Има многу начини на кои може да се гледа на ова, и освен кога е очигледна разликата во "големина" на клубовите, секогаш ќе има несогласувања. Зошто мора само бројката на титули во целосната историја на клубот да одредува колку е тој голем?
Еве ќе земам како пример Челзи и Арсенал. Историски гледано, по бројот на титули секако дека Арсенал е поголемиот клуб. Ама, ако ја погледнеме сегашноста, Челзи секоја сезона (освен претходната) освојува трофеи, или пак до крај е во борба за трофеј, а од друга страна Арсенал 13 години веќе немаат освоено лига, секоја сезона рано испаѓаат од ЛШ и единствен успех им се двата трофеи во ФА Куп. Челзи привлекува многу повеќе внимание, многу повеќе спонзори, и многу поскапи спонзорски договори, а и мноооогу повеќе фанови во последниве 12-13 години. Единствено нешто во сегашноста во кое има предност Арсенал е поголемиот стадион, ама веќе и тоа ќе стане минато за некоја година.