НБА сезона 2016-2017

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Кој тим ќе биде овогодишен шампион?

  • Голден Стејт Вориорс

    Гласови: 23 76,7%
  • Кливленд Кавалирс

    Гласови: 7 23,3%

  • Вкупно гласачи
    30
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Каде? Во која биографија?

Sent from my SM-A510F using Tapatalk

Веројатно на тој делот на твитер кај што пишуваш нешто кратко за тебе. Не знам што пишувало претходно, ама сега е вака:

ea2eccaf2d854d4a9bd0f7a7e31b2db4.png
 
Па сега јас колку што читав, не дека до толку на Hield се запнаа, колку што според нивната евалуација немаа подобра понуда. Разговарале со повеќе тимови, на крај останаа Њу Орлеанс и Лејкерс со најдобри понуди и газдата вивек Ранадиве ја одбрал таа на Њу Орлеанс (Лејкерс не сакал да го даде Инграм и тука пропаднале преговорите).
Јас од овие твитови се водев. Мрднат е Вивек, затоа и се дисфункционална франшиза....
 
Дивац сака да гради тим со млади таленти пошто виде дека не функционира со ветерани. Имало боље понуда но кога требало да се склучи договор наводно агентите се „исплашиле“, понудата од пеликанс била најприфатлива во моментот, ако би се случило ова покасно ќе изгубел Казнс од вредноста. После неколку интервјуа, радио емисии што преслушав мене ми се допаѓа трејдов, одма некако полесно се дише. Башка Tyreke is back <3
 
BREAKING: Lakers fire Mitch Kupchak and Jim Buss
 
Боље да ја затворат франшизава,Бруклин добива копија на западот. Веруај Дивац појма нема кај тера. Сигурно се сеќаваш на трејдот на Ник Стаускас коj беше висок 8 пик + пик од прва рунда кој станува незаштитен во 2019 + Фили успеаја да ви изнудат право за замена на пикови кое најверојатно ќе биде искористено сезонава така да ако танкате сезонава ќе танкате за Филаделфија и све тоа ради ослободување на кап спејс.

Значи :
Кап спејс = Ник Стаускас,топ5 пик 2017,то5 пик 2019

Али сеа со Казнс се надмина себеси :D Тим се гради околу суперстар,а не со млади таленти.
 
BREAKING: Lakers fire Mitch Kupchak and Jim Buss

Глупости!

Купчак го вадеше максимумот у својот мандат, возот отиде у курац не по негова вина него по вина на џуниорите Басовци, он си го вршеше својот дел од работата одлично. Трејдови максимално добри спрема можностите, драфт одличен освен можеби Расел, буквално ја спаси франшизата што не му дадоа брда и долини на Дурент... Единствен лош потег во кој имаше удел е максималниот договор на Коби, ради кој тимот беше ограничен да присобере уште некој високоплатен играч, ма да и за тоа вината е делумна.

Во ангажманот на тренерите можеби се погреши, ама не е он целосно одговорен повторно, еве на крај успеа да го донесе Волтон.

Меџик е легенда, ама има нула искуство и ќе биде новиот Дивац, многу е веројатно.

Доколку не земат искусен ГМ сеа, ова нема ништо да промени, туку можеби ќе станеме непоправлива легендарна франшиза ко Никс. Кога веќе ги споменав нив, а Мело лузерот не си иде од таму, само едно име кое сега е вработено таму може да има инстантен ефект кај Лејкерс. Зенот.
 
Пикот на Бруклин е незаштитен а Бруклин се убедливо најлош тим во лигата така да има големи шанси да биди прв.. Драфтот годинава се очекува да биди доста јак.. Незнам кај прочитав ама не сакале да го трејдат за Батлер.. епа сега рачунај

Без Бредли играат доста добро откако се повреди така да јас би го трејдал него, Амир Џонсон и некој од останатите пикови..
Џејлен Браун и пикот на Бруклин мора да ги чуват..
Колко што знам топ проспректите се сите плејмеркери и бекови, а Бостон нив ги има во изобилство. Најверојатно е најдобро да го трејдаат пикот со уште еден играч за да донесат супер стар.

