Ученички екскурзии

Какви се (повеќедневните) екскурзии денес?

  • Наставно-образовни

    Гласови: 9 8,7%
  • Неколку дневен одмор (sex&drugs&rock and roll)

    Гласови: 95 91,3%

  • Вкупно гласачи
    104
F

filmadzijka

Гостин
Joey напиша:
Јас додека учев основно во времето на Тито :pos2:,не носеа на 100 метра од школо и купував цела торба со благи работи сокови и грицки :pos2:
Bravo :aplauz::aplauz:
Bass me nasmea.:pos2::pos2: :pos2:

Povekjeto go delime toa iskustvo.
Eh, starite dobri vreminja.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Во основно екскурзиите се онака весели деца трчање од соба во соба, нервирање на професорите со одбивање за стационирање на сите во своја соба, пикање сеир на тиј што заспла со мачкање со паста, со други зборови во нормала сепак деца сме биле во основно.
Средно како што и горе спомнато пијанчење, до даска, некој и по нешто лесно дрога, многу гласна музика,(комбинација дискмен и компјутерски звучки функционира ненормално добро. спиење , па добро кога си во средно се издржува повеќе одколку од основно.
Бати за на факултете веќе сме оформени луѓе, кои нема потреба да се караат кој и да било за да им кажува што е ред и поредок, па така и самите екскурзии добиваат многу поголем образовен карактер, освен тоа и семинари можат да се сметаат како еден вид екскурзии.
 

duffy_f

денес те сакам повеќе од вчера
Член од
29 јануари 2007
Мислења
353
Поени од реакции
13
За добрите спомени

Има голема разлика од генерациите кои денес се основно и средно и кога ние учевме.Прво заради тоа што ние натоварени со смоки,сокчиња со цевка и кифлички што мама ни ги направила одевме на екскурзии и најшема ни беше зафркафањата на професорите зашто таму некако имавме поголема слобода.Е сега сликата е дијаметрално спротивна-натоварени децата со пива и др алкохоли и разни наркотични средства,цигари и слично и обавезно камера или современ телефон за да можеш да снимаш со кој си легнал таму.И после натписи по весници-МЕГУ УЧЕНИЦИТЕ СЕ ВРТАТ СНИМКИ НА МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ СО ПОРНОГРАФСКА СОДРЖИНА КОИ ВСУШНОСТ ТИЕ САМИ ГИ СНИМАЛЕ.А богами на денешните деца не им треба да одат на екскурзија за да снимат нешто такво.Не ми е јасно само што се толку зачудени лугево ко од марс да паднале кога ке разберат такво нешто.Добро,не си ги гледаат децата на каков ред им се?!:cug:
И ве молам ако може отворете ја темата за порно филмчињата на средношколците сигурно некој има што да каже!+++++Sorry,ја најдов темета веке постоела!!
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Екскурзии. Умор за тело, одмор за душа. :)
Досега во средно на две ексурзии сум била, тродневна низ Македонија и четиридневна во Будва. И на неколку во основно.

Низ Македонија: Прва година средно, престојувавме во Отешево првата ноќ, а втората во хотел Силекс во Охрид. Мали бевме, уште добро не се знаевме, а сепак имаше ненормална дружба и прекумерна забава :) Некои од нас таму ги доживеаа првите свои пијанства, некои влегоа во конфликт со професорите, трети се бањаа во езеро без дозвола на 10 степени температура... Битно се журкавме.

Во Будва (+еднодневна прошетка низ Дубровник): Е ова поскорашно искуство е, подобро го памтам. :) Алкохол со литри, хронично неспиење, прекрасни ноќи во дискотека ”Трокадеро„-Будва, штрајкување насабајлечки (”Професорке, мамурна сум, не ме терајте да станувам за доручек„ :pos:), цел џепарац потрошен на коњак во Трокадеро (мамата нивна, 5ипол евра чаша коњак, кај се видело :pos:), ескивирање од ручек (храната беше благо одвратна) и млатење Будвански парче-пици при прошетка по брегот, бањање и сончање во Јадранско на почеток на јуни (а сепак изгоревме :pos:), прослава на роденден во автобус на пат за накај дома, при што сите со гласови неми и засипнати ја пеевме "Happy birthday to you", па шоферот мораше да застане во 3 сабајле, црна темница, на автопат и да не избрка од бусот пошто не можеше да не слуша :pos: Караници, смирувања, тепачки кој прв да се тушира, шверцање на алкохол, изгубени пасоши, заборавен пасош пред тргнување (да, јас бев таа:nesum:), секс по соби, воајеризам од страна на безосетните класни, напад од страна на Будванските манијаци врз невините скопски средношколки, како и понуди за брак и бесплатен престој (требаше да прифатам :pos:), класните во одбрана :pos: И уште многу други моменти што долго ќе се паметат. :)
 

SeaGull

Walter
Член од
17 мај 2005
Мислења
763
Поени од реакции
9
Ne znam kakvi se denes ekskurziite, ama jas bev vo 7mo oddelenie niz SFRJ, i pominavme mnogu ubavo .... uste pamtam detali od taa ekskurzija :)
Dve godini pokasno brat mi bese na ekskurzija niz SFRJ, i bea poslednata generacija koja zamina na taa marsruta .... pokasno pocnaa vojnite ... za zal ...

