Forgive my lips. They find joy in the most unusual places.
И јас само што си го изгледав предлогот, и ги препочитав сите мислења во врска со него, ама пред да преминам на рецензијата сакам да напоменам дека многу ме радува што поголемиот дел од вас му пристапиле онака како што имав намера да го гледате, и го постигнал оној ефект на филгуд, бегање од реалноста, релаксирачки момент, зашто како што напоменав и во најавата целта ми беше во овие Мајски денови малку да се тргнеме од нашето секојдневие и да тркнеме на sight seeing во Прованса.
Што се однесува до филмот, имам чувство дека се она што вие имате наведено како негативни аспекти мене па ми се допаѓаат. Како на пример, едноставноста и праволиниската структура што ја нуди. Јас многу ја сакам едноставноста во филмовите, се стремам кон тоа да избегнувам претенциозност, драма, патетики, плачки, ме сакаш - не ме сакаш, сакам да сме заедно, па не сакам, па сега ти сакаш па јас не сакам, па оваа седи во кафич кафе пие додека надвор истура дожд и такви ми ти minutage waste елементи. Ама сепак, ромком делот сметам дека не беше во преден план овде, и затоа многу не беше посветено време на него, туку многу повеќе врската помеѓу Макс и имотот. Дури и ми се допаѓа што обработува веќе видена тематика, и рециклиран плот, зашто тоа ми дава простор да се посветам на филгуд делот like crazy, и да не се замарам многу со тоа како дали ќе заврши вака или онака, сите знаевме како ќе заврши, не го гледавме Убиството на Ориент Експрес. Друго што ми лежи многу, е носталгијата во филмот и флешбековите, врската што ја имаа Макс и Хенри беше многу топла и пријатна за гледање. Главно предлогот беше даден за идилата и пејсажниот аспект во филмот и убавината на Прованса, така што тој дел сметам дека беше на ниво за да ја исполни целта. La Siroque беше прекрасна, и јас кога овој филм го гледав прв пат во далечната не знам која, многу се настрвив за некој ваков мирен и тивок сетинг without a care in the world. Музиката многу ми се допадна, и според мене немаше мелодија што беше несоодветна за атмосферата.
Кога го предложив го немав гледано може година и кусур, зашто филмовите од овој тип ги репризирам почесто, а овој е од оние коишто секогаш можат да ми го поправат расположението со reality escape. И заради тоа, и покрај што овој филм мене неоспорно ми се допаѓа, сепак има елементи од него за коишто не сум многу fond, како на пример делот со Американката, којашто иако имаше plot significance во филмот, ми беше малку непотребна и со тек на време заборавам зошто воопшто ја имало во филмот, дури и пред да го гледам сега кога ми текна на неа, си реков Да бе што им требаше тој филер, се испостави дека сепак не беше филер и имаше некакво значење за плотот, ама тој дел многу брзо се заборава, и по меморија делува како вишок. Има многу такви моменти што некое време по гледањето си викаш Ова беше вишок, тоа беше вишок, меѓутоа останува импресијата од филгуд моментот, и затоа овој филм беше избран за предлог. Дијалогот исто е, ништо посебно, немеморабилно, меѓутоа барем не беше непотребен и одвишен, т.е. барем мене не ми беше и не си викав Што е со глупиов муабет, ајде нека убрза сценава.
Во секој случај, од мене овој добива 8/10, не толку за квалитет, туку главно зашто го издржа тестот на времето да не се стопи во милијардата останати ромкоми што ги имам гледано и што quite frankly ми се сите исти, а се со некој квалитет блиску до овој. Како што кажав и на почетокот, скраја да е овој предлог да е ремек дело или не знам каков таму мастерпис, не е. Меѓутоа добива некоја висока оценка заради тоа што е genuinely enjoyable преку едноставност и симпатичност, музика, филгуд елементи и пејзажи. Или што би рекле некои, мал а убав.