Болви и крлежи

Член од
10 август 2015
Мислења
105
Поени од реакции
14
Чувам две мачки и едно куче и во летните периоди највеќе се плашам од крлежи. Бидејќи им ставам ампули и не сум многу задоволен, ме интересира дали има некој природен рецепт против крлежи кај кучиња и кај мачки?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
не зезај незадоволен бил од ампулите :icon_lol: не ти се даваат по 250/350 денари .............

го третирам ретриверот со ампули веќе 5 години , презадоволен , ни крлеж ни болФа ништо од инсект не наогам на него,а ниту убоди
 
Парите воопшто не ми се важни кога се работи за нив, но имам неколку пати на кучето приметено крлеж закачен иако имал ампула. Кажи ми кои ампули ги користиш за ретриверот?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
Парите воопшто не ми се важни кога се работи за нив, но имам неколку пати на кучето приметено крлеж закачен иако имал ампула. Кажи ми кои ампули ги користиш за ретриверот?
од Фронтлине досега немам забелешки..........а ти што ставаш ??
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Според мене најдобро е комбинација,ампула и каивче Scalibor или Kiltix против инсекти.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817

A дали каивчето е и против болви? Оти така некако си мислам јас. Скалибур мислам се вика тоа што го зедов, 1200 денари, бело.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
A дали каивчето е и против болви? Оти така некако си мислам јас. Скалибур мислам се вика тоа што го зедов, 1200 денари, бело.
Да,и против болви,крлежи,комарци и уште нешто ми се чини имаше
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
A дали каивчето е и против болви? Оти така некако си мислам јас. Скалибур мислам се вика тоа што го зедов, 1200 денари, бело.
Прoтив бoлви, крлежи и кoмaрци мислaм декa беше... Oдaмнa не сум купилa, не пaмтaм тoчнo, нo сигурнa сум декa oд бoлви штити.
 
Воин без Коњ

краток и јасен
Член од
18 септември 2010
Мислења
850
Поени од реакции
1.213
Ампулите делуваат против сите ектопаразити. На пазарот најзастапени се Frontline ампулите за домашни миленици и вооедно се можеби најдобрите. И се ставаат редовно на секои 3 месеци (да тоа значи и преку зима). Ептен ретко може да се случи да вашиот миленик закачи ектопаразит доколку се придржувате до овој план. Доколку закачи миленикот ектопаразит тогаш веројатно или не бил третиран навремено или бил субдозиран, односно сте му ставиле ампула која не соодвејствувала со тежината на миленикот. Во екстремни случаи може да се случи на пример ако миленикот има куќичка во двор или спие во штала на слама да од таму бива постојано напаѓан од паразитите. Тогаш треба околината да се третира а не само миленикот.

И малку се поскапи Frontline ампулите од 250 - 300 денари. More like, 500 - 600 денари, зависи каде која амбуланта / продавница за миленици.

А да, да не биде офтопик мислењево, природни рецепти досега не сум сретнал кои би штителе од ектопаразити.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Лишманијава е ептен терсена во Прилеп. Јас поради тоа го зедов. Некоја блага статистика која ја имам сретнато од повеќе ветеринари, секое 3-4-то куче во градов од тоа умира у пм.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.702
Поени од реакции
24.166
Фронтлајн се срање. Штитат од болви, не и од крлежи. Зборувам за мачки, со оние за кучиња сум имала позитивно искуство, само не знам од која фирма беа.

Читав за некои етерични масла дека помагаат, исто ги препорачуваат тие билки да се садат по дворови затоа што паразитите бегале од нивниот мирис. Во план сум да пробам, па ќе споделам искуство.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Ампулите делуваат против сите ектопаразити. На пазарот најзастапени се Frontline ампулите за домашни миленици и вооедно се можеби најдобрите. И се ставаат редовно на секои 3 месеци (да тоа значи и преку зима). Ептен ретко може да се случи да вашиот миленик закачи ектопаразит доколку се придржувате до овој план. Доколку закачи миленикот ектопаразит тогаш веројатно или не бил третиран навремено или бил субдозиран, односно сте му ставиле ампула која не соодвејствувала со тежината на миленикот. Во екстремни случаи може да се случи на пример ако миленикот има куќичка во двор или спие во штала на слама да од таму бива постојано напаѓан од паразитите. Тогаш треба околината да се третира а не само миленикот.

И малку се поскапи Frontline ампулите од 250 - 300 денари. More like, 500 - 600 денари, зависи каде која амбуланта / продавница за миленици.

А да, да не биде офтопик мислењево, природни рецепти досега не сум сретнал кои би штителе од ектопаразити.
Квалитетот на Фронтлајн падна,го расипаа у последно време, многу луѓе се пожалија.

Адвокат или Адвантикс во комбинација со каивче.

Лишманијава е ептен терсена во Прилеп. Јас поради тоа го зедов. Некоја блага статистика која ја имам сретнато од повеќе ветеринари, секое 3-4-то куче во градов од тоа умира у пм.
Да, ја има многу, а ни другиве такви болести не заостануваат....црвот е уште погаден...
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
436
Поени од реакции
273
Фронтлајн се катастрофа,после десет дена од ставањето ампула,огромен крлеж закачен на увото на моето куче. Адвантикс 100 пати подобра ампула.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Чувам две мачки и едно куче и во летните периоди највеќе се плашам од крлежи. Бидејќи им ставам ампули и не сум многу задоволен, ме интересира дали има некој природен рецепт против крлежи кај кучиња и кај мачки?
Незнам од кои ампули не си задоволен, но Фронтлајнот се навистина ефикасни. Моето куче со една ампула го минува цело лето и не фаќа крлежи. Што се однесува до природниот рецепт против крлежи, јас имам слушнато дека мешавина од оцет и вода е ефикасна против крлежи и болви, само што треба пред секое шетање кучето да го премачкуваш од овој раствор со крпа. Но во време кога постојат толку ампули против крлежи, нема смисла да се мачиш и себе си и миленичето со некои природни лекови кои во овој случај и незнам колку се природни и добри за кучето/мачето.

:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom