89ти американски филмски награди (Оскари 2016)

Кој е вашиот фаворит?

  • Вкупно гласачи
    21
  • Гласањето е завршено на .
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Лани биле очај и беда. :pos::pos::pos::pos:
И лани и година пред тоа и годината пред неа. :icon_lol:
Revenant јакиот филм, 2014 па да не збориме, 2013 црнци и робови. Одамна не се тоа што беа оскарите, и поновиве филмови. Ама добро ова доаѓа од голем хејтер на нови филмови па може затоа вака реагирам.
 
B

Blade Torch

Гостин
Moonlight по некоја логика со тек на време мислам тотално ќе отпадне во било каква игра за оскар, по се изгледа ќе добие само за машка споредна ( иако глумецот едвај се појавува во филмот на старт) . Ужасно остварување, Hidden Figures за овој е ремек-дело.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
И лани и година пред тоа и годината пред неа. :icon_lol:
Revenant јакиот филм, 2014 па да не збориме, 2013 црнци и робови. Одамна не се тоа што беа оскарите, и поновиве филмови. Ама добро ова доаѓа од голем хејтер на нови филмови па може затоа вака реагирам.
За што се расправав со тебе последно?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.918
Поени од реакции
42.625
Лани биле очај и беда. :pos::pos::pos::pos:
најјаките филмови беа лани заборавив, величествениот спотлајт филм на годината, биг шорт филмиштето на кое кружиш околу стол до бескрај, ревенант да не го заборавам ди каприо со мечки кај се бори.
 
W

wicked_1

Гостин
И лани и година пред тоа и годината пред неа. :icon_lol:
Revenant јакиот филм, 2014 па да не збориме, 2013 црнци и робови. Одамна не се тоа што беа оскарите, и поновиве филмови. Ама добро ова доаѓа од голем хејтер на нови филмови па може затоа вака реагирам.
2015та беше многу добра година за филмот. The Hateful Eight, Star Wars7, Mad Max:Fury Road, The Revenant - сите овие ќе останат како врвни остварувања, филмови за секоја публика.

Годината претходно ќе остане во вакумот на Interstellar кој излезе да е децениски филм, ама имаше и пристојни филмчиња како Birdman, Imitation Game, Whiplash, Guardians, Winter Soldier ( :icon_mrgr: ) итн...

Годинава, депресии. Па и Џими Кимел е хост.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
За што се расправав со тебе последно?
За ништо. Ако мислиш на тоа за Животот е убав, ама не би го сметал за расправија тоа. :icon_lol:
2015та беше многу добра година за филмот. The Hateful Eight, Star Wars7, Mad Max:Fury Road, The Revenant - сите овие ќе останат како врвни остварувања, филмови за секоја публика.

Годината претходно ќе остане во вакумот на Interstellar кој излезе да е децениски филм, ама имаше и пристојни филмчиња како Birdman, Imitation Game, Whiplash, Guardians, Winter Soldier ( :icon_mrgr: ) итн...

Годинава, депресии. Па и Џими Кимел е хост.
Birdman, Winter Soldier, Mad Max на пола ги гасам овие. Тие другите на третина. :icon_lol:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130

Што им докажуваш, тоа се досадни филмови кој се исклучуваат по пола саат. :D
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Ќе да е до тебе.

Ах да бев само јас добро ќе беше. Јас ќе ти најдам уште толку кои мислат дека филмот е глуп? И?
Нема врска ај, јас сум хејтер на нови филмови и на романтични драми кои секогаш се сметаат за нешто wow и добиваат номинации а некои и оскари земаат, така да ова сликава ниту ми го смени мислењето ниту па докажува дека филмот е добар. Јас иначе го коментирам филмот, не луѓето кои го сакаат или гледаат, против нив немам ништо. :icon_lol:
 
Ајде те молам донеси ги, да ни кажат зошто не сме во право, мене баш ме интересира зошто Ла Ла не заслужува да земе Оскар.
Само без аргументи од типот „Јас сум хејтер на нови филмови и романтични драми“. Никого не го интересира кои се вашите жанровски преференци, и ирелевантно е за дискусијава.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
Revenant јакиот филм,
Па зарем го изгледа
Сакаш да те номинираат за оскар? Напрај романтична драма или некој филм за црнци, робови, памукоберачи и слично, и чекај си да те викнат. После зошто ги мразам оскарите, еве затоа, романтични драмички земаат оскари. Уште ќе се лигавиме? Уствари што прашувам, најголемите режисери веќе не се живи или па веќе ги потрошиле идеите. Останува ова :place::place:.
Ајде да одиме наназад:
2016 - Ако ти е тебе романтична сексуалната злоупотреба на деца од страна на попови, на повеќето од нас не им е
2015 - Кај е романсата во филм кој беше се, само романса не? Birdman
2014 - 12 Years a Slave е драма, а не романтична комедија
2013 - Argo беше глупав, но не романтично глупав
2012 - ОК, ај да речеме дека тука имаше романса
2011 - Историска драма, романса речиси ич
2010 - Воен филм
2009 - ОК, ај да речеме дека и тука имаше романса, втор е овој таков
2008 - Ова чудово на Коенови исто така е светлосни години од романтично
2007 - Трилер
2006 - Драма/трилер
2005 - Спортска драма
2004 - Авантура/фантазија
2003 - Мјузикл
2002 - Драма, ај да речеме дека и тука имало романтични елементи, трет до сега
2001 - Историска епска сага, или како и да го дефинираш, романса не е

Заклучок - во 16 години, три романтични драми зеле Оскар = според тебе - секоја година романтични драмички земаат оскари. :pos:

А убаво си почнавме тука...
Birdman, Winter Soldier, Mad Max на пола ги гасам овие. Тие другите на третина. :icon_lol:
Е па тука е проблемот со тебе: дискутираш за филмови што не си ги изгледал, за разлика од сите нас останатите.
Јас иначе го коментирам филмот, не луѓето кои го сакаат или гледаат, против нив немам ништо. :icon_lol:
А како можеш да го коментираш филмот кога не си го гледал бе друже?[DOUBLEPOST=1485284475][/DOUBLEPOST]Сега за оние кои разбираат: 14 номинации! 14 факинг номинации! Само толку.

Да не речете дека не сум рекол - за мене La La Land е во топ 5 филмови од 21 век!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom