Јас разбрав дека пред ЕП Лино сериозно инсистирал да се натурализира Немања Обрадовиќ,посебно откако се повреди Фитилот,ама најверојатно добил ВЕТО од "големите сили".
Иначе за Штербик треба уште една година да помини за да има право да игра за друга репка,ако не се лажам последен меч му беше финалето на ЕП лани,и оттогаш нема одиграно меч за репката.
Или пак Станиќ,ако не е залежан ептен таму во Катар или каде и да брани овие денови.
П.С.
Овај Крстевски не е лош,го гледав малку на квалификациите,ама мора да ја смени средината,ако остани во Металург ништо нема да е од детето,ќе го запустат.
Истото важи и за сите оние други кои се некој потенцијал.
Моѓеби требаше да се форсира малку и Ласко од Пролет,од младата гарда плејмеркери делува некако најдобро,иако едно е за наша лига да си некој ЗАБЕЛЕЖИТЕЛЕН ПОТЕНЦИЈАЛ а кога ќе одиш на големо натпреварување против такви одбрани и голмани е сосема друга димензија.
Кога ги гледав Талески,Нелоски во движењата и обидите да влезат во зона,или пак да се кренат на шут ми идеше да се расплачам
Страшно нешто колку само ни недостига моторика,движења,техника кај тие бекови.
Ако не се подобрат,Талески пред се,со ова шо го имаат засега да го понудат нема надеж.
Ова е најважно во ракомет,играч кој не знае да влези во скок шут и да се свитка во тело,или да знае како да падни откако ќе шутира џабе.
Интересна случка пред 15 години,кога во Пелистер дојде големиот стратег Богдан Маковеј,го паметат луѓето кога беше тренер на Кометал,беше селектор и на Романска репка жени,страшен тренер,еден од најдобрите тренери шо дошол во Македонија.
И на прв тренинг им вика на играчите АЈДЕ СЕГА ОДЕТЕ ВО КОНТРА И ДА ШУТИРАТЕ СО ПАД НА ПАРКЕТ
Па освен крилата,пикерот Калајџиоски во тоа време и Мојсо ниеден не знаеше да падни како треба,
Се крстеше Маковеј
Ама со редовни тренинзи,индивидуални пред се,посебно за бекови,посебно крила,посебно пикери ги среди,за само една сезона.
Како ќе изгледаше сето ова ако останеше колку шо е Лино во Македонија?
Јас не гледам никаков напредок на техничко поле кај играчите,не е само талентот и моториката во прашање овде,изгледа не се работи на тренинзите ништо,освен одбрана,тепање