Мислам дека Баерн во секој случај ќе испаднеше, но тоа никако не ги намалува катастрофалните грешки на судиите. Оваа постава на судии е сериозна конкуренција на оние што го направија циркузот на Барса-ПСЖ. Едноставно човек треба да се запраша дали вреди да губи време на нешто што се игра 90/120мин кога на крајниот резултат и тоа како влијаат судиите т.е. директно решаваат кој ќе оди во наредната фаза. Вториот жолт за Видал требаше да биде покажан уште на почеток на второ полувреме, а никако во онаа ситуација кога имаше чист старт на топка. До душа овој е таква битанга што јаснo беше дека ќе јаде црвен уште кога направи жолт картон по 5 минути фудбал, Касемиро требаше исто така да јаде втор жолт картон уште пред да биде исклучен Видал т.е. овој требаше да добие 5 втори жолти картони.

Вториот гол на Роналдо километарски офсајд, вториот нешто поситно но исто така офсајд.
Што се однесува до утакмицава која пак ќе повторам дека во голема мера ја решија судиите на крај сепак мислам дека Реал е екипата која што повеќе заслужи да игра во 1/2финале кога веќе еден мора да помине. Не дека они изиграа којзнае каков фудбал во двомечов тука заради тоа што Баерн не изигра апсолутно ништо. Кога ги гледам играчиве на Баерн како се движат на терен и каква ‘‘игра‘‘ имаат добивам впечаток дека овие им е прв натпревар после 6 месечна пауза од тренинг и играње утакмици. Дали ова е данок на тоа што имаат сигурна титула уште во септември или заради тоа што во тимот имаат доста истрошени играчи не знам, но знам дека ова е Баерн кој што по играта е далеку од своите најдобри времиња. Погледнети ги само двата гола што ги примија во Минхен од Роналдо и првиот и вториот гол денес примени од истиот овој играч и многу работи ќе ви станат појасни. Јес да овој денешниот беше од километарски офсајд, но да оставиш ти играч како Роналдо 4 пати сам на 10м да шутира непречен од никого е луксуз кој што ти гарантира испаѓање од ЛШ по кратка постапка. Мизерна поставеност на целата одбрана на чело со штоперите...денес за првиот гол го оставија Лам да скока со Роналдо во воздушен дуел.

Но, и покрај тоа што ништо не изиграа, и порај тоа што денес имаа резултат само заради тоа што во одреден период среќата беше на нивна страна и без да шутнат дадоа 2 гола, на крајот останува впечатокот дека судиите им ја одземаа можноста за фер борба до самиот крај.
Од друга страна Реал малку фалеше да си направи од готово вересија, но овој пат ја имаа среќата главниот судија и двајцата помошници да застанат на нивна страна. Факт е дека беа подобра екипа добивајќи 3 од вкупно 4 полувремиња (продолжението не го рачунам зошто тука Баерн веќе беше мртов и дебело оштетен), но реализацијата по 90 минути фудбал им беше на мизерно ниво...па дури и во Минхен се изнапромашуваа во второто полувреме. Овој пат имаа среќа што против нив играше екипа која што никако не беше во можност целосно да ги казни тие промашувања, но ако во наредната фаза или финалето налетаат на Атлетико или Јуве ако помине може тоа да им се одбие од глава.