Не знам дали согледуваш што имплицира овој текст. Се вели дека Стариот Еон е формулата на умирачкиот бог, формулата на Таткото. Учителот го претставува Таткото, авторитетот итн.
Па имаш преоѓање во вашиот Нов Еон, формулата на Детето - истражување, експериментирање и раст.
Како може Детето да следува после Таткото? Како може Детето повеќе да знае од Таткото? Кое истражување ќе го направи Детето - безбрижно градење кули во песок? Која одговорност има Детето? Никаква нели, никому не му полага сметки? Кој ќе го заштити Детето да не тргне по крив правец или по некој кој не му мисли добро, ако не Таткото или Старателот? Кон каков раст се стреми тоа Дете? Дали кон најновиот еон, Еонот на Новороденче, каде што човекот ќе се сведе на инстинктивно битие на анимално, примордијално ниво?
Kaко ова можеш да го гледаш како напредок?
Детето, таткото, мајката се симболи! Еонот на Мајката (Изида) е период кога колективната свест на човештвото е свесна за природата, материјалното, но сеуште не и за духовното. Тоа е период на матријархатот, време кога се обожава големата ,,божица Мајка".
Таткото (Озирис) е период кога луѓето почнуваат да го обожаваат духовното
за сметка на материјалното, кога се оди во спротивната крајност и се прогласува за зло и ,,нечисто" се што е материјално. Овој период е време на патријархатот, кога жената се деградира во однос на мажот, време кога телесното се смета за ,,нечисто" кога материјалното добро се смета за погрешно. И двата периоди се крајности.
Сегашниов еон е спој на овие две крајности, т.е време кога човекот сваќа дека подеднакво се битни и материјалното и духовното, и телесното и спиритуалното, и машкото и женското! И како симбол е земено детето, бидејќи на детето му се подеднакво потребни и ,,таткото" и ,,мајката" за да постои напредок. Нивниот спој се нарекува Големото Дело, Магнум Опус. Тоа е соединување на дуалноста во нејзиниот неделив Извор од кој потекнува се. Тоа е вистинското враќање кај ,,Отецот" (Таткото) преку ,,Синот" (Детето).
П.С. Ја препорачувам книгата ,,
Иницијација во Еонот на Детето" од Даниел Гунтер, таму одлично е објаснето сето ова, на сликовит, јасен и разбирлив начин.