Аииии, каква логика еј !!!



Имале ПСЖ предност од 4 гола на првата утакмица и немало врска какво е судењето на реваншот.



Човек да си помисли дека тие 4:0 од првиот меч им се поклон дадени, а не заслужени. Јас се согласувам дека срамота ќе беше ПСЖ со онаков пристап и спуштени гаќи од прва минута да помине понатаму, но дупло посрамен е начинот на кој што Барса помина во наредната фаза. Дај не зафркавајте бе луѓе...преку 10 пати вчера се обидоа да изглумат пенал и не ми е јасно како Нејмар и Суарез не добија ради симулирање по 3 црвени картони. Срам за спортот беше она што вчера го правеа џуџињата па ако сакаат и од 40:0 нека се вратат не ме интересира кога се служат со неспортски потези. Без контакт паѓаа во противнички шеснаесетник.

Пеналите живи глупости, само на Барса може онакви пенали да и свирнат, посебно вториот е пенал што не се санкционира како прекршок ни во кошарката. Од друга страна чист како солза пенал не се суди за ПСЖ на резултат 1:0. Гол во тој момент можеше и најверојатно ќе го однесеше натпреварот во сосема друг правец, но немале никаква вина судиите.

Па уште и нормално било да им судат онакви пенали дека цело време напаѓале...мислиш само они се екипа што напаѓа, а екипи како Баерн, Јунајтед, Челзи, Дортмунд, па и Реал се бранат цело време па затоа само после утакмиците на Барса со денови се збори за судиските одлуки.