Mедијумите известија за некоја студија според која
парното треба
Скопје може да се спаси од енормната загаденост на воздухот во периодот на грејната сезона ако целосно го искористи централниот топлински систем за греење и ако вгради централизирано снабдување со топла вода. Домаќинствата кои нема да можат да се приклучат на овие системи треба да ги користат енергенсите кои помалку загадуваат: топлинските пумпи и инвертер клима уредите, како и индивидуалното греење со природен гас.
Ова го предлагаат изготвувачите на студијата „Дефинирање на техно-економски оптимална и еколошки одржлива структура за греење и имплементирање на централизирано снабдување со санитарна топла вода на Град Скопје“, Македонската енергетска асоцијација (МЕА) и Машинскиот факултет.
Експертите кои ја подготвуваа студијата предлагаат и намалување на цената на парното за околу 25 отсто.
Според нив, со прифаќањето на централното греење и централното затоплување на водата во градот ќе се овозможи развој на когенеративно производство на топлинска и електрична енергија и ќе овозможи зголемена употреба на природен гас.
Студијата тргнува од фактот дека нееколошките средства кои сега ги користат домаќинствата за затополување влијаат на енормното загадување на воздухот во Скопје.
Во неа се анализираат дванаесет начини на греење кои вообичаено се присутни или се достапни, во однос на нивните еколошки, технички и финансиско-економски параметри кои влијаат на животната средина.
- Споредбената анализа на различните типови и системи за греење покажуваат дека централниот систем за топловодно греење претставува оптимален тип на греење во густо населените региони од Скопје. Во другите региони технолошко оптимален тип на греење се топлинските пумпи и инвертер клима уредите, а конкурентно е и индивидуалното греење со природен гас вели – професорот Ристо Филкоски од Машинскиот факултет.
Професорот Константин Димитров, претседател на Центарот за енергетска ефиканост МАЦЕФ, вели дека она што се предлага во Стратегијата е остварливо.
- Идејата ни е да се зголеми потрошувачката на топлинска енергија централизирано произведена и да се намали потрошувачката на електрична енергија со што глобално на ниво на држава ќе се намали загадувањето исто како и на локално ниво во градот - вели Димитров.
Според него, домаќинствата треба да одлучат дали се подготвени да инвестираат на почетокот и потоа да имаат пониски
сметки за струја или ќе се одлучат за извори за греење кои ќе ги чинат високи
сметки за струја.
- Една ваква
инвестиција е скапа, но за 4 до 5 години се исплаќа, а потоа 10 години се користат поволностите – вели Димитров.
Тој предлага домаќинствата прво да почнат да се вклучуваат во системот за обезбедување топла вода со вградување на посебен систем во бојлерите, што е наједноставниот начин за намалување на потрошувачката на електрична енергија и најниска
инвестиција.
http://sitel.com.mk/prezentirana-studija-za-optimalno-greenje-i-obezbeduvanje-topla-sanitarna-voda-vo-skopje
http://plusinfo.mk/vest/106573/da-se-proshiri-centralnoto-greenje-za-cist-vozduh-vo-skopje