Болви и крлежи

Член од
26 септември 2012
Мислења
8.325
Поени од реакции
7.076
И ставам Frontline, но не сум многу задоволен.
да не ставаш помалку отколку што треба,да не го капиш кучето или го наврни надвор барем една ноќ и случајно да не ти продаваат стари ампули,кај мене 5 години промаш нема и тоа му ставам сега почеток на април после првиот убод одма реагирам,откако ќе помини котењето на крлежите и болвите напролет после нема потреба од ставање до крајот на годината(мое искуство)
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Квалитетот на Фронтлајн падна,го расипаа у последно време, многу луѓе се пожалија.

Адвокат или Адвантикс во комбинација со каивче.

Да, ја има многу, а ни другиве такви болести не заостануваат....црвот е уште погаден...
Нешто околу црвов. Не сум запознаен, онака кратко сакам да имам сознание :)
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.325
Поени од реакции
7.076
Нешто околу црвов. Не сум запознаен, онака кратко сакам да имам сознание :)
се прочистува кучето со пилули за паразити и црви на 3-4 месеци редовно, пилулите ги купуваш во ветеринарна аптека
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
се прочистува кучето со пилули за паразити и црви на 3-4 месеци редовно, пилулите ги купуваш во ветеринарна аптека
Aбе све тоа ок, ама последицава ме интересираше некако повеќе. Лишманијата е како ракот кај човеков, многу тешко се лечи и најчесто завршува со смрт, а лечењето е прескапо и малку ефективно. Ме интересира која е последицата на црвот? Бидејќи во иста реченица со лишманија, ми алудира на некое тешко срање по кучето :)
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.325
Поени од реакции
7.076
Aбе све тоа ок, ама последицава ме интересираше некако повеќе. Лишманијата е како ракот кај човеков, многу тешко се лечи и најчесто завршува со смрт, а лечењето е прескапо и малку ефективно. Ме интересира која е последицата на црвот? Бидејќи во иста реченица со лишманија, ми алудира на некое тешко срање по кучето :)
јас колу што сум запознаен тоа се цревни паразити - тенија, се множи во домаќинот и му ја конзумира храната па кучето слабее и заболува, уште полошо што може и газдата да префати па после тешко него(скраја да е)
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
јас колу што сум запознаен тоа се цревни паразити - тенија, се множи во домаќинот и му ја конзумира храната па кучето слабее и заболува, уште полошо што може и газдата да префати па после тешко него(скраја да е)
Запознаен сум со кучешка тенија и со последиците. Имам роднина кој едвај куртули со операција од то чудо. Мислев да не е некшто друго, али во ред е, ти благодарам :)
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Нешто околу црвов. Не сум запознаен, онака кратко сакам да имам сознание :)
Лишманијата не е секогаш фатална, фатена на време со упорност и после година ипол може да се добие резултат каде кучето може да се води како клинички здраво.

Црвот, е всушност срцев црв, дирофиларија, која исто така се пренесува со комарци и најголем проблем е што во почетен стадиум не покажува никакви знаци, а кога ќе почнат да се јавуваат тоа се обично знаци кои воопшто не се специфични. Се потврдува со брз тест или со тестирање на крвен размаз со микроскоп. Доколку сеуште се работи за микрофиларии, може да се терапира и целосно да се излекува, но проблемот е доколку паразитот се стационира во срцето... гуглај Dirofilaria.

јас колу што сум запознаен тоа се цревни паразити - тенија, се множи во домаќинот и му ја конзумира храната па кучето слабее и заболува, уште полошо што може и газдата да префати па после тешко него(скраја да е)
Случајот човек да заболи од тенија од куче кое има тенија е многу минимална. Во многу случаи луѓето кои завршиле во сала поради ова е поради внесување на контаминирана салата. Ние ветеринарите сме реално најизложени на секакви работи па не заболуваме толку лесно. Но, редовна дехелментизација секако ќе спречи контаминирање и на површините по кои се движиме или по кои се засадуваат култури.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.325
Поени од реакции
7.076
Запознаен сум со кучешка тенија и со последиците. Имам роднина кој едвај куртули со операција од то чудо. Мислев да не е некшто друго, али во ред е, ти благодарам :)
се надевам ќе ме надополни некој од поупатените,во секој случај не ги запоставувајте третманите за домашните миленици зошто многу големи се шансите да ги пренесите болестите од вашиот миленик,било да е крлежи,вошки,паразити,тенија или нешто друго...........
 
L

Lu

Гостин
Имате тема за срцев црв што го спомна погоре @SaltNPepa (воедно и она ја има отворено темата), а не се работеше за цревни паразити како што спомна @Roy Fokker ... дојде до недоразбирање.

Пс. @SaltNPepa побрза од мене, додека јас го пишував постот, меѓувремено веќе одговорила некоја минутка пред мене :)

Пс 2. Темата ја префрлив во општиот дел за Животни, затоа што беше сместена во одделот за Кучиња ... а на темава слободно може да се дискутира и за мачки, како што веќе има неколку постови каде што се спомнати и мачките, па затоа темава оди во заедничкиот дел за животни.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.325
Поени од реакции
7.076
Лишманијата не е секогаш фатална, фатена на време со упорност и после година ипол може да се добие резултат каде кучето може да се води како клинички здраво.

Црвот, е всушност срцев црв, дирофиларија, која исто така се пренесува со комарци и најголем проблем е што во почетен стадиум не покажува никакви знаци, а кога ќе почнат да се јавуваат тоа се обично знаци кои воопшто не се специфични. Се потврдува со брз тест или со тестирање на крвен размаз со микроскоп. Доколку сеуште се работи за микрофиларии, може да се терапира и целосно да се излекува, но проблемот е доколку паразитот се стационира во срцето... гуглај Dirofilaria.

Случајот човек да заболи од тенија од куче кое има тенија е многу минимална. Во многу случаи луѓето кои завршиле во сала поради ова е поради внесување на контаминирана салата. Ние ветеринарите сме реално најизложени на секакви работи па не заболуваме толку лесно. Но, редовна дехелментизација секако ќе спречи контаминирање и на површините по кои се движиме или по кои се засадуваат култури.
да не негодуваме,третманите за прочистување на домашните миленици не коштаат скапо и во секој случај мора да ги правиме навремено
 
Член од
10 август 2015
Мислења
105
Поени од реакции
14
да не ставаш помалку отколку што треба,да не го капиш кучето или го наврни надвор барем една ноќ и случајно да не ти продаваат стари ампули,кај мене 5 години промаш нема и тоа му ставам сега почеток на април после првиот убод одма реагирам,откако ќе помини котењето на крлежите и болвите напролет после нема потреба од ставање до крајот на годината(мое искуство)
Ставам коолку што е потребно т.е. зависи од килажата. Крлежот не беше закачен туку шеташе по неа и јас веднаш испаничив, но прочитав дека ако има ампула крлежот не се закачува.
 
Член од
8 ноември 2016
Мислења
12
Поени од реакции
0
Luge strasno... Kukata ni e polna so bolvi. Nemame milencinja no ima nadvor sto ni setaat vo dvorot. Kukata e polna so bolvi a najstrasno e deka imam alergija od bolvite jas i moite dve deca 7 godisno i 7 meseci bebe. Celoto telo ni e crveno. Jas i 7 god pieme lekovi za alergija i celo vreme spieme kako mrtvi. Napravivme dezinfekcija i dezinsekcija no pak se pojavile. Sum slusnala za neopitroid no ne pomaga. Neostomosan veke mesec dena ja prskam kukata na sekoi 3 dena., pomaga no ako ja ostavas, 4 den se pojavuvat. 100 denari e edna ampula. po 6 ampuli na sekoi 3 dena se mnogu. Dali znaete nekoj insekticid sto deluje i na jajca- lavre. Ve molam pomognete ni so vasi iskustva!! Blagodaram
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Купи есенцијално масло од лаванда и од еукалиптус, (Биокулт - Биокосмос - нека бидат од Probotanic) стави по 1-2мл од 2-те во боца за прскање од едно 10 литра, мучкај на секои 30-на секунди и прскај. Мора цело време да ја мучкаш смесата затоа што маслото не се меша со вода, и ќе остане на површината, можеш и во помали боци со помали концентрации на неколку пати.
 
Dali posle prakanjeto da ja cistam kukata bidejki so drugite insekticidi stom ke cistam odmah se pojavuvaat. Dali moze mestoto kade spieme bidejki imam malo bebe da ne e stetno. Fala odnapred
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Секаде може, за да 100% бидеш сигурен прво разреди 1 капка од лаванда и една од еукалиптус во маслиново масло - 1 лажиче, измешај ги убаво и допри малце на раката/ногата на детето, после 24h ако нема реакција прави што сакаш.

П.С. Пробај стави 2-3 капки сјај во смесата од вода и масло за да се измешаат маслата со вода подобро, не е потребно ако мешаш константно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom