Значи тотално разочарување од Грее и од представниците.
Само што ми се јави другарот кој имаше проблеми со Хансолот, кој го зеде на мое наговарање. И после 2 месеци молење и пријавување во сервис на проблеми во работата сеуште никој не дошол да го погледне и да го испита.
Блажо Зорба денеска дека повторно ќе го испрател монтерот, кој патем го праќа 2 месеци и кој се оградувал дека не е специјализиран сервисер за Грее и дека најдобро би било од сервисот да го средат проблемот, но од Грее биле премногу зафатени во 2 месеци да си најдат термин да ја испоштоваат гаранцијата.
На крајот уште и имал лице да му каже дека ќе ја измереле ампери и волти и толку од нив. А за тоа дали ги испорачува декларираните перформаси: топлина, консумирана енергија, одржување на температура (сите оние што и беа проблематични) ниту знаеле ниту можеле да ги проверат.
После ваквиот однос јас дефинитивно не си преземам ризик да препорачам ниту еден прозвод од ГрееМак. Иако производите се можеби добри и секаде може да се јави дефектен производ, ваквиот однос дефинитивно не е.
А како што гледам на форуов ова изгледа е пракса на ГрееМак. Изгледа и Goran0505 имал слични проблеми со климата па мака мачел на крајот да ја заменат.