Машина за садови

  • Креатор на темата Креатор на темата сончко
  • Време на започнување Време на започнување
Според една моја пресметка, при машинското и рачното миење на садови се троши иста енергија (струја за толпење на вода) и тука некаде вода во литри. Детергентот за машината е поскап (неколку пати) а и самата машина чини пари. Сега работата е во тоа, дали имате време и воља да ги миете рачно или имате пари да купите машина (што не ве спасува од рачното миење, пред да се стават во машината често треба да се исплакнат барем). Дома сме двајца (на овој спрат), јас и жена ми, па засега поекономично ми е да ги миеме рачно садевите. Ако имате инсталирано сончев колектор за топла вода, уште поекономично. Сепак имаме машина за садови, така било модерно :)
 
Ех мојата тема.
Земавме машина за садови и ја сум презадоволна.
Одлична е за прибор за јадење, чаши, нема шанси со раце така да ги измиеш.
Секој ден ја пуштам не чекам гости да ми дојдат.
Ова е потреба за луѓе со обврски не е модерно, не е никаков луксуз
 
Имам а не знам зошто ја купив многу ретко имаме многу садови за миење. Не можам да ја вклучувам за 3 чашки и 3 филџани, и 3 лажици и вилушки или да чекам да се собери уште нешто па да ја вклучам. Ова е за оние кои се поголема фамилија и им се собираат многу садови за миење.
 
Не мора секој ден да ја пушташ. Јас на пример собирам ги еднаш неделно ја пуштам... за саат време се е чисто...
 
Не мора секој ден да ја пушташ. Јас на пример собирам ги еднаш неделно ја пуштам... за саат време се е чисто...
Да ги собирам садовите сите па да ги мијам еднаш неделно нема шанси тоа.:pos::D
Ја користам само кога доаѓаат гости и се собираат повеќе садови.
 
Да ги собирам садовите сите па да ги мијам еднаш неделно нема шанси тоа.:pos::D
Ја користам само кога доаѓаат гости и се собираат повеќе садови.
Јас сам голема мрза коа доваѓа до миејне чинии, чаши, и прибор. Заради таа причина иам повеќе на број од сите нешта.. .Заради пуста мрза...
 
Јас сам голема мрза коа доваѓа до миејне чинии, чаши, и прибор. Заради таа причина иам повеќе на број од сите нешта.. .Заради пуста мрза...
Испржи праз па тавата ја чувај не измиена една недела. :D
Јас ги мијам од бојлерче со топла вода никако не чувам повеќе од 15 мин.
 
Испржи праз па тавата ја чувај не измиена една недела. :D
Јас ги мијам од бојлерче со топла вода никако не чувам повеќе од 15 мин.
Не не не не не.... Тавите и тенџериината ги мијам (дури додека се топли по готвејнето), плус тефлонски ми се сите, и имат делови шо р'ѓосуват и не ги ставам у машината...
Јас праам маабет за чиниите, чаши, вилушки, ножове, шољи шо си пијам чајче.... Ситни работи, шо е полесно да ја поклопам у машината, отколку да се ведам над мијалник.
 
Продавам машина за перење садови.....марка quadro...гланц нова,некористена....Ако е некој заинтересиран нека пише....скопје
 
Кај мене машината остава бели трагови на чашите и изгледаат како да се немиени, најверојатно од бигорот. :(
Користам сол, детергент за плакнење и ампули Минел што се продаваат во Кам Маркет.
Моделот на машината е Beko DIN 1510.
Некој со сличен проблем дали има и како го решил?
 
Најверојатно солта не ти ја бива, или пробај со друг детергент. Кај мен го прааше истото, испадна оти детергенто шо сам го купил, не било детергент а ти било средство за отстранувајне бигор.... :)
 
Кај мене машината остава бели трагови на чашите и изгледаат како да се немиени, најверојатно од бигорот. :(
Користам сол, детергент за плакнење и ампули Минел што се продаваат во Кам Маркет.
Моделот на машината е Beko DIN 1510.
Некој со сличен проблем дали има и како го решил?

Мојата е исто така Беко, не знам дали е истиот модел додуше. Се сомневам дека е поради бигорот, особено што скопската вода е една од најбигорливите, а ако не сум грешка кај тебе би требало да биде помека водата. Досега сум немала таков проблем, со тоа што пред секое пуштање го дополнувам делот за сјај, не знам дали тоа е она што прави разлика. Не се сеќавам кои бонбончиња ги користам, ќе видам, па ќе ти пишам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom