Прво, не стојам на пола, пошто не ги сакам нит едните, нит другите. Второ, секој што почуствувал барем еден ден војна, нема никогаш да посака повторно да му се случи. Според мене само позади тастатура може да се повикува на ќосиња, бодење, колење, убивање „на предавниците“.
Решение, немам, не сум јас доволно паметен, нит учен, да водам држава.
За војна ти реков, јас сум прв против и тотално сум против спроведување на туѓи агенди овде во државава.
Посебно ме иритира што маса Македонци одигра така како што одигра во кризава. Не мислам на небањатите, тие се посебен подвид, под луѓе, под хиени. Мислам на таканаречените неутрални, кои ептен претераа во неутралноста. Пак имаше огромна маса на незаинтересиран свет, кој не искача на избори и е убеден дека ништо не може да се промени. Беше вистински момент да се појави нова партија, која немаше да има гаден багаж со себе и немаше да има простор кон неа да се води антикампања или да биде уценувана - таа требаше да прегази, да ја киднапира опозиционата борба на сдс и да стане нов фактор. Тоа нормално не се случи затоа што се' ни е сведено на демагогија - сите знаеме што е добро и што е лошо, а решенија немаме никакви.
Има многу аргументи и контра сдс. Тотално се дезорганизирани, имаат лош PR, нехаризматични ременски-спасовски ликови, ненавремено реагираат. И над таков сдс не успеа да се најде друг - значи тој што се чувствува опозиционо нема каде на друго место да се приклони и тоа воопшто не значи дека таквите луѓе се слепи следбеници на заев и манијаци како небањатите.
Околу фамозната платформа и односот на сдс кон неа. Однесувањето на паторот и неговите ветувања доведоа до тоа таа да биде донесена. Тој и го падна имунитетот на земјава и покрај се' успеа и тоа да ни го товари. Истиот и ја прифати истата, а за возврат барал укинување на СЈО - и уште треба да имаме дилема против кого да застанеме? Ем ќе го имавме на власт, осоколен и гневен за реванш, ем ќе спроведуваше големоалбанска платформа? Тоа ли ни требаше?