- Член од
- 10 декември 2010
- Мислења
- 6.607
- Поени од реакции
- 8.290
Од сите нерешени напаѓачката 4ка што си ја спомнал играла 2 пати.Освен нерешеното со Ливерпул на гости, сите други сме биле надмоќни.Арсенал и Евертон ни израмнија у 90-та ама не беа повлечени, Стоук ни израмни по контра(јер сите беа искочени напред).Инаку и јас го критикував Мурињо за повлекувањето уште во 60та минута, убаво памтам против К.Палас и ВБА од 55та рогаа напред и се бранеа.КПалас ни изедначи ама, за среќа Ибра даде гол покасно.За сите овие нерешени што ги наброја, знаеш што е заедничко? Стартната напаѓачка 4ка (Ибра, Мата, Рашфорд и Лингард). А составот не го правам ниту јас, ниту ти, ниту пак среќата. А не е дека немало и други опции. Освен тоа, колку пати сезонава се случило после прв даден гол играчите да се повлечат и да чуваат резултат, наместо да идат на втор, трет гол и да го решат мечот? А кој им дава инструкции за такво нешто? Хинт: ниту јас, ниту ти, ниту среќата.
Супер е све тоа што Мурињо внел подобрувања во играта, ама време е да си преземе одговорност, а не да ги криви децата што собираат топки на ОТ.
Исто така го кривам Мурињо што не купува замена за керик или бекап играч кој ќе може да ја врши таа работа, бидејки да се ослониш на керик цела сезона е коцкање.Јес да покрива Ерера ама не е тоа тоа, највеќе ради оваа ситуација е нелогично заминувањето на Морган.Можеше да остане до крај, ама бидна.
Се надевам дека Керик и наредната сезона ќе остане да закрпи кога ќе биде ептен густо, инаку мора да се купи класа играч за таа позиција, бидејки очигледно Мурињо планира да игра со двајца во средина(Погба+нов) и Гризман пред нив.Ерера не ми е играч кој може да се снајде на таа позиција со тимови кои имаат физички појаки играчи.А од друга страна Фелаини нека фати штрафта.
ПС: Мурињо изјавил дека Туанзебе е спремен за прв тим и ќе дебитира наскоро.Браво за Рохо и Џонс што издржаа уште еден трансфер период и блокираа уште едно купување на друг штопер.