@kano друже, не бев во можност подолг временски период да се уклучам на форум поради Х обрвски. Многу ме интересира една анализа од твоја гледна точка во врска со моменталната состојба, и периодот што
следи. Знам дека си голем патриот од Австралија, па посебно што ме интересира е во врска со платформата. Коментар околу тоа кога таа е јавно отфрлена, со гаранција, и доделен е мандатот од прецедател на држава, коментар?
Незнам,можеби си се изјаснил веќе на оваа тема околу тоа, али реално ни на крај памет не би го роварел твојот пост помеѓу 2000 испишани страни.
Ако не ти претставува проблем,на кратко се надевам дека ќе проанализираш.
Моменталната состојба? Сеуште хаос. Нема влада, имаме реално нелегитимно избран претседател на собрание оспорен од вмро а еве сега и од беса. Мислам дека беше голема глупост тоа што вмро го правеше цел тој период, цело тоа терање инат блокирање од страна на вмро ги спушти на нивото на сдсм кога предходно пробуваа да го блокираат буџетот и шипари+е со читањето на поезија. Немаше потреба. Не ми е прави разлика дали Талент или Велко или некој трет ќе биде претеседател на собрание.
Периодот што следи? Нестабилност, Албанци+е пред се нема да издржат долого во една заедничка коалиција мислам дека после локалните тоа уште повеќе ќе се продлабочи. Ќе има избори релативно брзо.
Платформата? Шипци+е имаат секакво право да си прават платформи и да си сонуваат за големи држави ко и ние што правиме со ВЕП, грците со константинопол и бугарите со нас, србите со сите комшии итн... Тука не гледам проблем што си создале платформа они али самиот факт што ние воопшто дозволивме за тоа и да дискутираме и да разговараме е поразително. Мислам дека вмро не се договори за таа платформа иако прифатиле дел. Албанци+е викаат друго демек СЈО било проблем али кога им се побара да објават што е потпишано ништо не објавија, ќутат. Мислам дека Заев повеќе ќе им попушти, самиот факт дека доби нивни гласови и дека беше на баци рака кај најрадикалните лидери (швицарска дијаспора) ти кажува дека овде нешто многу смрди. За жал на многу македонци не им прави разлика, имаш цел куп што порадо би го виделе грујо во затвор па макар и да се прифати платформата. Тоа е, поделени сме целосно и нема начин како да се сплотиме повторно, можеби само ако лежат политичари од двете страни ама тешко тоа. Ако легне грујо заев ќе наметне диктатура ко што веќе и најавува демек во име на демократизација на институциите и ослободување на судството. Мене сеуште ми изгледа дека ништо освен улогите нема да се смени.
Окулу тоа дека јавно е отфрлена, гаранциите дадени... Тоалет хартија. Ќе најдат начини како да протнат дел од платформата, ова ќе го направеше и вмро. Тука нема некоја разлика освен што мислам сдсм се спремни да им дадат повеќе.
Мандатот? Требаше да биде даден многу порано. Губење време е се ова. Немораше ни избори да има очигледно странците по секоја цена беа решени да не дозволат вмро да направи влада. Немаше потреба од противење од Хорхе, јас да бев на негово место мандат ќе му дадев на Бејли пред СНН и сите можни телевизии и ќе си поднесев оставка. Едноставно ќе прокоментирав дека нема потреба во иднина да сме ни демократија, пошто имаме толку паметен амбасадор од америка што нема потреба ни од избори ни од партии, он може како сака да сплотоува коалиции и да глуми лудило на оваа територија. Исто ко Хан деновиве, во албанија е ок избори без опозиција, нели тоа е исто дел од демократија а во македонија не е ок, пошто нели тоа не е демократски.
Како и да е, тешко на народот во Македонија. Новата влада има цел куп ветувања што треба да ги оствари, згора на тоа глумеше цело време дека домакински ќе ја води економијата и дека ќе намали трошење итн.... Незнам како они мислат да ја раздвижат економијата кога сме прилично утепана држава во најсиромашниот регион на европа. Сега ќе видиме какви контакти има Заев и каков кадар има сдсм. Им сметаа кинеските компании што ги градат автопатите, ќе видиме што они можат да најдат, ваљда америве или европските компании ќе му дадат толку голем попуст да на крај се поевтини од овие кинеските (плус провизија)... Ќе видиме какви инвестиции ќе донесе пошто сегашните не чинеле. Ќе видиме и дали ќе се намали емиграцијата пошто нели сега народот ќе живее во „слободна македонија“ според летко.