Вежбам секој ден 2 пати сабајле и вечер ама дома.
Правам 4х10 склекови,4x10 dips,4х10 чучњеви,4х10 стомачни(сабајле а вечер правам додека издржам (околу 100)) + plank и други видови чучњеви.
Исхраната малце проблем ми е ручекот иако 5 дена во неделата ми е погоден и тоа што сум лебар(смалувам пополека).
Конзумирам протеин(Levrone+банана+чија+кокос+млеко) после првиот тренинг и креатин(xtreme) пред вториот тренинг.
Неможам да одам во тератана(т.е можам ама несакам бидејќи сум во прв месец од вежбање).
Цел ми е да качам килажа бидејќи сум 183 со 58 на 16 год, бавно ми е добро само прашање е дали имам прогрес(внесувам многу овошје(банана,портокал),млеко 1л,3л вода мин,ориз,туна,урда,грав,јајца многу ретко мармалад и еурокрем Финети али леб(жито лукс бел на парчиња) ако не ставам у уста не се осеќам сит.). Она што ме мачи е што не ми се иде у теретана пошо многу фрлам по протеин и креатин и исхрана и нема од кај да најдам за месечна а и сакам повеќе да работам дома бидејќи имам повеќе време.