Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Прво, албанскиот нациознализам го нарекувам идиотизам. Тоа јасно го изразува мојот став околу тоа прашање, а имам и пишувано доста за тоа на форумов. А и да не зборуваме за двојни стандарди. Од една страна албанците се лоши, за нив гасни комори и протерувања, а од друга страна помилувања, закони за јазиците, менување на имињата на училиштата и улиците каде албанците се мнозинство, без некој посебен отпор, а некаде и согласност околу тие прашања.И јас сум за подобра економија,минималец да е над 18000 ден подобра социјална помош и др.Ама за жал секогаш на сцена стапува национализмот и секогаш од една иста страна тоест од албанските политичари.Како барем еднаш не го осудивте нивниот национализам?А дека постои платформа тоа е сигурно, јас не го гледам само Латас,туку гледам и албански канали,ги следам и ставовите на Фрчко и гледам дека нешто ни се спрема од страна,тоа е факт не е некоја фантазија.СЈО нека си ја брка работата ама без двојни стандарди,чисто за да има крадибилитет.Исто така на народот му е јасно дека крајната цел е смена на името и меѓу другото,се спрема и федерализација.Едноставно народот е уморен од вакави игри и уцени,затоа е и на улица.
Не сум убеден дека ја следиш правилната вистина. Вистината е една во главата на размислувачот, а ако гледаме на општеството како модел, постојат безброј вистини и неколку генерални (општи), во зависност од групите на посматрање. Сега, тука има 2 вистини. Една за федерализација, која не држи вода затоа што е потребен референдум за тоа- и тоа облигаторен кој го распишува собранието, а јасно е дека тој нема да помине. И другата е за освојување на власта по најлесниот пат. Се прави коалиција и си на власт. Просто. Јас затоа мислам дека проблемот е примо-предавањето на власта, а не некаков распад на државата и системот. Постојат законски, системски и општествени пречки кои нема да го дозволат тоа. Се согласуваме?