Реално само Томас е супер стар, Бредли и Кроудер се просеци, а Хорфорд игра под нивото што се очекуваше од него.
 
Глупости!

Купчак го вадеше максимумот у својот мандат, возот отиде у курац не по негова вина него по вина на џуниорите Басовци, он си го вршеше својот дел од работата одлично. Трејдови максимално добри спрема можностите, драфт одличен освен можеби Расел, буквално ја спаси франшизата што не му дадоа брда и долини на Дурент... Единствен лош потег во кој имаше удел е максималниот договор на Коби, ради кој тимот беше ограничен да присобере уште некој високоплатен играч, ма да и за тоа вината е делумна.

Во ангажманот на тренерите можеби се погреши, ама не е он целосно одговорен повторно, еве на крај успеа да го донесе Волтон.

Меџик е легенда, ама има нула искуство и ќе биде новиот Дивац, многу е веројатно.

Доколку не земат искусен ГМ сеа, ова нема ништо да промени, туку можеби ќе станеме непоправлива легендарна франшиза ко Никс. Кога веќе ги споменав нив, а Мело лузерот не си иде од таму, само едно име кое сега е вработено таму може да има инстантен ефект кај Лејкерс. Зенот.

Kupchak си беше звер на времето нема збор, мајстор беше за стратегијата која функционираше во 90тите и 2000тите. Но во 2010те очигледно беше дека веќе го изгази времето. Промените во начинот на водење на тимовите кои се случуваат во последната декада очигледно е дека не може да ги следи. Лејкерси беа во топ 5 најслабо водени екипи во изминатите 5-6 години (тука некаде со Бруклин, Сакраменто, Орландо и Њујорк).

Не е само максималниот договор на Коби. Еден куп утки направија со Jim Buss. На еден куп високи пикови изминатите години ниту еден којзнае каков играч не извадија. Поставувањето на Бајрон Скот за тренер беше трагикомедија. За авантурата со Howard не треба ни да се коментира. Бламажата секоја година кога залудно скокаа по "имиња" слободни агенти за овие чисто од култура да им даваат шанса за презентација а после тоа да ги исмеваат колку се зад останатите екипи. Врв на се беа криминалните договори на Мозгов и Денг летово. Едноставно не можеа да се носат со новото време и премногу заостануваа.

На толку години танкање и таков атрактивен пазар, мораше да склопат подобра екипа досега. Единственото позитивно е што успеваа да најдат корисни играчи со подоцнежни пикови на драфтот (Clackson, Nance, има надежи и кај Zubac).

Дали ќе биде подобро со Меџик Џонсон ќе видиме. Јас сум во принцип скептик за вакви екс ѕвезди да стануваат генерални менаџери но времето ќе покаже. Првичните најави се дека Меџик ќе биде само претседател а дека за "тешката работа" е пикиран познатиот агент Роб Пелинка. Ова нема за брзо да се официјализира но е јасен знак дека Лејкерси планираат да се фокусираат на "агентско" водење на екипата наспроти по old school кошаркарско или пак модерно со многу аналитика, статистика и сл.
 
Викаат поголема улога ќе добие син му на Џери Вест, Рајан Вест што уствари бил главен за скаутинг и он уствари туркал многу за повеќето од драфтуваните играчи. Уште од кога кажаа меџик дека ќе биде во Лејкерс се знаеше што следи, ама не очекував волку брзо.
Конкретно за некои претходни потези како Бајрон Скот и слично, во тој момент најбитно беше да се задржи пикот, така да тенк командерот добро си одработи. Единствено нешто што е позитивно во договорите на Денг и Мозгов е што се front-loaded, така да секоја година во нивниот договор се полесни за трејдање, ако дај боже, стигне време да треба лејкерс да ги трејдаат за да станат контендери, сигурен сум дека 1/2 години пред крај на нивниот договор со пик од втора рунда ќе ги земе некој.
Мене оптимизам ми раѓа потегот, колку и да го почитувам Купчек, реално време беше за промена, фри ејџенси го флопнаа со Џим неколку години по ред, така да се надевам дека меџик ќе вработи квалитетни луѓе околу него и дека тимот ќе има успех.
 
