Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Ако не покажеш заби цело време луѓето ќе те гледаат пониско и понемоќно од нив. Вчера се рчнав со најнамќор жената која работи на шалтер и тоа во приватна болница. Можеби незнае за ,,Добар ден" и ,,Пријатно" кон пациентите, но треба бар да знае за култура и трпение. Ама вчера така ми пререче што ми пукна филмот, па и јас дрско и одговорив, но секако во границите на културата. Тогаш она одма го промени односот кон мене и ме праша зошто така сум изреагирал, она немала никаква лоша намера.

Така да јас вчера си ветив нешто (ако може така да се каже). Од тој момент, па навака веќе го заборавам срамот, повлеченоста и примерноста. Човек требал кај и да оди да се однесува слободно како да е дома и гајле да му е што ќе речат другите за него. Луѓето не ги сакале примерните луѓе, но едно никогаш нема да изгубам, а тоа е културата, нешто по што се разликувам од нив:)
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.973
Поени од реакции
35.633
Саат време слушам Lil jon и Wiz Khalifa онака на цел глас , и менувам на Nirvana - Smells like teen spirit али со смален тон. За 30-40 секунди бабами отвара вратата и онака мртва ладна вика "Фала богу да смениш тоа срањето , пушти посилно глас класика е ова" :vozbud:
Штета сам бев у собата немаше со кој да разменам чуден поглед , баш ќе го доловеше моментот. :pos: Кул бабичка тоа е.:roker:
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.229
Поени од реакции
6.710
К.

Синоќа бев на свадба кај брат на другар,се напраивме влада...Не можеа да не состават. Место пехарот го дигнавме мандатот. У 6 се прибрав дома,па спиев на рати...станав у 7,па 9,па 11:30 конечно. Секоја клетка од телово ме болеше у пм,ама го открив еликсирот на животот. Цеден лимон голема чаша(ама без вода,без шеќер,без ништо,само лимон значи)+швепс тоник и мало еспресо. За пола саат си нов.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.126
Поени од реакции
15.950
Драга,

Постовите на парва си ги читам со гласот на еден од канцеларија зошто е единствен што го имам слушано да зборува на кумановски дијалект подолго време за да може да си поврзам што зборува. :pos:

А инаку многу сум мрза станата. Мноооогу. Ни мене не ми се верува дека е дотолку. А мајка ми отсекогаш верувала во мене, така што, ич не ја чуди. Си играме обратна психологија со нејзе цел живот и не ни оди, јбг.
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
181
Поени од реакции
593
Драга
последниве месеци животов ме натера да донесам неколку важни одлуки.
Не барав совет од никогоо сама си одлучуваав. :P Во врска со една одлука за прв пат решив срцето да си го послушам. Се надевам непогрешив.
Ми се исполни роденденската желба, добро сега порано одколку што очекував али боље така кога најмалку очекуваш. Среќна сум. Уште новогодишната да ми се исполни и ќе бидам најсреќна на свет.:pipi:
Периодов ме научи да бидам потрпелива, помалку да верувам на луѓево, да уживам во животот, дека не секогаш ќе бидеш разбран од другите,научив повеќе за себе...
Едноставно имам некој спокој во душава кој ми фалеше. :D

 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
И покрај тоа што мислам дека ги разбирам луѓето, не можам да ги изберам правите зборови или начини со кои ќе допрам до нив. На пример, зависам од нивната благонаклоност за тоа да се заврши некоја долготрајна работа, и не можам да ја добијам таа такозвана благонаклоност. Знам дека најважни мотиватори за луѓето да завршат некоја работа се пари и закани, ама ги немам тие опции. Се правам будала дека ако јас ги третирам со почит, дека ќе го направат и тие тоа за мене. Изгледа сеуште не знам убаво да проценувам луѓе и не можам да се справам со секојдневното разочарување од нив (иако не ми се ни пријатели).
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.739
Поени од реакции
24.395
Не знам зошто, ама јас се чувствувам како идиот поради нив. Веројатно мене ми е срам затоа што нив не им е. Имено, излегуваме со колегите во ноќен клуб. Имаше некоја канцер диско музика и нормално јас седев и не играв. Знаев дека музиката нема да ми се допадне, ама сакав да се дружам со колегите приватно, да ги зацврстиме односите. Ме тераа да играм, не сакав. Една ме праша дали ние во Македонија имаме поинаков тип на музика. Одговорив потврдно, ама објаснив дека тоа не е причината, не би играла ни на македонска народна, едноставно не се мој тип на музика. Жената не замисли како некоја мала забаталена земја која нема контакт со остатокот од светот, мислеше дека не сум ни чула за песните што се вртеа во дискотеката. Истата таа ме праша дали ги разбирам кога зборуваат. Работиме на исто работно место, имаме постојан контакт меѓу нас скоро една година, работиме со луѓе... КОМУНИЦИРАМЕ НА ШВЕДСКИ ЦЕЛО ВРЕМЕ.
Откако им го потенцирав ова, заклучија дека им е многу чудно кога странец им го зборува јазикот. Како цреша на врвот, еден човек ме праша дали во животот имам видено снег, или прв пат гледам во Шведска. Што е најтрагично, добар дел од овие луѓе биле во некоја од соседниве земји, а многумина и чуле за Југославија, нѐ викаат „Југи“. Срамота!
Уште една работа што ме иритира е тоа што без пардон ме прашуваат овакви ретардирани прашања, а секојдневно имаат контакт со Африканци и не, нив не ги прашуваат ништо за да не ги наречат расисти.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.126
Поени од реакции
15.950
Драга,

Денес во Гевгелија се гласаше на референдум ПРОТИВ отварање на рудници за злато на Кожув.
Излезеноста била скоро 70%, од кои 98% гласале против. Се нервирам за оние мрзите од 20% кои не излегоа, или ги заболе тасе што се случува, но уште повеќе ме нервираат тие 2% кои заокружиле ЗА или пуштиле неважечко. Мислам, од кај ти дише мозокот?
Како и да е, имаше излепено постери на секој објект низ градов последниве две недели, иако се започна на фб, а постариве врска си немаа дури не ги обесија.

Стварно си го сакам гратчето. Порано немав претстава, но мислам дека е најчист моментално во државава, што од ѓубре, што од нашиве ценети доселеници. И сакаме така да остане.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Вака по интернетов најинтересни ми се сите жени кои се сликале онака со едното ноџе понапред од другото, и демек на прсти стојт, незнам кој им е филмот.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.929
Поени од реакции
12.420
Дали имат поголеми отоци од навивачите на Барса? Мислам ок е не ни мора да глеам фудбал пошо коа ќе се пуштам на фб автоматски го знам исходот, ако победиле секој трет шернува слика со опис во транс "МЕСИИИИИИИИИ БАРСАААААА 4ЕВЕР ", ако не победиле штама на тајмлајн, ни на чат ги нема да се позаебаваш.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Дали овие во НЛБ што работат имат завршено било какво школо ? прво место виза електроник ми вадат мастеркард, и тоа пази ме убедува вика исти работи може да правиш и со оваа како виза :tapp::tapp:сега ми пишат на имеил дека скрилл немало опција да се поврзи директно со трансакциска (iban,swift) незнам дали да плачам или да се смеам, им праќам скриншат да видат колку само не ги бива, и еве нема одговор од нив :facepalm::facepalm:
ovasoee.png
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.739
Поени од реакции
24.395
Две недели поминаа откако се случи немилиот настан со мачорот и сеуште не можам да си дојдам на себе. Вистина било она што го кажуваат дека болката никогаш не мине, само се учиш да живееш со неа. Долго време одложував да ги средам неговите работи и да ги тргнам и баш кога помислив дека сум способна за тоа... Никогаш нема да бидам. Умре дел од мене. Умре битие што го сакав повеќе од 80% од луѓето што ги познавам. Тоа е...
 

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
519
Поени од реакции
1.057
Две недели поминаа откако се случи немилиот настан со мачорот и сеуште не можам да си дојдам на себе. Вистина било она што го кажуваат дека болката никогаш не мине, само се учиш да живееш со неа. Долго време одложував да ги средам неговите работи и да ги тргнам и баш кога помислив дека сум способна за тоа... Никогаш нема да бидам. Умре дел од мене. Умре битие што го сакав повеќе од 80% од луѓето што ги познавам. Тоа е...
Пиј да заборавиш! Или ги потроши веќе тие 3000 евра?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom