Ај да ви пишам и мое искуство. Не бев воопшто запознаен со работа на брод. Пред 3 недели можеби, прво почнав да читам на интернет, а потоа се упатив во сите 3 агенции тука кои посредуваат. Најновава агенција Астериа работат само со Принцес. Не успеаја да ме вметнат за интервјуто што беше на 3-4ти месецов, па ми рекоа дека наредно е во Март. Стартни трошоци уште пред интервју се 6000 ден денари, демек они средувале за преводи на документи итн итн. Бев во Велес во Коузон, воопшто не ме бендисаа, згора на се бараат да се плати 6000 ден за некојаси обука. Мој другар претходно имаше платено, му дадоа испринтани листови со тоа како се чукало на врата (он проба да влезе за housekeeper), со кое средство се бришело прашина, со кое средство се бришело незнам што, како се поздравувале гостите итн итн, значи смешни работи што ќе ги научиш за еден ден доколку евентуално нели се качиш на брод. Ги прашав колку време трае таа обука, ми одговорија дека се зависи од човек, можеби 1 месец, два.. а имало и случаеви со по 6 месеци што тапкале у место со обуката. Мислам ват д фак.
На крај си бев во Мајоми. Јелена веднаш ме праша како стојам со англиски. Јас реков одлично (имам престојувано во Америка, немам проблеми со јазикот), веднаш ми изврши кратко интервју на англиски, каде имам работено, колку време и слично. Рече дека е се во ред можам да аплицирам за позицијата за која јас сакав- Cabin Steward(имам искуство во оваа област). Ми кажа дека на 14ти(вчера) е најбрзото интервју кое иде. Thompson англиска компанија. Стартни трошоци пред главно интервју се нула. Океј јас извадив потврда за неосудуваност- 320 ден, преведена на англиски плус 400 ден. Но и тоа не било морално. Вчера бев на интервјуто јас бев еден од ретките што и тоа носев. Другите освен апликацијата и CV друго немаа, и таа потврда можело да се донесе накнадно-доколку си примен.
Бевме 30 души, прво имаше презентација од компанијата од еден грк, потоа истиот лик го вршеше интервјуто. Поминав одлично и сум примен. Виде дека сум добар со англискиот па почна да ме прашува глупости како на пример од каде потекнува моето име(му беше интересно), му беше интересна сликата моја од апсолвент со капата на CV-то почна да ме прашува за тоа хаха, му го кажав моето искуство од САД и тоа. Кога рече дека е се океј, на крајот само го замолив дали би ми овозможиле да се качувам некаде во Европа, затоа што првиот билет е на мој трошок за да ми биде поевтин (Јелена ми кажа дека за овакви работи излегувале во пресрет), рече дека не претставува никаков проблем.
Се качувам најкасно за 3 месеци. Оваа компанија имала некои нови бродови, па ќе се качувам на некој од нив. На прво мое интервју, немав некои очекувања, чисто отидов да видам како изгледа сето тоа.. а ете сепак сум примен..
Сега имам 420 евра трошок за сертификати. Незнам каде треба да одам и што точно има во овие обуки, но ми рекоа од Мајоми дека деновиве ќе ме известат. 130 евра лекарски прегледи. 160 долари за виза и 50 долари за Seaman's book. Ова последново незнам што е. Овие 210 долари ќе ми бидат вратени кога ќе се качам на бродот. И нели авионски билет зависи од каде ќе се качувам. Не повратен, затоа што за назад билетот ќе ми биде платен.