Kupchak си беше звер на времето нема збор, мајстор беше за стратегијата која функционираше во 90тите и 2000тите. Но во 2010те очигледно беше дека веќе го изгази времето. Промените во начинот на водење на тимовите кои се случуваат во последната декада очигледно е дека не може да ги следи. Лејкерси беа во топ 5 најслабо водени екипи во изминатите 5-6 години (тука некаде со Бруклин, Сакраменто, Орландо и Њујорк).
Не е само максималниот договор на Коби. Еден куп утки направија со Jim Buss. На еден куп високи пикови изминатите години ниту еден којзнае каков играч не извадија. Поставувањето на Бајрон Скот за тренер беше трагикомедија. За авантурата со Howard не треба ни да се коментира. Бламажата секоја година кога залудно скокаа по "имиња" слободни агенти за овие чисто од култура да им даваат шанса за презентација а после тоа да ги исмеваат колку се зад останатите екипи. Врв на се беа криминалните договори на Мозгов и Денг летово. Едноставно не можеа да се носат со новото време и премногу заостануваа.
На толку години танкање и таков атрактивен пазар, мораше да склопат подобра екипа досега. Единственото позитивно е што успеваа да најдат корисни играчи со подоцнежни пикови на драфтот (Clackson, Nance, има надежи и кај Zubac).
Дали ќе биде подобро со Меџик Џонсон ќе видиме. Јас сум во принцип скептик за вакви екс ѕвезди да стануваат генерални менаџери но времето ќе покаже. Првичните најави се дека Меџик ќе биде само претседател а дека за "тешката работа" е пикиран познатиот агент Роб Пелинка. Ова нема за брзо да се официјализира но е јасен знак дека Лејкерси планираат да се фокусираат на "агентско" водење на екипата наспроти по old school кошаркарско или пак модерно со многу аналитика, статистика и сл.
Сите грешки беа кумство на Бас џуниорс, не само Џими него и сестра му.
Авантурата со Хауард? Тој потег тогаш беше прогласен за мастерпис, да не заборавиме и на „баскетбол ризнс“ блокот од Штерн. Добри 27 од 30 тима во НБА тогаш би дале крв за да го добијат тогашниот Двајт, сите го посакува, никој не претпоставуваше дека има таков детско лузерски менталитет и дека ќе здобие лоша повреда на грбот. Човекот го доби Стив Неш буквално за ништо.
Тој проект не пропадна ради негова вина, он како ГМ го направи своето. Го склопи ростерот, го договори и Фил Џексон, но Џими Бас лупна вето. Понатамошните тренери и егото на Коби и на Двајт у соблекувална го пропаднаа тој проект.
За драфтуваните прворундаши од последниве драфтови, ниту еден од нив досеа не се покажа како грешка. Рендл е одличен и многу потценет играч, единствен подобар играч пониско пикиран на тој драфт а таа позиција е само Јокара. Расел е играч со одлични модерни предиспозиции, но е зелен во главата, него може да го констатиреме за делумна грешка. Инграм е сеуште руки, но и за него очекувањата беа дека би бил mid-late bloom-ер ко Ленард. За сите тројца е сеуште рано да се влечат комплетни заклучоци, пошто сепак се уште тазе.
Претходно немал можност Купчак за високи пикови, затоа онаму каде што беше насочен, во трејд политиките беше одличен.
И во слободните агенти беше одличен све дур не се деси „полонот од газдарицата за Коби“ и растурањето на дрим тимот. Овосезонските слободни агенти, да, Мозгов е трагедија. Но за Денг јас сеуште имам добро мислење дека би бил одлична алка во тим во кој би имал улога на четврт играч по квалитет.
Работата е што Купчак се соочуваше со тешки семејни проблеми, ќерка му беше болна некое време и почина на 15 години во 2015та и тоа очигелдно влијаеше врз неговата работа. Можеби ради тоа и сега и он има удел во ова. Сепак е легенда на Лејкерс и не верувам да се испонашале со него ко некој небитен, но со газдарицава на тимот е све могуче.