Адети

  • Креатор на темата Anco
  • Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Го погодив ли зборот...адети 1001 ги има за секоја прилика.
Некој и ги правиме, не сме ни свесни дека е баш тоа-така е АДЕТОТ.
Адет пред полагање испит.
Адет при замесување тесто за леб.
Адет кога се дава збор и адети за свадби и веридби.
Адет при закројување на лозјата.
Адет за погреби,за душа и за 40 дена.
Адет при испраќање на печалба,армија или апсана.
Адет во или по првата вечер...
и уште 994 адети (во книгите на С.П.)
А еве за еден Адет кој денес прв пат го видов во еден манастир во источна македонија и незнам што АДЕТ е...
Набројте-кажете и вие за некој АДЕТ, од вашиот крај и ние да научиме нешто.
Picture 3228.jpg Picture 3229.jpg Picture 3230.jpg Picture 3231.jpg Жени околу пладне,прават голем венец од цвеќињата што верниците ги оставиле дента во црквата.Една жена е како главна везилка а секој од посетителите може да закачи по една китка на венецот. многу интересно. Picture 3232.jpg Потоа од кога ќе се направи венецот(овој пат врз ланскиот или повеќегодишниот веќе одамна сув) еве се гледа на сликава што се прави така е АДЕТОТ, а што АДЕТ е тоа поминување низ венецот не прашав.
Секој ден овде да видам-прочитам по некој стар тукашен АДЕТ.
 

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Сите се глупости за мене, ако не е практично, фак ит.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
адет е турски збор.
Македонски е обичај/обичаи
Само што како таков е влезен и признаен во македонскиот литературен јазик и во толковник и во правописен речник.

Има многу адети, овој горе интересен ама јас никогаш не сум го видел нит чул за него.

Друго нешто границата помеѓу адет и суеверие е многу тенка, адет подржувам ако е верски но некои глупи адети како некои новоизмислени поврзани со свадби се тешки глупости видени по америки или русии на јутуб...
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Адет/обичај кој го имавме дома е тоа што пред да ми почнеше школската година кога бев дете или кога требаше некој да оди на некој пат од каде треба да се бори за успех, некој од дома му истураше вода за да оди се брзо, лесно и со успех. Во суштина истото и денес го практикуваме, ама не толку често:)
 

a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
495
Поени од реакции
274
Обичаи на денот на змиите во село Орман, Скопско

На 22 март (9 март, стар стил) во селото Орман, Скопско се изведува следниов обичај со змиите. Пред се треба да се спомене дека во тоа село длабоко се верува дека на тој ден змиите излегуваат од дупките за прв пат таа пролет и стојат надвор на припек цел ден и пак се прибираат за да дочекаат уште потопли денови. Се смета дека тие ќе излезат дури и ако времето не е добро. „Утре да бараш змија не ќе најдиш, денеска само искачат навонка“. „Овој ден е ден на змиите.“. – кажуваат во своите објаснувања селаните. Уште се верува дека на тој ден змиите не касаат па дури и да каснат не се отровни. Затоа можат да бидат фаќани. Освен тоа народот верува дека ако тој ден змијата се допре до облеката на човекот тој човек ќе биде среќен преку годината и тоа токму во тој поглед во кој се смета за несреќен. И затоа тој ден некои луѓе одат по карпите и бараат пред ручек да фатат змии и ги пуштаат да минат преку крпи, шамии, ризи и друга облека на таквите луѓе. Главно жените држат до тие верувања, особено жените што немаат деца или тие што саат да имаат уште деца. За таа цел во селото Орман на околу 300 метри југозападно од него по патот кон селото Вучидол, при каменестиот рид до патот, каде што според населението имало многу змии или како што велат е „цел змијарник“ откако некои мажи ќе фатат утрото една или неколку змии, се собираат млади и стари моми, момци и женети, та кој сака или има нужда, постила некаква крпа или облека на патот, а мажите што ја фатиле змијата, ја пуштаат од страна во правец на посланите облеки. Сите гледаат дали ќе мине змијата преку нив. Ако мине добро е, а ако не мине сопствениците си ги преместуваат облеките пред неа и тоа го прават дотогаш додека змијата најпосле мине. Тоа е можно зашто во тие рани денови на пролетта змиите се движат бавно и мрзеливо.

На тоа место во селото Орман уште утрината доаѓаат моми, момци, жени, мажи и од соседните села: Вучидол, Ново село, Бардовци, Кучково, Жостово, Чучер, Брзада и други села од Црногоријата. Тие не идат само за да си го задоволет љубопитството. Идат, исто така, и граѓани од Скопје што веруваат.

На тоа место се собира голем собор. Кон 10 часот пред ручек пристигнуваат и месните музиканти – зурли и тапани, па дури и „банди“ и покрај тие што се занимаваат со лазењето на змиите се развива кршно оро. Сите пристигнуваат празнично променети. Веселбата трае до ручек т.е. до 1-2 часот по падне, по кое се растура.

Токму така стана обичајот и денес (22. март 1943). (...)

Во минатото, пред дваесетина години, обичајот почнувал со песни од страна на девојките и невестите пред дупките, во кои живеат змиите. Кога жените не пееле, момците свиреле со кавали и шупелки. И во едните и во другите случаи верувале дека змиите биле привлекувани или од песните или од свирките и излегувале надвор та ги фаќале. Сета веќе не го прават тоа.

Фатените змии обично пепелашки, откако ќе заврши обичајот ги пуштаат на слобода во околните камења на ридот. „На денот на змиите, на Младенци, змија не се убива, греота е!“ Така направија и денеска и на никој начин не се согласија да ја убијат кога им предложив. „На друг ден може, ама денеска не! – ми рекоја.

На друго место во Скопско овој обичај не се прави.

Запишал Христо Вакарелски, бугарски истражувач, на 22 март 1943 година.
(Подготви Марко Китевски)
http://www.mn.mk/kultura/3809-Obicai-na-denot-na-zmiite-vo-selo-Orman-Skopsko
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Некаде прв пат кога одиш,на излегување од дома по тебе фрлаат чаша вода:lolzz:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.531
Поени од реакции
34.685
Некаде прв пат кога одиш,на излегување од дома по тебе фрлаат чаша вода:lolzz:
... ќути кога ќе ми теквит, одејќи на испит заборајв нешчо и во моментот се свртев да се врнам назад и тоа пљааааааас цело теџере вода на мене :shok2: ама ако минав суперишка на испито :pos:
 
Член од
15 јули 2016
Мислења
51
Поени од реакции
19
Адет и Анчо да отвори глупа тема...
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Кога почнуваш куќа се правело адет/обичај (суеверие) курбан со колење јагне а коските се ставале по темелите:uzi:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.531
Поени од реакции
34.685
Адет и Анчо да отвори глупа тема...
темата е ОК, ако не ти се бендисва имаш други теми Ок ? повелеле таму :cautious:[DOUBLEPOST=1495572721][/DOUBLEPOST]
адет е турски збор.
Македонски е обичај/обичаи
адет е турски збор.
Македонски е обичај/обичаи


но го има како збор во македонскиот речник !
 
Последно уредено:

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
две невести да се пресретнат неубо било а за побрзо и повеќе пари попови лопови венчаваат одеднаш по 2-3 пара.
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Нa ѓурѓовден кога одат и кружат таму околу една карпа наречена ГОВЕДАР КАМЕН св.николско па таму плетат црвен и бел конец нешто незнам што и како...
Друг адет, кога паѓа град демек ако фрлиш столче и ако се преврти со седлото на земја а со ногарките нагоре градот ке престанел... Последен пат тоа го правеше мојата баба пред 2 години и во тој момент на 15 метри од нас се случи удар на гром!!!:shook::vozbud:
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Оној адет кога со ѕвонци (клопотарци за добиток), тенџериња, тавки и со метален предмет удираат по тавките и тенџерињата и создаваат звук. Кога кружат околу куќа и други објекти и извикувајќи силно ЕРЕМИЈА У/В/ВО ПОЛЕ ЗМИИ У/В/ВО ГОРА!!! И ако си го направил овој адет немало да има змии во тој двор. Празникот се вика ЕРЕМИЈА мислам дека беше пред околу 1 месец. Кај нас на село кога ке се растропаат со тоа тавите и ке се растрча и младо и старо со тие клопотарци мислеш дека ѓаволи мават.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.531
Поени од реакции
34.685
Горан Иванишевиќ секое утро пред натпревар гледал цртана серија „Телетабисти“, екс дефанзивецот Коло Туре последен излегувал од соблекувална со што закаснил во стартот на второ полувреме, а екс аргентински голман Серхио Гоикочеа пред пеналите уринирал кај клупите за резерва...
@Anon , германската атлетичарка Џина Лукенкемпер пред трката на 100 м на Светско првенство во Лондон по иницијатива на својот тренер дополнително го активира мозокот кој и те како е поврзан со јазикот лижејќи батерија од 9 волти неколку пати да би достигнала својот максимум...

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom