СЈО работи по објавените и необјавените материјали кои ги поседуваше опозицијата, а ги добила од нашите тајни служби. Ако во тие разговори нема ништо за опозицијата, тогаш зошто сметаш дека треба да ја гони и опозицијата (под една претпоставка дека нема, или под друга дека и да имало, сега нема)!? Имаше еден смешен наместен случај, каде Заев беше обвинет за насилство (или силување, нешто така беше) врз високи државни функционери, а немаше ниту еден доказ за истото. Можеби било извршено некое силување врз паторот штом така оди, не знаеме, но неговиот достоинствен од не е доказ дека некој го силувал или вршен насилство врз него, нели?
И зошто цело време ми компарираш со сдсм? Јас не застапувам интереси и ставови на сдсм, баш ти си тој кој застапува интереси и ставови на вмро, и се вадиш на класиката “а во ваше време како беше“. Мое време немало. Никогаш сум немал допирна точка со сдсм, па затоа јас немам потреба да се правдам за нешто со кое не се согласувам, а се направило/случило во минатото, како приватизацијата или територијалната поделба.
Не може контра агрумент за работата на ЈО да ти биде СЈО. Прво и основно, 4-ри партии се договараа за СЈО, и 4-ри партии ги гласаа обвинителите, додека за ЈО, гласаа само 2! Паторот имаше полна уста бисери за Катица, а таа кога започна да работи, и тој се пикна во некоја вреќа. Нели вмро сакаше опозиција што има се’ да објави!? А потоа плачеа во собрание за некаква забрана за објавување на “бомбите“? Мислам дека патетиката е доволно изразлива и без мојот дополнителен коментар.
И не се работи за демократијата, се работи за принципот. Секој кој го газеше тој принцип на поделба на власта, леташе во опозиција. Секој. Сега паторот би посебен. Јас не знам што видовте толку многу во него!? Сериозно. Ниту е паметен, ниту е чесен, ниту има некоја харизма, ниту е патриот, што е главна одлика на модерниот вмровец. Разбирам, кога дојде првите години направи некаков ред. Имаше некаков економски раст, унијата на млади силеџии (УМС) ја обнови, ја соедини партијата по оној драматичен расцеп и тоа. Денес тонеме во жив песок поради тие 30.000 месечно евра во еден правец и врска немаме колку сме должни, ниту што реално се случува. Сега уште еден кредит (3 годинава) од 90 милиони! Или околу 300.000 милиони само за 3 месеци! Тоа и не е баш економски чекор, но нека биде, апетитот си го задоволувате со она “ниско задолжена земја“. Нека ви биде, и така на никој начин не може ништо да ви се објасни.