Лишманијата не е секогаш фатална, фатена на време со упорност и после година ипол може да се добие резултат каде кучето може да се води како клинички здраво.
Црвот, е всушност срцев црв, дирофиларија, која исто така се пренесува со комарци и најголем проблем е што во почетен стадиум не покажува никакви знаци, а кога ќе почнат да се јавуваат тоа се обично знаци кои воопшто не се специфични. Се потврдува со брз тест или со тестирање на крвен размаз со микроскоп. Доколку сеуште се работи за микрофиларии, може да се терапира и целосно да се излекува, но проблемот е доколку паразитот се стационира во срцето... гуглај Dirofilaria.
Случајот човек да заболи од тенија од куче кое има тенија е многу минимална. Во многу случаи луѓето кои завршиле во сала поради ова е поради внесување на контаминирана салата. Ние ветеринарите сме реално најизложени на секакви работи па не заболуваме толку лесно. Но, редовна дехелментизација секако ќе спречи контаминирање и на површините по кои се движиме или по кои се засадуваат култури.