Ostanatite pomali ekskurzii ne se tolku vazni za da gi istaknuvam ovde :)
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
sigurno deka go izbrav vtoroto no koga stanuva zbor za ekskurzija treba da se ide poise dena na poise mesta
 
А

Адриано

Гостин
Ескурзија

Овака ја сум 3 година во гимназија и годинава на одлука на генерацијата се договоривме да одиме на дестинација прага-будимпешта-виена!
правевме муабет со другарите некој тврдеа дека во другите градови низ државава ке ги носеле во Италија,Шпанија и незнам каде за помалце пари и слични работи!
како е во вашиот град и каде ке одите на ескурзија годинава?
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
моја генерација од орце значи 3та ќе идеме 4 мај во будимпешта
 

LoveAshlee

I dont have a plan..thats the point
Член од
27 мај 2007
Мислења
475
Поени од реакции
2
Овака ја сум 3 година во гимназија и годинава на одлука на генерацијата се договоривме да одиме на дестинација прага-будимпешта-виена!
правевме муабет со другарите некој тврдеа дека во другите градови низ државава ке ги носеле во Италија,Шпанија и незнам каде за помалце пари и слични работи!
како е во вашиот град и каде ке одите на ескурзија годинава?
Преку која агенција сте и колку е цената за колку дена ??
Инаку да , мислам дека Карев ќе ги носат за Италија за прилично ниска цена - барем така ми кажаа .
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Ијааа, ние кога бевме копиљаци не носеа само локално, по Катланово, Свирипичино и слично.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.162
Поени од реакции
6.032
моја генерација од орце значи 3та ќе идеме 4 мај во будимпешта
Будимпешта е многу убав град. Нас не носеа таму у трета. Супер ќе си поминете.
 
Член од
12 јануари 2006
Мислења
374
Поени од реакции
9
Еден мој предлог до сите вас.Кога бирате место,каде да одите,знам дека сите сакате да го видите Рим,Париз,Барселона,но верувајте дека и да отидете таму ништо нема да видите.Екскурзијата правете ја на некое блиску место,но сепак ексклузувно,за да не ви помине цела екскуризја во пат.Јас на пример бев во Будва и закон си поминав.По автобус беше урнебес и таму кога отидовме сите одма во морето(ладно кочан,али мора да биде).И така ни помина цел ден натаму наваму додека да го запознаеме хотелот,собите,да се видиме шо и кај сме.Дојде вечерта,ајде сите по дискотека.Маваш вечерта таму,после по собиве се реди,на плажа и после кој како ќе се посреќи одиме по собите.Стануваме сабајлето,не однесоа за Дубровник.Бидна шо бидна,барем таму нешто видовме.Пак се вративме,низ Будва малку да прошеташ,али цело време си по пат,по дискотеки и редење.Немаш време да видиш ништо како што треба.

Затоа накаде поблиску да не ви помине цела екскурзија во автобус.Јас супер си поминав бидејќи екипата беше топ,затоа гледајте што подобро.
Ова беше еден пријателски совет од мене,за вас
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Ијааа, ние кога бевме копиљаци не носеа само локално, по Катланово, Свирипичино и слично.
ама видоа сега каков бизнис се прави од екскурзииве и ајде навали што подалеку и поскапо:brrrrm:
 

MadA@FakA

Black&White
Член од
4 август 2006
Мислења
1.049
Поени од реакции
105
Овака ја сум 3 година во гимназија и годинава на одлука на генерацијата се договоривме да одиме на дестинација прага-будимпешта-виена!
правевме муабет со другарите некој тврдеа дека во другите градови низ државава ке ги носеле во Италија,Шпанија и незнам каде за помалце пари и слични работи!
како е во вашиот град и каде ке одите на ескурзија годинава?
таа дестинација е супер, инаку и јас сум 3-та година, од Кочани сум и сега во мај ќе одиме исто така прага-будимпешта-виена... а тоа за парите незнам дали ви е скапо или ефтино, кажи колку... Нашата екскурзија чини 200 евра а мислам дека за таа десниација 200 евра за 7 дена не е скапо...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom