Само да го поздравам Битушанец
Ќе плаќаат ли хонорарците ддв?
Државата воведува нов удар за граѓаните кои имааат дополнителна заработка, а чиј износ годишно надминува 16.200 евра.Тие ќе станат даночни обврзници и ќе треба да плаќаат ДДВ. При тоа, ова ќе важи и за граѓани кои имааат авторски хонорари и членство во надзорни одбори, а не само оние кои заработуваат од кирии.
„Како регистрирани даночни обврзници за целите на ДДВ за извршениот промет на добра и услуги имаат обврска да издаваат фактура со пресметан ДДВ и да го пријавуваат и плаќаат данокот на додадена вредност. Но истовремено ќе имаат право на одбивка на предходен данок со исполнување на условите согласно членовите 33,34 и 35 од ЗДДВ.“ - велат од Управата за јавни приходи.