Kupchak си беше звер на времето нема збор, мајстор беше за стратегијата која функционираше во 90тите и 2000тите. Но во 2010те очигледно беше дека веќе го изгази времето. Промените во начинот на водење на тимовите кои се случуваат во последната декада очигледно е дека не може да ги следи. Лејкерси беа во топ 5 најслабо водени екипи во изминатите 5-6 години (тука некаде со Бруклин, Сакраменто, Орландо и Њујорк).

Не е само максималниот договор на Коби. Еден куп утки направија со Jim Buss. На еден куп високи пикови изминатите години ниту еден којзнае каков играч не извадија. Поставувањето на Бајрон Скот за тренер беше трагикомедија. За авантурата со Howard не треба ни да се коментира. Бламажата секоја година кога залудно скокаа по "имиња" слободни агенти за овие чисто од култура да им даваат шанса за презентација а после тоа да ги исмеваат колку се зад останатите екипи. Врв на се беа криминалните договори на Мозгов и Денг летово. Едноставно не можеа да се носат со новото време и премногу заостануваа.

На толку години танкање и таков атрактивен пазар, мораше да склопат подобра екипа досега. Единственото позитивно е што успеваа да најдат корисни играчи со подоцнежни пикови на драфтот (Clackson, Nance, има надежи и кај Zubac).

Дали ќе биде подобро со Меџик Џонсон ќе видиме. Јас сум во принцип скептик за вакви екс ѕвезди да стануваат генерални менаџери но времето ќе покаже. Првичните најави се дека Меџик ќе биде само претседател а дека за "тешката работа" е пикиран познатиот агент Роб Пелинка. Ова нема за брзо да се официјализира но е јасен знак дека Лејкерси планираат да се фокусираат на "агентско" водење на екипата наспроти по old school кошаркарско или пак модерно со многу аналитика, статистика и сл.

Сите грешки беа кумство на Бас џуниорс, не само Џими него и сестра му.

Авантурата со Хауард? Тој потег тогаш беше прогласен за мастерпис, да не заборавиме и на „баскетбол ризнс“ блокот од Штерн. Добри 27 од 30 тима во НБА тогаш би дале крв за да го добијат тогашниот Двајт, сите го посакува, никој не претпоставуваше дека има таков детско лузерски менталитет и дека ќе здобие лоша повреда на грбот. Човекот го доби Стив Неш буквално за ништо.

Тој проект не пропадна ради негова вина, он како ГМ го направи своето. Го склопи ростерот, го договори и Фил Џексон, но Џими Бас лупна вето. Понатамошните тренери и егото на Коби и на Двајт у соблекувална го пропаднаа тој проект.

За драфтуваните прворундаши од последниве драфтови, ниту еден од нив досеа не се покажа како грешка. Рендл е одличен и многу потценет играч, единствен подобар играч пониско пикиран на тој драфт а таа позиција е само Јокара. Расел е играч со одлични модерни предиспозиции, но е зелен во главата, него може да го констатиреме за делумна грешка. Инграм е сеуште руки, но и за него очекувањата беа дека би бил mid-late bloom-ер ко Ленард. За сите тројца е сеуште рано да се влечат комплетни заклучоци, пошто сепак се уште тазе.

Претходно немал можност Купчак за високи пикови, затоа онаму каде што беше насочен, во трејд политиките беше одличен.

И во слободните агенти беше одличен све дур не се деси „полонот од газдарицата за Коби“ и растурањето на дрим тимот. Овосезонските слободни агенти, да, Мозгов е трагедија. Но за Денг јас сеуште имам добро мислење дека би бил одлична алка во тим во кој би имал улога на четврт играч по квалитет.

Работата е што Купчак се соочуваше со тешки семејни проблеми, ќерка му беше болна некое време и почина на 15 години во 2015та и тоа очигелдно влијаеше врз неговата работа. Можеби ради тоа и сега и он има удел во ова. Сепак е легенда на Лејкерс и не верувам да се испонашале со него ко некој небитен, но со газдарицава на тимот е све могуче.
 
Неколку дена претходно имале подобра понуда од друг тим, но тимот во меѓувреме се откажал и ја повлекол понудата (ништо чудно да е некој од тимовите кои веќе направија трејд).

Детроит бил тимот, Драмонд, Хилард и пикови за Казнс и Каспи. Ама како што кажав и претходно агентот на Буги изјавил дека нема да се обврзе на подолг договор со ниеден тим. Ќе чекаат да му заврши договор и сами да бираат каде ќе потпишат, и Стен се повлекол.

Драмонд избришал се‘ поврзано со Пистонс во биографија (веројатно на твитер) плус ова

ad095aaa5c2e41fcb7cd1928d7a3b526.png

Ако не ги трејдаат Бредли и/или Краудер, мислам дека ќе имаат екипа да ги тепаат Кливленд.

Се чека да заврши тренингот на Пистонс, Драмонд е на истиот и многу веројатно е дека нема ништо од негов трејд, пошто кој го прати Драмонд на твитер знае дека има испади вакви, и игра курот многу. Имаше и смешни твитови кога беше дешавката со ДеАндре у Далас.

Ако некој биде трејдан од Детроит тоа ќе биде Реџи. Стен од кога е во Детроит не изгубил ни еден трејд, а кога ги одбил Валанчунас, Рос и пик од прва рунда од Торонто за Драмонд, незнам што би можел да понуди Бостон.

Едино ако нема догово за Реџи за замена за Драмонд, па го трампа Драмонд за пикот на Бруклин кој најверојатно ќе биде прв или втор на драфт кој е еден од подобрите во последните неколку години а најдобрите играчи на тој драфт се плејмејкери.

Како и да е мислим дека Драмонд ќе остане у Детроит.

Едит :

изјава од пред 5 минути по завршување на тренингот
"SVG: "There hasn’t been a serious discussion about Andre, but that doesn’t mean there haven’t been discussions about Andre.""
 
Официјално - Роб Пелинка GM на Лејкерс. Агентот на Коби е овој.
 
Боље да ја затворат франшизава,Бруклин добива копија на западот. Веруај Дивац појма нема кај тера. Сигурно се сеќаваш на трејдот на Ник Стаускас коj беше висок 8 пик + пик од прва рунда кој станува незаштитен во 2019 + Фили успеаја да ви изнудат право за замена на пикови кое најверојатно ќе биде искористено сезонава така да ако танкате сезонава ќе танкате за Филаделфија и све тоа ради ослободување на кап спејс.

Значи :
Кап спејс = Ник Стаускас,топ5 пик 2017,то5 пик 2019

Али сеа со Казнс се надмина себеси :D Тим се гради околу суперстар,а не со млади таленти.
Ник Стаускас го избра Пит Д'алесандро, човекот кој што го даде Ајзеа Томас за ич пари пред неколку години, многу по фејл потег од овој, глеј до кај стигна Томас. Дивац го избра Вили коли-стајн кој што еве во третата година заигра на ниво, обично толку се дава до 3 години да се види дали ќе го бидне играчот, Малакај ричардсон исто заигра подобро. За папајанис и Скал лабисиер не ни заиграле за да процениме. Јас би му дал уште некое време на Владе не би судел одма пошто имам чувство дека ми се свиѓа кај тера работава. Само им треба боље скаути, некој ко Сем хинки од фили :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom