[роднински врски.....[DOUBLEPOST=1492168351][/DOUBLEPOST]
Оваа логика би требало да ја вратиме малку поназад, дали секој што завршил некаков факултет го завршил заслужено и е способен да работи на таква позиција?
Дали сметаш дека во овие две области што ги имаш наведено сметководство и правен сектор си способен да ги работиш беспрекорно после завршување на факултетот?
Секако дека некој кој завршил сметководство или право не е способен веднаш после завршување на студиите да работи.
Но не е способен веднаш да работи и некој кој завршил архитектура, или мислиш дека е способен?
Реално ниту тие кои завршиле електро инженерство, програмирање, машинство и останати природни науки не се способни веднаш да бидат експерти во својата област.
Но зборот мене ми беше, луѓето не разбираат дека не може секој да стане успешен сметководител или успешен адвокат, нотар.
Нема секој финансиски услови да отвори своја сметководствена фирма или биро, исто и не може секој да си отвори нотарска или адвокатска канцеларија.
Знаеш дека треба голема сума на пари како нотарска гаранција да се положи пред властите за да се добие нотарска дозвола?
И тоа не може секој да си дозволи.
И тие кои немаат пари да си отворат своја нотарска канцеларија, мораат да работат кај нотарите за 200 евра месечно.
И што со тие 200 евра некој ќе прави?
Исто и предлозите некој да отвори свое биро за преведување е нереално. Треба за тоа пари, и ризик е дали ќе успее.
На пазарот има премногу преведувачи, посебно за англиски јазик. Исто има премногу адвокати и нотари.
Заклучок: Грешка при избор на факултет, отселување надвор (што со правен не ти функционира, ниту со сметководство поради што си директно поврзан со законите на оваа држава) или пак промена на професија и учење на нешто ново што зема многу време, ангажман....
Значи пазарот е тој, на овие факултети што ти ги спомна завршуваат по 300-400 души годишно само на УКИМ, а да не спомнувам и на останатите државни+приватни.
Пазарот е заситен, ако се преориентираш или да отвориш приватно, па да стекнеш клиентела ќе има работа, ако не нема што да се дискутира ќе вееш знамиња со цел да те пикнат во државна администрација и ќе затупуваш до пензија или до промена на друга партија. В
о државава и Мехатроника ти е промашен отсек, иако во Германија каде што имаш автомобилска индустрија се земаат по 3000евра плати со таа професија, кај нас нудат 250 евра плата, али од автомобилска индустрија нема ни А.
Државата е виновна што дозволи секој да се запише и да заврши и да отвори факултети во секое село, од моја генерација од 300 души гимназија, прашање дали 100 беа заслужени да се запишат на факултет, а завршија над 280, кој на славјански, кој по некое село каде што отвориле дисперзирани и и слични измислени факултети, додека јас сум спремал испити од по 900 страни математики, физики и што ти не, овие имаа по 50 страни прикаски за пред спиење за на испит или нешто што е општо и се знае од секојдневен живот и нормално завршија дури и на време, е тоа може и потпросечен да го заврши.[DOUBLEPOST=1492243831][/DOUBLEPOST]
Точно ама еве мој глед на настаните.Ако стварно се истакниш и си МАЈСТОР во то шо го работиш нема кој да те спречи да неуспејш,некој ќе заврши факултет и само кука нема работа чека некој од дома да го собери да оди да го вработи,бидете упорни трудете се некогаш тој труд ќе се исплати,како очеквате да најди некој работа со Економски факултет секој втор во државата то го има завршено,нотари,адвокати има на секој чекор,се барат програмери најмногу и сега ФИКТ во Битола е преполн за некој 20тина години и то ќе биди како економскиот факултет зато барајте нешто ако веќе не ве бива во програмирање да работите занает дури и во странство се бара многу то оти сите почнаја да одат на факултети и ќе бидите добро платени дали како молер,автомеханичар,водоводџија итн. во то има пари денес занает и програмирање научете од овие две работи една и ќе видите како се наоѓа работа без врски и без партија,ама мора да се зачлените во некоја партија и барем малку да имате некој кој да ве поттурни ма да ако сте успешни нема ни то да ви треба.
Бајо сите сакаат да седат на топло во канцеларија, тешки се тие работи што ги имаш наброено, моја генерација и дудуци што не можеа 2ка да добијат и одеа на полагање, денес имаат дипломи
[DOUBLEPOST=1492244083][/DOUBLEPOST]
Дава часови по англиски и на македонски на странци и лекторира, но ти викам нема боволно работа, трчи, трчи сопни се работава, има некои и месеци има многу работа, се случува и по 2-3 месеци да нема работа или многу слабо да има работа.
Има две нејзини колешки со кои добро стои, тие имаат школи за странски јазици и тие едвај вадат минимална плата, не е така розова ситуацијата во државава како што си ја замислувате.
Другар тој е пазарот, нажалост има професија која е доста застапена, а државата ни е мала и во таа област се појавуваат и самоуки луѓе, денес луѓе со течно говорење на англиски со пишување и читање имаш колку сакаш, иако не завршиле факултет, финесите околу стручни зборови и граматики се учат со тек на време, па работа ќе ти зема и некој што завршил сосема друг факултет.
Подобар маркетинг и можеби ќе се зголемат клиентите, друго чаре само надвор.