Говедар Камен!

  • Креатор на темата Креатор на темата TheStarOfKutles
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Возраст
25
Значи ова место се наоѓа во Св.Николско во атарот на селото Ерџелија. На Ѓурѓовден секоја година ова место го посетуваме сите и од многу други градови од Македонија. Еве некои мистериозни обичаи/адети:
-Кршење на парче каменче од Карпата за среќа и не смеало да се чува дома послем следниот Ѓурѓовден, значи штом дојде овој празник идната година веднаш треба да се врати парчето од каде што си го скршил (треба да го помнеш местото).
-Играње на каменот
-Плетење на црвен мислам со бел конец врз каменот, треба мислам три пати да го заобиколеш со конецот
-Кружење околу каменот 3 пати
-пренесување на жртва (јагне)
-и каменот најмногу е посетуван од луѓе што не можат да имаат деца. Ете во тој момент се прави онаа плетење со конците. Истотака многу луѓе што пред тоа што не можеле да имаат деца кога дошле на каменот и ги направиле тие адети сега имаат, не се малку многу се!

Еве ваше мислење за ова, дали некој го посетил, дали некој има нешто слушнато за него (некоја мистерија) и сл?
Инаку името говедар камен го добил така што таму на тоа место имало говедарче што си ги пасело говедата и во тој момент паднал камен одозгора и го убило и денес се уште се верува дека коските на тој човек се под каменот. Или друга легенда... Некое време сега дали убивале многу говеда или луѓе незнам точно но во главно на тоа место во крв се удавило едно говедо и затоа тој камен го добил името.
Еве и некоја слика:
DSC09644-490x368.jpg

362647.jpg

GovKamen-1.jpg

DSC09668-490x368.jpg

DSC09640-490x368.jpg

DSC09634-490x368.jpg

362650.jpg

Govedar_kamen_FYROM.jpg

Доколку нешто знаете за ова пишете за и ние да дознаеме! Позз:)(y)
 
Анчо е по адетите. ЕДИТ: Како сме се начекале на секундата.
 
И што е овде толку мистериозно?

Значи не велам само јас дека има некоја мистерија и сл што се крие зад ова, кој знае еве јас ја отворив оваа тема за вака општо да кажеш ако знаш нешто ти или другите членови, бидејки има некој што го инересира ова. Многумина што не можеле да имаат деца и по одењето на ова чудо добиле, значи ова сум го слушнал од нив. Е сега дали има нешто или нема незнам. :) Затоа е отворена темата за некои членови што знаат повеќе интересни работи/легенди да пишат овде.
 
Последно уредено:
Последно уредено:
И на што личи ова паганизам, го топат каменот со крв на невини животни, Бог да чува и да брани! Бо0гохулење на ниво

Играње на каменот њтф, да не се замишљаат нејтив Индијанци од Америка
 
И на што личи ова паганизам, го топат каменот со крв на невини животни, Бог да чува и да брани! Бо0гохулење на ниво

Не се невини тоа јагнето е фатено како краде дрва.
 
GovKamen-2-1.jpg
GovKamen-2-2.jpg

...тоа што се има верба дека младите невести кои немале рожба со носење на плетенка конци направени околу каменот додека не останат бремени - тоа е во ред !
...тоа што луѓето кои имале разни болести, но не и решение за нив да преспијат покрај овој камен за решение на болеста -тоа е во ред !

362650.jpg


...но апсолутно е неприфатливо и нехристијански, да вака качени на каменот со бебе во рака се гледа како се сече глава на јагне??? ,,курбан,, ? тоа не е ни наш збор, ни наш христијански обичај ! зарем за благодарноста за рожбата не може да се насади некое дрвце, да се очисти околината ?
... населението од Овче Поле ја кажуваат легендата за овој Камен :
цитирам ,,...Многу одамна некој цар имал само ќерки. Затоа кога царицата останала пак бремена, тој ,пред да замине во војна, и се заканил дека до колку пак му роди женско дете да не го чека. Царицата родила машко дете, но нејзините дворјанки , во големиот страв го замениле детето мислејки дека пак ќе биде женско, со едно циганско машко дете. Кога се вратил царот ја слушнал саканата вест : Царицата му родила син.Годините минувале. Несудениот царски син растел и се повеќе ги покажувал особините на својот цигански род : си играл со децата дека е циган и ги терал да лајат по него, да му ги кинат алиштата, имитирал како проси.Напоредно вистинскиот царски син, како цигански посинок, ги чувал селските говеда. Меѓутоа и тој ги покажувал сите знаци на своето потекло. Ги чувал говедата околу овој камен и се замислувал дека тие се војска, а тој од Каменот командува како вистински цар. На царот му станало сомнително однесувањето на лажниот син. Затоа еднаш заканувајќи се со најлошото ги натерал дворјанките да ја кажат вистината. Кога ја дознал вистината веднаш со својата придружба пошол да го бара вистинскиот син.Царот го нашол својот син седнат на каменот. Сакајќи да провери дали навистина говедарчето што седи на каменот е неговиот син, го прашал, колку вреди тој како цар, облечен во златни алишта и со сета своја придружба.
Говедарчето го погледнало и му рекло:"Што е твоето богатство во однос на еден убав априлски дожд врз ова поле".Тогаш царот сватил дека тоа е неговиот син и прегрнувајки го, благословил сите оние што немаат деца да доаѓаат овде и да си најдат лек за својата мака.... ,,
се прашувам од кога цар може да благословува??
 
Зa oвa местo гледaв дoкументaрец нa тв кaмерaтa зумирaше кaкo вриштеa кутрите живoтинки утредентa се јaвив вo тв мaјкa шaјкa дoзнaв кoј гo прaвел филмoт пa и нa нив мaјкa шaјкa.тoгaш ми кaжaa декa е филмoт прaвен нaмернo тaкa језивo зa дa ги oдврaтaт гaдoвите oд вaкви oбичaи.oвa мoже дa гo прaвaт сaмo луѓе сo недoвoлнo рaзвиен мoзoк кaкo вo пештерскo време.уштеден дoкaз декa чoвекoт е нaјгoлемo злo нa земјaтa
 
"-и каменот најмногу е посетуван од луѓе што не можат да имаат деца. "

Аха ок.[DOUBLEPOST=1495832558][/DOUBLEPOST]
И на што личи ова паганизам, го топат каменот со крв на невини животни, Бог да чува и да брани! Бо0гохулење на ниво

Играње на каменот њтф, да не се замишљаат нејтив Индијанци од Америка

Ова се друже живи глупости. Во боја. Посебно делот со вртење околу каменот ТРИ ПАТИ (ни повеќе ни помалку), конецот ЦРВЕН СО БЕЛ (ок важи) и најчесто го посетуваат каменот оние шо неможат да имаат деца. Од кога ќе го посетат, после крај со крај не им се врзува, деца пуна куќа заборава мајкава на кое му има цицка дадено. Мижи Митре тулумби паѓаат.
 
цитирам ,,...Многу одамна некој цар имал само ќерки. Затоа кога царицата останала пак бремена, тој ,пред да замине во војна, и се заканил дека до колку пак му роди женско дете да не го чека. Царицата родила машко дете, но нејзините дворјанки , во големиот страв го замениле детето мислејки дека пак ќе биде женско, со едно циганско машко дете. Кога се вратил царот ја слушнал саканата вест : Царицата му родила син.Годините минувале. Несудениот царски син растел и се повеќе ги покажувал особините на својот цигански род : си играл со децата дека е циган и ги терал да лајат по него, да му ги кинат алиштата, имитирал како проси.Напоредно вистинскиот царски син, како цигански посинок, ги чувал селските говеда. Меѓутоа и тој ги покажувал сите знаци на своето потекло. Ги чувал говедата околу овој камен и се замислувал дека тие се војска, а тој од Каменот командува како вистински цар. На царот му станало сомнително однесувањето на лажниот син. Затоа еднаш заканувајќи се со најлошото ги натерал дворјанките да ја кажат вистината. Кога ја дознал вистината веднаш со својата придружба пошол да го бара вистинскиот син.Царот го нашол својот син седнат на каменот. Сакајќи да провери дали навистина говедарчето што седи на каменот е неговиот син, го прашал, колку вреди тој како цар, облечен во златни алишта и со сета своја придружба.
Кога се родило детето сеуште не му се знаел полот?
 
"-и каменот најмногу е посетуван од луѓе што не можат да имаат деца. "

Аха ок.[DOUBLEPOST=1495832558][/DOUBLEPOST]

Ова се друже живи глупости. Во боја. Посебно делот со вртење околу каменот ТРИ ПАТИ (ни повеќе ни помалку), конецот ЦРВЕН СО БЕЛ (ок важи) и најчесто го посетуваат каменот оние шо неможат да имаат деца. Од кога ќе го посетат, после крај со крај не им се врзува, деца пуна куќа заборава мајкава на кое му има цицка дадено. Мижи Митре тулумби паѓаат.
Мнoгу пoстрaшнa е клaницaтa ги кoлaт нaмернo пoлекa пoдoлгo дa умирaaт oткoлку штo вртеле 3 пaти oкoлу кaменoт
 
Back
На врв Bottom