So, Ladies and Gents, ви ги најавувам вторите (неофицијално трети)
Kajgana Movie Awards 2016. Правото на глас повторно е ваше, на специјалната Кајгана Академија за филм чии членови се сите кои влегуваат во темава и го читаат ова. За да може да се предложува, а потоа и да се гласа, една работа ти е потребна:
1. Да имаш регистриран акаунт на Кајгана форум
И годинава остануваме на истите 15 категории (филм на годината, режија, актер, актерка, актер и актерка во споредни улоги, анимиран филм, документарец, неанглиски филм, најдобра драма, научна фантастика, акција/авантура, хорор/трилер, комедија/мјузикл и најдобар македонски филм). Ако мислите дека треба да се додаде уште нешто, слободно поднесете амандман.
За сега го имате само формуларот за гласање, а може да гласате една недела - до 7-ми март. Потоа ќе ги објавам номинациите. Еве го линкот до
формуларот за номинирање.
Во секоја категорија ќе има максимум 5 номинирани (или помалку, доколку постои консензус некаде), освен во категоријата Најдобар филм каде нема да се одлучува со мнозински принцип, туку на начинот на кој АМПАС ги одредува номинираните (малку е комплициран, па затоа нема да го објаснувам сега, но ако ептен ве интересира, ќе ви објаснам). Значи за најдобар филм ќе има минимум 5 а максимум 10 номинирани.
Затоа е потребно да ги наброите 10те најдобри филма од 2016-та според вас, рангирајќи ги од прво до десетто место (ќе видите во формуларот, има посебно прашање за секое место).
Деветте главни категории се задолжителни, па затоа секој кој сака да гласа, мора да ги одговори прашањата за тие категории. За останатите - пожелно е, но не задолжително.
За најдобар филм можете слободно да номинирате и анимирани, и документарци, и странски, доколку сметате дека заслужуваат.
Eligible се само филмови кои според IMDB се направени во 2016-та, што значи, не можете да го номинирате Lobster, на пример, иако беше номиниран за Оскар годинава, зашто тоа е филм од 2015-та кој американската премиера ја имал во 2016-та.
Може да гласа било кој член на Кајгана форум, со што истиот станува член на Кајгана филмската академија.
Но, ве молам не бидете douchebags и гласајте само еднаш. За да ја олеснам работата при гласањето, направив формуларот да биде достапен за сите, и да не мора да се логирате со google акаунт. Затоа гласајте само еднаш. Сомнителните гласачи ќе се обидам да ги проверам.
Ако има прашања, слободно прашајте. Па повелете, формуларот за номинирање:
https://goo.gl/Rke9zl
--- Споено дупло мислење, пред 16 минути ---
Фала
@wot за првите предлози.