G
grande-juve
Гостин
Јас ја изглеав пред 10тина дена.. Добра, квалитетна и интересна е, али по мене мораше Вестворлд да земе глобус.Абе, а ја гледа ли некој The Crown, на Нетфликс, серијата за кралицата Елизабета II? Им го зеде Златниот глобус на Game of Thrones, Westworld и Stranger Things за најдобра серија во 2016, а на форумов никој ни еднаш не ја спомнал. Јас изгледав 2 епизоди и ми делува прилично интересно. Актерката (Клер Фој) е феноменална! И она зеде Златен глобус за најдобра актерка во драмска серија. А самата серија на некој начин е продолжение на случувањата во британското кралско семејство по The King's Speech. А атмосферата не може а да не се спореди со Downton Abbey што за мене е една од најубавите серии на сите времиња, па и The Crown ќе ја гледам со уживање. Планирани се 6 сезони, инаку, кои ќе го прикажат животот на кралицата до денешен ден.
А не знаев дека ќе иде 6 сезони за цел живот на кралицава.. има потенцијал и за уште поише значи.
Првава сезона многу добра 8ца, али има уште док ја стигне Даунтон