Додека сме на темава за покачување телесна тежина,да прашам за мислење околу интензитетот на тренингот со кој начин има повеќе резултат - форсирање на поголеми тежини или да си фурам онака рутински колку да ја потрошам енергијата и пак дома да јадам. Вежбам сплит со една мускулна група на ден,горе долу имам средена исхрана имам и резултат не дека немам али после неколку месеци активно вежбање нормално имам зголемување на силата.
Па ајде да размислеме вака, покачување на тежините се во директна врска со сила\маса на мускулите, тоа мислам јасно е - колку повеке креваш по тежина толку повеке ти растат мускулите и се сголемува општата сила. Значи во генерален случај прогрес на пораст на мускули без покачување на тежините нема да има или ке има многу мал.
Односно
мора да сголемуваш тежини со кои што работиш да имаш прогрес во телесна тежина.
Е сега тоа треба да се прави паметно и да разбираш, колку потежок ти е тегот толку повеке мускулни групи уклучуваш кога го креваш, толку помалку удираш вуствари на тој мускул што го работиш.
Еве ке земеме некоја едноставна вежба, кревање право тег на бицепс (straight bar што се вика со тегови), со 10-15 кила тегчиња можеш доста таргетирано да го работиш(барем треба така ако не читуваш), сеа ако креваш 20 кила тег веке мора малце да читуваш, оти нема друг начин да го кренеш(зборам за себе со маса 80-90 кила 180 цм), значи тука оптеретување од тој 20кг тег ти крадат помошни мускули како делтата на рамото, трапеција, исто ке ти се уклучат и мускули стабилизатори на корот, и други. Значи кој процент од тој 20кг тежок тег ке удри баш на мускулот на бицепс многу зависи од техниката, аголот, вежбата и т.н.
Значи спроти тоа тврдење погоре од друга страна - џабе ако немаш техника и не разбираш како ти работи телото да сголемуваш тежини, многу дечки гледам во теретана што работат бицепс со голем кичма-нозе-којзнаешто-читинг е сеа што вежбат кој ги знае дали бицепс или друго. И после викат - е тежина расте а мускулот не расте, епа како ке расте ако вежбата за бицепс креваш со погрешен читинг оти реално не можат да ја кренат таа тежина оти претежка е за нив.
Сега да додадам дека и читинг е дозволен за големи тежини инаку нема друг начин да кренеш ама таму правиш читинг со контрола и разбирање и мора да се разбираш во позитивна/негативна фаза и др. значи тоа е веке по професионален ББ
Значи генерално - мора да покачуваш тежините ама, тоа треба да се прави само ако веке тежината што ја работиш сега можеш да ја креваш следејки ја техника на конкретна вежба и максимално да го таргетираш и оптеретуваш мускулот кој што го работиш.