме да се поздравиме, но јас сум сигурен дека ќе се врати и подеднакво сериозно како претходниот пат ќе изгледа се што испуштил.

37-миот филм ќе го предложи момчето со неколку имиња. Јас го запознав како Altair, но не тука. Тука се појави како MDI, а којзнае, можеби претходно бил некој друг, за сега да не дружи (и јас се радувам што е со нас, и покрај разидувањата во ставовите и преференциите кои ги имавме, зашто за разлика од некои млади кои од поодамна не напуштија а кои тврдоглаво стоеја на ставот дека се големи љубители на филмот, нижејќи еден куп бисери низ темите на форумов, он си кажа (парафразирано) "ако, заебавајте ме, млад сум, не знам, ќе научам, затоа сум тука", и затоа ми се допаѓа) под сосема друго име. Ladies and gentlemen, ве оставам во рацете на @Zarniwoop , момчето на кое му предвидувам блескава кајганџиска кариера и посакувам да е долго со нас.

Многу ме изненади неговиот предлог, затоа што е тотално спротивно од она кое го говореше порано - оној кој ја пропагираше тезата дека нема ништо како старите филмови и класици од Холивуд, избра нехоливудски филм од 2016. Но според мене, предлогот ќе не изненади позитивно, затоа што доаѓа од една кинематографија која ретко кога потфрлила. Да не откривам премногу, ќе го оставам @Zarniwoop сам да ни каже кој е филмот кој го избрал и зошто баш него го избрал. И сигурен сум дека во следните 2 недели ќе уживаме.
 
Ете конечно ми дојде редот, после скоро сите изгледани филмови, викам скоро бидејќи еден не гледав ама ќе го изгледам, не го оставам така.

Туку за мојот филм збор два три. Најпрво да кажам дека не го имам гледано ни јас, имаше позитивни коментари кои ме тераа да го гледам, ама не, јас издржав машки и не го гледав.
Корејски акционен трилер е филмов, од поновите, јас најпрво се двоумев бидејќи е нов, ме предомисли тоа што сакам корејски филмови и тоа што треба да се тргне таа пречка за негледање нови филмови. По коментарите што ги слушав филмов би требало да е добар. Буквално ништо друго не знам за филмов освен тоа што @Zlatikevichius ми кажа, дека бил предложен за најдобар странски филм ама не бил номиниран.
Се надевам дека ќе ни се допадне.

@Anon извини ама 140 минути трае. :(

Станува збор за филмот:
The Age of Shadows
http://m.imdb.com/title/tt4914580/
 
Ќе треба да го вклучам face recognition-от на максимум дека ова корејци, кинези, јапонци сите ми изгледаат исто. Како еден ист глумец во сите улоги, оди па познај кој беше кој :)
 
Јас знам оти цело време одложувам, ама ќе го изгледам обавезно филмот на Корвус до петок. За овој новиот има време. :D
 
Ќе треба да го вклучам face recognition-от на максимум дека ова корејци, кинези, јапонци сите ми изгледаат исто. Како еден ист глумец во сите улоги, оди па познај кој беше кој :)
dobar si
 
Збор, два за корејскиов..

Прв пат гледам филм од нивна кинематографија ако не се лажам. Може некој од тие кинеските што сум ги гледал биле корејски.
Како по обичај, не читам ништо за филмот освен онаа една реченица на ИМДБ и видов дека се работи за ВВ2. Поприлично омилена тема за мене, а и онака моментално читам книга која опишува сегменти од Јапонија за време на ВВ2 и пост ратното време, па си реков: " Како добро ќе легне овој филм, добил номинации, корејска кинематографија која е доста фалена на форумот, а и ќе научам дел од нивната историја и ќе го збогатам знаењето со уште некои "missing pieces" од сложувалката наречена ВВ2".
Се хајпнав добро, го симнав и решив уште во прва прилика да го гледам. Првата прилика беше сабајле во 6 пред да тргнам на работа. Си направив кафе, си најдов превод (го гледав со оригинално аудио), поврзав на ТВ и...
Онака уште мамурен со полузатворени очи ала азијатски, со сеуште неупален face recognision, a богами и name recognision бидејќи тоа корејските имиња се сите Сон Ли Парк Чун. Па додека да разберам кој е кој и од која страна, пола филм ми помина. :D
Приказната помалку конфузна, развлечена и досадна, без емоционална тензија и поврзаност со гледачот. На тоа жутите лица ни емоција можеш да им прочиташ, ни тага да им видиш, ни среќа.
За мене нешто веќе видено. Како да не ја прикажа војната на прав начин со сиот свој ужас и терор, желба за одмазда, желба за слобода, страдање.. Премногу неуверливо, бар за мене кој гледал далеку подобри филмови на таа тематика. Би го споредил со еден холандски што го гледав пред скоро време, Black Book. Може вода да им носи на нашите филмови: Мис Стоун, Црно Семе, Македонски дел од пеколот. :kruna:
Најдобар израз со кој би можел да се долови е просечен. Добива оцена 6.5, и тоа 0.5 само за сцените во возот и крајот.
А да, за пофалба е визуелниот приказ на филмот.. Од кастинг, до костимографија, сцени, камера, начинот на кој е прикажан животот во Кореја и Шангај, но тоа мислам дека е нормално да се очекува од филм кој излегол 2016 год. Она што потфрли е начинот на кој е "раскажана" приказната. Можеби и животот на далечниот исток ни е премногу далеку за да се сочуствуваме со нив.. :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom