Исто како сегде во светот, исто е во САД кадешто партијата републиканци-демократи победува во последните незнам колку години, исто како во Британија победува партијата лабуристи-конзервативци. И така натаму. Бипартизмот не е ништо поразличен од комунизмот. Раздели па владеј принцип на владеење.[DOUBLEPOST=1491201317][/DOUBLEPOST]
Постојат 2 врсти на луѓе, оние кои чекаат од бога росица и оние кои сами превземаат иницијатива. Тие што највеќе плукаат по неспособната администрација, се уствари кандидати за неспособна администрација. Но имај во предвид, дека не секој има знаење да се снајде сам од себе, на интернет или било каде. Во едно општество секогаш има луѓе кои се само работници. На тие луѓе сепак мора да се гледа како на луѓе со достоинство, а не да им се руши и да се држат во очај.
Дека работата во Македонија економски е очајна, не треба никој да кажува, тоа се гледа, не од сега и не од последните 10 години, туку последните 27 години. На сериозен бизнис внатре во Македонија неможеш да си помислиш, единствено да работиш за некои странски газди, како што ги викам јас шивачници, за беспари. Но освен во ИТ индустријата, во која има малку достоинство, да отвориш outsource во друга некоја индустрија, на пример шивачката, значи дека да си спремен да малтретираш луѓе 24 часа на ден, за плата која стига токму онолку колку да се живее во беда. Притоа се врзуваат луѓето со кредити, за да неможат ни да помислат да напуштат работа. Замисли го просперитетот на децата на таквите фамилии и мотивацијата во животот. Која порака они ја имаат? Какви се нивните етички погледи кон светот? Дека со чесна работа, се станува роб, а со криминал се станува газда.
Оваа генерација што е сега 20-30 години, која треба да ја превземе контролата во свои раце, е прва генерација израсната со такви етички погледи. Или пак тоа што дпмне е на власт 10 години последователно, се користи да и се препише цела бедотија што ни се случува, за да се изманипулира народот чисто од причина да се застане на власт.
Јас незнам како промена на власт, ќе ја надмине бедата во којашто живееме. Притоа незнам ни како ќе се постигне минимална плата од 500 евра. Бранко 2002 вети по еден вработен во секоја фамилија и кај е тоа? Останува администрацијата како социјален момент, што е во рамките на моќта на некоја влада да направи и за бизнисмените по некое тендерче да се земе за да живнат бизнисите. Секој што мисли дека се случува револуција, гадно се лаже, ова е нормална транзиција на власта, со таа разлика што има тензии од причина што сепак дпмне има најголем број на пратеници и нема да потклекне лесно, како на пример што потклекна сдсм во 1998, дпмне во 2002 и пак сдсм во 2006, тогаш имаа чиста победа другите. Таква е ситуација на терен, не е тоа моја желба.
И тогаш исто имаше афери, за кои викаа дека ќе се лежи затвор, и кој лежеше? некои маргиналци и слепи партиски војници, првиот и вториот ешалон скоро во никој случај не лежеа. Самото тоа што бомбите се пуштаат селективно не ли кажува колку е искрена намерата?