Машина за садови

  • Креатор на темата Креатор на темата сончко
  • Време на започнување Време на започнување
Windfucker

Преверив, исто како тебе и јас користам Минел, сите три производи (сол, сјај, детергент). Сега за сега е супер, не можам да се пожалам. Единствено што можам да ти кажам е дека кога ќе заврши машината со работа, не ја оставам затворена, туку малку ја поттргнувам горната фиока и ја оставам вратата потпрена на неа, за да се излуфтира и да се исушат побрзо садовите.

Ова е мојот модел, види си, можеби има нешто поразлично, не знам.
http://www.dishwasher-manual.com/beko/beko-dfs-1511.html
 
pearl
Ништо револуционарно поразлично нема...Кај тебе е 45 см за да заштедиш на простор и собира помалку комплети, останатото колку што можам да видам е скоро исто. (Пет програми си кондензационо сушење)
Можеби е и од стаклото на чашите, користам Бохемиа и можеби се истите поосетливи на солта и се појавуваат траги.
Имам забележано дека понекогаш се појавуваат и траги на р'ѓа на дел од приборот за јадење (на сечивото од ножевите конкретно) и можеби машината користи премногу сол.
Се обидов да најдам некаде каде можам мануелно да ја намалам дозата на сол, но нема таква опција.
Ќе пробам да сменам програма, моментално користам економик програма за миење на садовите на 50 степени, ќе ја свртам Quick and Clean програмата на 60 степени да видам што ќе се случи.
 
Windfucker

Јас ја користам исклучиво само Quick and Clean на 60 степени, другите ги немам ни видено кои се. Мојот модел нема за регулирање на солта, знам бидејќи прашав за таа опција кога ја купував. Инаку, и мене ми се случувало да ми ги вади ножевите со `рѓа и мислам дека открив од што е. Обично се појавува ако не го исплакнам ножот убаво пред да го ставам во машина и да ја отстранам мрснотијата. И тоа се јавува само кај оние ножеви што ги користам за мрсни и преработени работи, како мајонез, намаз и сл. Баш провери и кај тебе дали е таков случај.
 
Море и октопод да се сторам, не ја давам мојата цуца (така си ја викам мојата машина за садови) :pos:
Раат!

Ја ја викам свекрвица:D
--- надополнето: 30 август 2013 во 01:13 ---
Кај мене машината остава бели трагови на чашите и изгледаат како да се немиени, најверојатно од бигорот. :(
Користам сол, детергент за плакнење и ампули Минел што се продаваат во Кам Маркет.
Моделот на машината е Beko DIN 1510.
Некој со сличен проблем дали има и како го решил?

и ја имав ист проблем со истите таблети
веќе немам, ставај по пола таблета искрши ја на два дела и доволно ти е пола за едно миење јаки се тие таблети
перам со економичен програм секој ден 36 минути и веќе не ми остава траги:)
 
Кај мене машината остава бели трагови на чашите и изгледаат како да се немиени, најверојатно од бигорот. :(
Користам сол, детергент за плакнење и ампули Минел што се продаваат во Кам Маркет.
Моделот на машината е Beko DIN 1510.
Некој со сличен проблем дали има и како го решил?
Не до детергентот или сјајот,тие се во ред и доста кавалитетни.Истата ситуација и после препораката на мајсторот излезе дека е до квалитетот на самите стаклени чаши затоа што на некои чаши нема бели траги, а на некои се јавуваат.Поздрав
 
Некој да ме упати какво средство да користам во машинава за садови. За сега имам само некој ампули Финиш што дојдоа со машината. Гледам треба сол, може обична да се става или треба некоја посебна да се користи? Исто така пишува дека и детергент да се става, обавезен ли е детергентов и каков користите?
 
Jaс ставам крупна обична сол
 
Имаш во сите маркети посебна сол која се става во машина за садови и детергент кој исто така е наменет за мапинско перење на садови и плус си ставаш и ампула. Ампула ставаш на секое перење, додека сол и детергент се става повремено зависно ос употребата.
 
Мора ли сол да се става во машината? Многу бели дамки имаат чашите коа има ставено сол...
 
Мора ли сол да се става во машината? Многу бели дамки имаат чашите коа има ставено сол...
Солта се става ради регенерација на јонскиот изменувач
Јонскиот изменувач ја омекнува водата и ако е се во ред не треба да има дамки
Најдобро да ставиш сол и да ја пуштиш машината да мие без садови - на празно
Стави повеќе сол - цело кило - обична кујнска сол од самопослуга
Потоа пробај со сдови и пиши
 
Ако можеше со обична сол да помине, немаше да се произведува посебна сол за машини за садови. Разликата во цена од 60 ден, не вреди да ризикуваш да си ја заебеш машината или да имаш садови со дамки.
Ние имаме Беко DIS 28020, вградна. просек ја пуштаме еднаш неделно, сол ставаме 2 пати годишно по пола пакување од Кам, детергент од таблетите исто од Кам и сјај Finish по малку ставаме. Програма освен 5-ка (58 мин. 70 степени) друга немаме пробано, садови, прибор и стаклени работи ги вади како нови :rolleyes:.
 
Oбична сол или натриум хлорид се користи за регенерација на јонските изменувачи и кај машините за садови и скаде каде што има јонски изменувачи.
Сол се става постојано да има, јас отприлике на 4-5 перења трошам кило сол. Пред секое перење проверувам дали има сол во машината
А тоа што вас ви продаваат сол по 60 денари е друга работа
Кујнска сол се купува во продавница за 10 денари кило
Ако најдам кујнска крупна сол, купувам таква, но ретко се наоѓа
Значи сол - исклучиво кујнска сол - Натриум хлорид
 
Многу практично помагало во кујна,користам на Горење и таблети од КАМ маркет :roker:
 
Здраво на сите на план сум да купам машина за садови па се мислам помеѓу некои од следниве брендови: Бош, Горење и Беко па доколку сте користеле или користите некоа машина од овие би ви бил благодарен доколку го споделите вашето искуство и би ми го олесниле изборот. Доколку сакате можете и да предложите некоа со линк цена до 22000ден.

пс. Може да биде и друга марка на пр. Електролукс или др.
 
Некој ја има оваа машина за садеви?

И како сте во глобала задоволни од машините за миење садеви?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom