Работа на брод

Член од
21 септември 2008
Мислења
14.593
Поени од реакции
14.409
И прашокот е бесплатен знам земав неколку пати али беше некој неквалитетен така да после некое време си купив Тајд за 15$ и истерав цел договор со тој. Опремата исто може да ја однесиш во главната перална, и другата ден да си ја земиш перана и пеглана, јас често го правев тоа пошто немав многу време да се перам на секои два дена. Исто и ако си мрза можеш да однесеш и твои лични ствари да ти ги испераг али тоа се плаќаше околу 15$ мислам.
 

kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
493
Поени од реакции
533
го замолив дали би ми овозможиле да се качувам некаде во Европа, затоа што првиот билет е на мој трошок за да ми биде поевтин (Јелена ми кажа дека за овакви работи излегувале во пресрет), рече дека не претставува никаков проблем.
Секоја чест за Thompson. Ваква помош нема да видиш од некоја поголема компанија.
...не дека сум бил на брод - а не сум бил....
па ааааајде!
Туку, кога веќе го спомна перењето, какви се условите на бродовите за перење на алиштата ?
Може било кој ден да се однесат алишта на перење или мора баш на некој одреден ден ?
На NCL!.... Сам се переш, си пазариш детергент (течен или прашак) и одиш во перална, 2-30 машини за перење и исто толку сушални над нив. Отворена е пералната 24/7 у глобала, освен саат до два каде што го чистат подот и ги собираат заборавените работи. Од друга страна, имаш опција да ти ги перат алиштата, Cabin Steward-от ја земаше од соба и ја носеше во перална, и ја враќаше. Единствено нешто што требаше да се направи е да се пополни ливче со тоа колку работи даваш и какви, за да нема утка некоја.

И бакшиш, да, давајте им бакшиш на луѓето што ви ги средуваат собите, не бидете ајвани.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Во врска со пералните, на Дизни Меџик, 2500 гости, 1000 персонал имавме 1 перална со 2 машини, 1 со 3 машини и 2 со по 4 машини,вкупно 13.
На Дизни Фентази, 3500 гости, 1500 персонал, имаше една перална со 22 мислам дека беа машини (мислам пар машини, перална и сушална).
На Алур оф д Сиис, 6300 гости, 2300 персонал, има една перална со 32 или 35 машини.

Еве едно видео од мојот втор договор во една од пералните на Дизни Меџик https://www.youtube.com/watch?v=sHWnFzg4Foc

Во врска со детергент почнав со прашок тајд, па се префрлив на течен тајд, па на еден мексикански течен, па на капсули ариел и на крај капсули некои италијански.
На Дизни бродовите негде 2014 почнаа да даваат гага прашок за перење, ама не секогаш го имаше.
Инаку цимерите што ми беа на крај на договор ме обожаваа затоа што оставав секогаш детергент и чоколадо :)
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
1.990
Еве денес ми се јавија од Мајоми, како што кажа @Tonchie сертификатите коштаат 550 евра. Почнувам со обуките од понеделник во Филип II. Ќе имало и ден стриктно за пливање, да сум набавел капа :D
 

kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
493
Поени од реакции
533
ќе се дружиме на MSC значи, јас ги пројдов тренинзите во декември, 5 дена трае целиот аранжман, првиот ден е теорија, вториот е теорија и пракса, трет ден ќе пливаш, четврт ќе гориш а петиот ќе си таласаш.... капата :D

Edit: За која позиција аплицираше?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
Еве денес ми се јавија од Мајоми, како што кажа @Tonchie сертификатите коштаат 550 евра. Почнувам со обуките од понеделник во Филип II. Ќе имало и ден стриктно за пливање, да сум набавел капа :D
Филип II е широк поим - има Филип Втори приватна кардиохирургија, има Филип Втори национална арена, од неодамна ребрендирана во Телеком Арена, има улица Филип Втори, поранешна улица Стив Наумов.

И на ниту едно од овие места нема базен - освен ако има во новата болница на Жан Митрев, во Вардар ли ќе пливате :D ?
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
1.990
Филип II е широк поим - има Филип Втори приватна кардиохирургија, има Филип Втори национална арена, од неодамна ребрендирана во Телеком Арена, има улица Филип Втори, поранешна улица Стив Наумов.

И на ниту едно од овие места нема базен - освен ако има во новата болница на Жан Митрев, во Вардар ли ќе пливате :D ?
Еве како ми е пишано во меилот

Bi sakale da Ve izvestime deka STCW treningot ke se odrzi vo period od 20-24h Februari vo kongresen centar “FILIP FTORI ” do voena bolnica
 

kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
493
Поени од реакции
533
ефе офде. На фтори кат фо Филип фтори.

Чисто информативно, дали некој друг освен мене имаше благи мозочни удари кога го читаше истиот тој мејл?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
Новата болница на Жан Митрев е истовремено и конгресен центар ?

И содржи базен ?

Ај и едно он-топик прашање:

Кој ја организира обуката таму - директно Мајоми, или во соработка со Коузон ?

Знам дека Коузон одржуваат обука за гасење пожар кај Охис, ако добро помнам.
 

kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
493
Поени од реакции
533
Новата болница на Жан Митрев е истовремено и конгресен центар ?
И содржи базен ?
Ај и едно он-топик прашање:
Кој ја организира обуката таму - директно Мајоми, или во соработка со Коузон ?
Знам дека Коузон одржуваат обука за гасење пожар кај Охис, ако добро помнам.
Конгресниот Центар е Конференциска Соба на втори кат каде што е и мензата.
Базен = Карпош (под кого и што и да спаѓа сега).
А организацијата е на Коузон, Мајоми соработуваат со Коузон за тренинзиве. А за кај Охис си во право, таму и јас ги правев против пожарните тренинзи.

ЕДИТ! (пак). Морам ова да го споделам, делот што ужасно ми сметаше и не беше воопшто коректно од организаторите. Објаснувањата за тоа каде е базенот се Ок, нема шанса да се утне таа локација. Ама за Охис, е тука фрка, јас сум од Скопје, со кола ќе се докљанкам до каде и да е. Ама за тие што не се од Скопје, или од Македонија, стигањето до Охис беше борба. Немаше никаков организиран превоз до Охис. Бевме 23-4 луѓе, некако се организиравме кој со кого но сепак имаше утки и каснења и почнавме со задоцнување.
И сите што беа надвор од МК бараа хостел што е блиску до Филип II, и после три дена таму.... Охис!, што е на другата страна од Скопје.
И секоја чест за лапачката, мањак сендвич имаше и ограничена количина на кафе. А тренинзите се прават во две групи ( од можни 6 групи што бевме). Некои си отидоа порано, некои главеа до покасно, рано се стемнува, различни броеви на униформи...
Знам дека со тие 550 евра од човек треба да се плати тренерот, дипломите (ваљда), просторот во Филип II... не знам, 13000 евра за пет дена, лапај ладни сендвичи и лимитед тајм ајс кофи.
 
Последно уредено:
Член од
9 јануари 2015
Мислења
196
Поени од реакции
156
имам другар аплицираше пред некое време за работа на брод во мајоми за cleaner , а од англиски знае само hi и hello , и го пуштија на интервју ..... како можи така , ќе успее ли да се снајде таму хахахаха
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
имам другар аплицираше пред некое време за работа на брод во мајоми за cleaner , а од англиски знае само hi и hello , и го пуштија на интервју ..... како можи така , ќе успее ли да се снајде таму хахахаха
Сакаш да кажеш дека го одобрија да се качи на брод?!

Ако е тоа така, тогаш ќе се мачи цел прв договор наместо само првите месец-два, ама ако го преживее првиот договор во вториот ќе биде ОК.
 
G

Godfatherte

Гостин
ќе се дружиме на MSC значи, јас ги пројдов тренинзите во декември, 5 дена трае целиот аранжман, првиот ден е теорија, вториот е теорија и пракса, трет ден ќе пливаш, четврт ќе гориш а петиот ќе си таласаш.... капата :D

Edit: За која позиција аплицираше?
На кој брод се качуваш на MSC , и кога ? На "magnifica" има многу "paisano"
 

kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
493
Поени од реакции
533
На кој брод се качуваш на MSC , и кога ? На "magnifica" има многу "paisano"
не знам, чим се одболам ќе можам да го направам лекарското и да отидам, до тогаш ми рекоа да мирувам и да оздравувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom