Пресудно кога бирав инвертери беа неколку фактори.
Цена,гаранција што поголема,дизајн.
Влечев накај јапанците, ама за жал јапанци сите склопени во Кина и некако моделите скапи а гаранцијата 2 или 3 години и дизајнот не ми се допаѓаше.Даикен од Чешка и тој ми заостануваше на изглед од Гри.
Во кус период земав 2 Хансола 18, вториот со новиот двостепен компресор.
Јануари кога фати минусот ме фати инат ги ставив на 24 степени нон стоп.
Имав спремно дрва за бекап, најавија -23, ми стојат нечепнати.
Во долниот дел 45м2 температурата во просторијата беше 22 степени.
Во горниот дел кој е покровје, висина 240цм, три спални со дневна, загреано секаде, спалните 19 степени, дневната каде беше климата 22 степени. Вкупна квадратура околу 90м2.
Јануари сметка 15.000 денари комплет. Некаде околу 10000 денари беше само греењето.
Февруарската кога затопли сметката падна на 7000.
Мое мислење е дека Хансолот со новите цени губи на бест бај, но треба добро да се провери што се носи таа зголемена цена. Сепак со високата гаранција која е битен елемент, со оглед дека се работи за комплицирана технологија и скапа за одржување е некаква сигурност.