мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 19.044
- Поени од реакции
- 23.488
Пак ке те прашам, што мислиш дека откри топла вода ?Зошто па да не?! Затоа што тоа може да биде систем на елиминација на секој политички противник, претпријатие или организација која би била трн во око на оваа власт. Замисли сега сдсм да дојде на власт и да го прави ова што го прави дпмне! Дали и тогаш ќе одговориш “зошто па да не„? Тоа е само дополнителен доказ дека Николче ја окупирал секоја пора во државава, и како страно тело, потребно е сместа да се острани затоа што може да предизвика тумор во овој наш систем.
Јавното обвинителство со прст не мрдна за време на реализацијата на проектот “Вистината за Македонија“. Дел од она што го слушнавме беа местење на судски процеси, нарачани аспења и обид за прикривање убиство. Никој не поднесе оставка одма после тоа. Затоа јас сметам дека треба да се прочешла и имотот на корумпираниот Зврлевски, па и оние сваровски судии. Ако е потребно нека лежат и по некоја година, не е штета за општеството. Нека биде памет за во иднина.
Проблемот е во тоа што СЈО може да престане институционално да работи. Лесно е тоа. Ќе истече рокот и СЈО ќе биде чиста формалност. А ЈО ќе остане местото каде ќе се судираат криминалот и парите, и местото каде што криминалот и корупцијата секогаш ќе победуваат. И тоа триумфално, со илјадници на улица, нели, спонтано собрани, славенички ќе ги пречекуваат сите игри на власта против опозицијата. Тоа е доказ дека нема ниту “Д“ од демократија во оваа земја.
Ти сериозно со цел ум го сметаш СЈО за некаков непристрасен орган кој има за цел да го гони криминалот? Ако се прашуваш како би било кога СДСМ ке направи влада ете го имаш одговорот во лицето на СЈО, само што тогаш би станало ЈО. И колку е наивно да мислиш дека некој ке седи со скрстени раце и да чека некоја партиска испостава како СЈО на пример да ги носи на колење?
Ти би седел, па вака што те гледам зачуден и збунет.
СЈО ти е чист пример дека СДСМ не е страно тело во организмот кој може да предизвика тумор ако не се острани , туку тој е карцином кој веќе метастазирал затоа што не бил навреме третиран и пациентот ни е практично мртов, само што уште ужалените ги немаат известено.
Нема човек или ретко кој не е за да се расчисти со криминалот, било каков и од било кој. Овој начин не е начинот барем според мене, нити пак има некој видливи резултати освен очигледниот рекет што го прави СДСМ за да расчисти со политичките неистомисленици, она истото за кое во твоето хипотетичко сценарио си така загрижен.
И за крај кога имало демократија во државата? Можеш да ми посочиш одреден период од осамостојувањето до ден денес кога сме биле ние демократија онаква каква што ти ја замислуваш, претпоставувам мислиш на западните демократии.
Ние сме бе човек карикатура од демократија од осамостојувањето до ден денешен. Пробваме да си играме држава ама не не бива. Дали е до нас самите или од многу туторство од надвор или комбинација од двете е дискутабилно, но факт е дека ништо тука не се случило без некој од надвор да дал совет, да потегнал некој за уши , да притиснал. И така со тек на време со сесрдна помош од надвор дојдовме до каде што дојдовме ти се допаѓало тоа или не и ако мислиш дека едно СЈО тоа ке го среди тогаш незнам што да ти речам.