Добро, се собраа, потпишаа и што сега!? Не значи дека тоа ќе се изреализира. Патем имаш програма на новата влада која ќе се формира, земи и прочитај ја, не е така голема. Дали ќе најдеш дел од нештата кој одново и одново ги верглаш низ страниве, е само реторичко прашање.
Нема никаква основа да се бара геноцид врз албанците.
Имаш конвенција за геноцид од 48 г. Види ги пропишаните услови за прогласување на геноцид. Не може по никоја основа албанскиот народ да бил жртва на некаков геноцид. Тоа е само доказ дека кој како сака може да ја пишува и менува историјата. Они можат да бараат и слетување на месечината, но прашањето е дали тоа реално е остварливо?
Сеуште сум на ставот дека вмро како сака манипулира со простата народна маса и ја тера државата во погрешна насока. И тераат со старата тактика која очигледно сеуште дејствува. Секогаш има некој предавник и секогаш некој друг им е крив. Потребни се промени, наместо тркала и рингишпили од по 30 и повеќе милиони евра, можат тие пари капитално да се инвестираат или пак нека се тргнат на страна. Треба да се направи една добра економска анализа за работите кои ни требаат, нужно и не баш така нужно, и оние кои не ни требаат, како базен во Шутка или ново тениско игралиште во некое затуцано село со неколку жители! Има градови и села кои опстојуваат без канализации и без пивка вода! Имаш домаќинства кои живеат со 3.500 ден. социјална помош, а имаш и такви на кои им е одземена поради тоа што добивале пари од странство, како дополнителна помош и глупавата влада, на чело со Никола, им ја скратила таа привилегија! И ај што им ја скрати, уште и тие пари им ги одданочи! Ти зад таков човек застануваш!? И не се мачи да правиш компарации со некои лидери од опозицискиот блок затоа што јас не застанувам зад нив, баш напротив, сметам дека Заев одамна требаше да биде заминат во политичката историја поради нервозните реакции за “јадење живи вмровци“ и “ќе има пукање“, и оние неколку криминални мучки што ги има направено, а јавноста е запознаена со нив. Но повторно во тој сегмент е далеку подобар од Никола, кој е светски шампион во крадење.
Дали конечно ќе видиме оригинален став на некој кој е про-владино ориентиран, или повторно ќе читаме копи-паст ставови на Латас или некој мал новинар кој мислел дека ако напише нешто подолго и “патриотско“, ќе биде славен и сакан!? До сега оригиналните умотворби некако не се баш присутни кај оние кои тупат 1.500 страни за некакви платформи, предавници и криминалци.