Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Абе сега сите експерти сте.. Лош трансфер периодов овај ваков овај таков, Лучо е крив незнам шо.. Вратете темава накај Јули ќе си видите колку задоволни бевте од управата..

Со овој трансфер на Гомеш само ја потврдија мојата претходна констатација дека годинава во крајност ќе напаѓаат на сите можни тронови, со тоа што ќе имаат поголем ростер и повеќе можности за ротации, зошто реално ланскиот состав немаше шанси да издржи уште една сезона на врвно ниво. Е сега, едно заминување е преочигледно. Доколку треба да бирам тоа би бил Арда, а Сампер на позајмица во некој тим каде што ќе биде стандарден. Гомеш е играч за сите позиции во средината. Знае со топка, покрива во дефанзива, трча многу, отвора простор, асистира... All-around играч кој доколку се развива во правилна насока има потенцијал да биде еден од најдобрите на своја позиција.
Гомез би бил идеален за ,,Ларсон" улогата.
Читам и по форумов и по ФБ прашуваат зошто ќе ни бил Гомеш, бил прескап, немал квалитет, бла бла бла... Еден од најдобрите млади играчи кој го бара цела европа, сите големи тимови, нормално дека е одличен трансфер и за сега и за иднина. Со него, Денис Суарез, Диње, Умтити, ние го подмладивме пола тим, старосната граница е спуштена за многу, имајќи во предвид дека важевме за еден од најстарите тимови во ЛШ. Сега ако Енрике успее да ја воигра оваа мешавина на млади и искусни играчи добиваме страшен тим, веројатно најдобар во светов. Минативе две сезони освоивме еден куп трофеи со речиси една постава. Немаше кој да влезе во игра кога бркавме резултат, БУКВАЛНО. Енрике не вршеше никакви измени во тек на натпревар, поради што на клупа немаше никој, не ги рачунам Мунир и Сандро, затоа се деси падот во формата лани, душата им излезе од играње по 2 натпревари неделно, особено на средниов ред и нападов. Има натпревари сите да добијат минутажа за да се држи формата постојано.
Лучо толку го обожава Ракитиќ, шо мислам дека поголеми шанси има Нејмар да го продаде отколку него.
А Андре Гомеш си е екстра трансфер, баш паметно одиграа во трансфер роков, сите трансфери си ги завршија одамна, барем нема сапуници од типот Фабрегас. Не знам колку ја гледавте Валенсија, ама човекот си беше екстра таму, овде кога ќе додадеш дека ќе дава топки на МСН има уште подобар да биде.
Плус лани плачевме сите кога немаше кого да го стави од клупа, дури и самиот Лучо индиректно го кажа тоа кога правеше по ниедна или една измена на утакмица. Сега има кој да внесе свежина од клупата, единствено ми е криво што Сампер нема да заигра во ниедна опција и Халиловиќ очигледно ќе продолжи да се шета по клубови (макар што има гаден карактер, па можда и подобро ќе е тоа).
Е сега ако стварно го земат Вието тогаш има иднина за наредните 7-8 години, тимот ќе се гради врз Нејмар (ваљда нема у следен рок да излезе циган) и само ќе се освежува тимот, а претпоставувам дека Меси малку по малку ќе почне да се повлекува во средината оти реално го стасуваат и него годините и ќе ја изгуби брзината во скоро време.
Паметно одиграа овој трансфер-период, ептен паметно, само тоа мислам дека ќе дојде до израз на подолг рок, не сега веднаш.

Овие нешто поекстремно воодушевени од трансферот на Гомеш но мнозинството бевте прилично задоволни од летниот трансфер период.. А сеа тука кажвате ,,сте знаеле'' дека сите трансфери катастрофа ќе бидат.. Знаевте кур знаевте

Истото шо го пишите за Гомеш, мадриѓаните го пишеа за Модрич неговата прва сезона

6362073298031770541414687692_ttp.jpg

5hRQMix.jpg

Reuters, December 2022. FC Barcelona will have to pay 15 million euros extra to Valencia as
André Gomes wins the the Ballon d'Or
 
Мене највеќе ми смета тоа што Енрике кога ротира прави по 5 промени во исто време. Така се мултиплицираат мааните на поединците.

Да почнавме со Иниеста наместо Денис или Гомеш, и со Роберто како десен бек сигурно ќе ги добиевме.
 
На големо се шпекулира дека ќе се активира клаузулата од 12 милиони за Делофеу. Ништо чудно, нема да кошта многу, а ќе биде не толку лоша замена за Меси и Нејмар, има добра сезона во Милан, собра искуство и во Севиља и Евертон. Ако ова се оствари, најверојатно Туран би го напуштил клубот, Арсенал се заинтересирани за него и може да биде вклучен во трансферот на Белерин.
Од лични желби би сакал да си заминат, Маскерано и Матје, да се префрли Марлон во прв состав и а се донесе некој искусен штопер што би прифатил да седи на клупа, нешто како Матје пред 3 години, коа заврши одлична работа.
У средина би сакал да остане Гомеш, али исклучиво да го игра на позицијта на Бускетс, мислам дека таму повеќе ќе се пронајде.
За аут, повеќе би ги продал Рафиња пошо нема константност и многу се повредува и С.Роберто, за кој мислам дека нема да има место ако се донесе некој од Верати/Кутињо...
Денис Суарез мислам дека дечкото има потенцијал, прва сезона му е, млад е, и треба да му се даде повеќе шанса.

Се на се,

Делофеу, Белерин, штопер и Верати/Кутињо - ИН
Маскерано, Матје, Туран, С. Роберто АУТ
 
Делофеу да не беше себичњак и да не изиграваше ѕвезда, ќе беше играчиште.
 
Делофеу лично би испаднал многу глуп ако се врати во Барса. Ќе грее клупа само и ништо повеќе. Во Милан моментално игра фантастично и не е толку себичен. Чекор назад би направил ако се врати моментално назад во Барса од една причина само што дека ќе грее клупа.
 
Ништо не е завршено у Ла Лига, иако Реал имат поголеми шанси.
Ел Класико ќе одлучува за шампионо ..
Реал имат потежок распоред до крајо на сезоонта.
#VamosBarca
 
На големо се шпекулира дека ќе се активира клаузулата од 12 милиони за Делофеу. Ништо чудно, нема да кошта многу, а ќе биде не толку лоша замена за Меси и Нејмар, има добра сезона во Милан, собра искуство и во Севиља и Евертон. Ако ова се оствари, најверојатно Туран би го напуштил клубот, Арсенал се заинтересирани за него и може да биде вклучен во трансферот на Белерин.
Од лични желби би сакал да си заминат, Маскерано и Матје, да се префрли Марлон во прв состав и а се донесе некој искусен штопер што би прифатил да седи на клупа, нешто како Матје пред 3 години, коа заврши одлична работа.
У средина би сакал да остане Гомеш, али исклучиво да го игра на позицијта на Бускетс, мислам дека таму повеќе ќе се пронајде.
За аут, повеќе би ги продал Рафиња пошо нема константност и многу се повредува и С.Роберто, за кој мислам дека нема да има место ако се донесе некој од Верати/Кутињо...
Денис Суарез мислам дека дечкото има потенцијал, прва сезона му е, млад е, и треба да му се даде повеќе шанса.

Се на се,

Делофеу, Белерин, штопер и Верати/Кутињо - ИН
Маскерано, Матје, Туран, С. Роберто АУТ
Брат ок ти е фудбал менаџеров само не ми е јасно зашто толку си запнал за Маскерано да си оди кога ни е неколку години по ред најдобар играч во одбрана,а на негово место да дојде искусен штопер:eek:.С Роберо нема шанси да оди затоа што е играч кој покрива многу позиции.Делуфеу е добар играч само не е тука со паметот и затоа не му дадоа шанса во Барса.За Кутињо или Верати се слагам во целост.
 
Кажете ми една причина зошто би сакале Маскерано да си оди?
Има многу причини. Којзнае колку гола сме примиле оваа сезона по негова грешка, поспор е од полжав, секој малце побрз играч го поминува ко ферари на фичо, за играта со глава да не зборувам, не постои кај него, а тоа е едно од клучните за стопер. Кога ќе треба да ја исфрли топката е жива комедија, побрзо ќе ја стави во свој гол отколку да ја отера на 70 метра од гол итн.
 
Ова ти е некој вид на сарказам или сериозен си?
 
Нејмар ќе биде казнет со 3 натпревари. 1 за црвениот картон и 2 за аплаузот кон четвртиот судија при излегувањето од терен.
 
Ајде за утре малку... Јуве ги немам гледано многу сезонава.. Од она што го гледав, главно во ЛШ ми делуваат многу опасно. Е сега не знам кој Јуве е подобар, дали оној од финалето или овој сега. Мое видување е дека нападот им е далеку поопасен, средината мислам дека е послаба за нијанса од тогашната кадешто ги имаа Пирло и Погба...Одбраната се знае, им е пресилна страна..мајстор до мајстор..Ќе мора добро да се намачат, и со оглед на тоа што ќе играме без Буси, мислам дека ќе биде ѓаволски тешко.Средината ионака игра многу слабо во последно. Мора да се даде гол во Торино, па макар и минимално да загубат. Во спротивно, никаква ремунтада не очекувајте против некој како Јуве. Нашите играат топло, ладно и затоа има една доза на песимизам и претпазливост кај мене..Се надевам дека нема да го извади Гомеш во прв состав.. тоа би било самоубиство. И да, мислам дека Неј поштено ќе се намачи со Дани
 
Лучо денеска на прес вели можно е Гомеш да биде тој што ќе го замени Бускец (y)
 
Кога се повреди Бускец? Дека гледам сигурно го пропушта утрешниот натпревар. Можеби не е којзнае колкав хендикеп неговото неиграње утре колку што одбраната ви е слаба и со самото тоа и тоа како ќе недостасува. Ќе бидете на големи маки да го поминете овој Јувентус доколку утре не постигнете гол.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom