89ти американски филмски награди (Оскари 2016)

Кој е вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    21
  • Гласањето е завршено на .
Z

zmej gorjanin

Гостин
Подепре филм од Manchester by the sea, амин. Почнав сличности у карактер со ликот да си наоѓам :). Иначе партали глума, а филмот просечен и монотон на периоди. Ова Џеки осеќам исто ќе биде жива досада, а мунлајт не ми се гледа пошто веќе знам што ќе гледам. Секоја година има бар по два пропагандни филма, еден за црнците и друг за америчката војска, оваа година Hacksaw Ridge е за америчкиот патриотизам и храброст. Не е лош филм, доста брутални битки, али крајот беше ко видео спот за регрутација на војници. Значи си останува Ла ла ленд ко фаворит, до душа најврв дело што го изгледав годинава беше The red turtle од присутните на оскариве.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Па зарем го изгледа

Ајде да одиме наназад:
2016 - Ако ти е тебе романтична сексуалната злоупотреба на деца од страна на попови, на повеќето од нас не им е
2015 - Кај е романсата во филм кој беше се, само романса не? Birdman
2014 - 12 Years a Slave е драма, а не романтична комедија
2013 - Argo беше глупав, но не романтично глупав
2012 - ОК, ај да речеме дека тука имаше романса
2011 - Историска драма, романса речиси ич
2010 - Воен филм
2009 - ОК, ај да речеме дека и тука имаше романса, втор е овој таков
2008 - Ова чудово на Коенови исто така е светлосни години од романтично
2007 - Трилер
2006 - Драма/трилер
2005 - Спортска драма
2004 - Авантура/фантазија
2003 - Мјузикл
2002 - Драма, ај да речеме дека и тука имало романтични елементи, трет до сега
2001 - Историска епска сага, или како и да го дефинираш, романса не е

Заклучок - во 16 години, три романтични драми зеле Оскар = според тебе - секоја година романтични драмички земаат оскари. :pos:

А убаво си почнавме тука...
Каде реков дека секоја година земаат? Реков дека добиваат номинации такви филмови каде има некоја љубовна приказна, некојси таму се заљубил во некоја и низ цел филм се влече таа приказна каде тие се во преден план. Филмови за црнци кои се тепани до бесвест на тоа плантажите за памук или што ти ја знам веќе што. Тоа го спомнав само и тоа ме нервира бидејќи веќе е видено тоа и пак и пак проаѓа кај сите, љубовна приказна, црнци, гејови. Не знам зошто ми ги кажуваш овие филмови години наназад, јас не реков еј сите филмови од таа и таа година до таа и таа година се за никаде и вие што ги гледате исто сте за никаде, јас не кажав така ниту имав намера.
Ми се допаѓаат некои од филмовите што добиле оскар во поново време, како Argo на пример и Hurt Locker. Ми се допаѓаат и Gladiator и Beautiful Mind.
Значи мене поентата ми беше дека сеуште проаѓаат филмови со љубовна приказна, и се сметаат како нешто невидено. Јас на пример не го сметам за нешто невидено, полно филмови има со романтики и бришење солзи. Тоа што пишав дека романтични драмички земаат оскар беше затоа што мислам дека ќе земе годинава баш тој филм, не дека сакам некој друг да земе ама пак доаѓам на првиот мој муабет, дека сеуште тоа проаѓа. Да не бидам досаден, не мислев ништо лошо, едноставно е веќе видено сето тоа, романтики и мјузикли.
А убаво си почнавме тука...
Што демек сега непријатели сме? Тоа е правилото тука, ако некој исплука нов филм кој сите го сакаат одма е на црна листа? Ако е така тогаш извинете не знаев, да знаев немаше ни да коментирам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
Каде реков дека секоја година земаат? .
Еве тука:
Сакаш да те номинираат за оскар? Напрај романтична драма или некој филм за црнци, робови, памукоберачи и слично, и чекај си да те викнат. После зошто ги мразам оскарите, еве затоа, романтични драмички земаат оскари. Уште ќе се лигавиме? Уствари што прашувам, најголемите режисери веќе не се живи или па веќе ги потрошиле идеите. Останува ова :place::place:.
Да не бидам досаден, не мислев ништо лошо, едноставно е веќе видено сето тоа, романтики и мјузикли.
А што не е веќе видено? Еве кажи ти кој жанр според тебе е нешто невидено и треба да земе Оскар?
Што демек сега непријатели сме? Тоа е правилото тука, ако некој исплука нов филм кој сите го сакаат одма е на црна листа? Ако е така тогаш извинете не знаев, да знаев немаше ни да коментирам.
Никој не рече дека сме непријатели, само првиот впечаток ми беше дека си научил некои лекции и си се поправил, па сега се разочарав кога увидов колку не сум бил во право. ;)

Патем, само одговори ми на прашањето: го гледаше ли La La Land?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Еве тука:


А што не е веќе видено? Еве кажи ти кој жанр според тебе е нешто невидено и треба да земе Оскар?

Никој не рече дека сме непријатели, само првиот впечаток ми беше дека си научил некои лекции и си се поправил, па сега се разочарав кога увидов колку не сум бил во право. ;)

Патем, само одговори ми на прашањето: го гледаше ли La La Land?
Мешавина од сите жанрови, не само едно нешто, а веќе сите гледаат да направат филм со романтики или некоја тажна приказна па среќен крај и слично. Добро би било да има некој филм каде не преовладува само еден жанр.
Не иначе го немам гледано филмот баш заради тоа што мислам дека знам како ќе се одвива.
Ај иначе има време ќе се научам и јас како треба, вака сега добро е барем да има кого да зафркавате. :icon_lol:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Јас бев скептик за La La Land, ама еве уште ми вртат кредитите и сигурна сум дека ќе го репризирам уште безброј пати. Вакво нешто се доживува на кино, ама Струмица нема кино, Битола нема аеродром, Скопје има аеродромци по тренерки.

Не сме дораснати да го критикуваме. Филмот е полн погодок и за широката публика и за оние со софистициран вкус. Жанровски воопшто не сакам мјузикли, ама ова... :cuc:

Алал.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.150
Поени од реакции
25.290
Мислам дека доволен факт треба да биде што филмот La La Land го израмни рекордот за број на номинации со Titanic и All About Eve. Нема што да се дискутира повеќе после ова.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
Не иначе го немам гледано филмот баш заради тоа што мислам дека знам како ќе се одвива.
Значи тоа го зборувавме и лани: не можеш да оценуваш и да даваш коментари дали е добар или лош за филм кој не си го гледал или си гледал 15 минути од него. Земи, седни, изгледај го, и да не ти се допадне, после барем ќе можеш да кажеш зошто не ти се допаднал и да си ги браниш ставовите. Вака на ништо не личи конструкцијата "го немам гледано, ама лош е, сигурен сум во тоа".

И немој да мислиш дека те зафркавам, само сакам да те натерам да го прошириш видикот. Земи, седни една недела и изгледај 10 филма кои мислиш дека не се добри, ќе видиш дека освен црно и бело, постои и розево. ;)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Мислам дека доволен факт треба да биде што филмот La La Land го израмни рекордот за број на номинации со Titanic и All About Eve. Нема што да се дискутира повеќе после ова.
Па нели Титаник е срање? :icon_lol:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Кај сум кажал бе ја дека Титаник е срање? :D o_O
Не ти бе, општо зборам. Не само на форумов туку низ цел свет, секаде се вртат тие муабети дека Титаник е срање филм и воопшто не требало да добие ни еден Оскар а не 10-11 колку и да има таму. :D
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.633
Поени од реакции
10.353



Ryan Gosling so nominacija za igranje i lapanje a James McAvoy 8 karakteri kaj sho glumi ne...Po nekojsi holivudski fuck logic parametri kako i sekogash.. Vazi (y)
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Мешавина од сите жанрови, не само едно нешто, а веќе сите гледаат да направат филм со романтики или некоја тажна приказна па среќен крај и слично. Добро би било да има некој филм каде не преовладува само еден жанр.
Не иначе го немам гледано филмот баш заради тоа што мислам дека знам како ќе се одвива.
Ај иначе има време ќе се научам и јас како треба, вака сега добро е барем да има кого да зафркавате. :icon_lol:
Ла ла ленд не е романтика, филмот е уметничко дело. Не мора да го гледаш, ама на невидено е глупо да збориш.
Романтики/лимонатки, комедии и останати полајт филмчиња не се сметаат за озбилна категорија за Оскар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom