Темава има претерано многу страни за читање, така да, ќе споделам основно инфо за мене, па ако може отприлика да ме советувате околу исхраната, супер.
Имам 56 кг и сум 164 цм висока. Тазе почнав во теретана, односно од почетоков на месецот. Идам најмалку 5 дена во неделата, ги следам инструкциите на тренерот и вежбам: еден ден долен дел, еден дел горен дел, еден ден кардио, отприлика по саат и 15-20 минути, максимум саат ипол. Целта ми е да стопам што е можно повеќе од половината и (евентуално) да затегнам бутови/задник. Знам дека исхраната иде заедно со вежбањето. Тука се губам. Немам претстава колку калории да внесувам и што е најважно, немам претстава колку внесувам! Не знам како да ги рачунам.
Најчесто јадам: ќе ги издвојам следниве неколку производи како најчесто комбинирани - јајце, брокула, туна, ориз, сладок компир, банана, чиа. Секако јадам свеж зеленчук (морков, цвекло, краставица, марула, домати, итн.), многу варен зеленчук (морков, грашок, пченка, боранија, итн), овошје (киви, портокал, јаболко, итн). Често јадам интегрален "корнфлекс", овес, лен, и слично. Тук-таму грицкам леблебија, сончоглед, семки од тиква, пуканки. Тук-таму ред темно чоколадо, рака сува брусница, ретко некоја гранола/мусли бар. Бел леб не памтам кога последен пат имам јадено, со некои јадења каснувам парче-две тонус леб. Шеќерот ми е ставен на минимум (барем така мислам).
Дали е океј овој тип на исхрана? За мојата конструкција (и цел) колку треба да внесувам? Како да ги пребројувам калориите (поготово од непакувана храна)? Има ли редослед кој треба да се пази на конзумирање одредена храна (пример, одредено нешто пред вежбање, одредено нешто после, и слично)?