Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Дали ако немам положено 50 посто од втор семестар паѓам во квота сега пред запишување на четвртиот?
 
Ако може нешто повеќе за предметот Кориснички интерфејси, дали треба да знам C++ , со цел да можам да го учам предметот , бидејки е предуслов ?
 
Ако може нешто повеќе за предметот Кориснички интерфејси, дали треба да знам C++ , со цел да можам да го учам предметот , бидејки е предуслов ?

Не треба c++.

Се дизајнираат веб страници со bootstrap. По еден час имаше за d3js и python flask.
Се полага терорија на етест(која може да се замени со домашни) и задачи практично.
Исто така има и лабораториски и проект.
 
На почеток на зимски семестар сменив група. Сега за летен треба нешто да поднесувам некоја молба да останам во истата или од сега натаму автоматски сум во неа ? Ми имаа речено дека ќе ме врателе назад, па пак сум морала да поднесувам нова молба и така за секој семестар
 
Има ли на финки некое олеснување при плаќањето семестар за деца со самохран родител?
 
На почеток на зимски семестар сменив група. Сега за летен треба нешто да поднесувам некоја молба да останам во истата или од сега натаму автоматски сум во неа ? Ми имаа речено дека ќе ме врателе назад, па пак сум морала да поднесувам нова молба и така за секој семестар
Ќе има нова распределба на групите и најверојатно ќе бидеш во истата група што ти била првично доделена, но не е исклучено и да има мали измени во распределбата, како што беше случајот во претходниот летен семестар.
 
Здраво, ако може некој да каже збор-два за Географски информациони системи? Фала однапред
 
Има предмети што се полагаат само со проект?
 
Има предмети што се полагаат само со проект?

Виртуелни општества од 7 семестар ПСИ. Има 2 проекта, првиот е со рок до средина на декември, се работи во NetworkX и со графови, но е прилично лесно, а вториот проект е со рок до при крај на јануари и треба да се направи прототип за социјална мрежа со помош на онлајн алатки како на пример proto.io што е многу лесно. Исто така има и 2 лабораториски кои ги правиш од дома, но мислам дека не се задолжителни.
 
Метеријали за некој од предметиве: Оперативни системи, Софтверско инженерство, Кориснички интерфејси и Интернет технологии ако има некој да ми прати. Благодарам.
 
На почеток на зимски семестар сменив група. Сега за летен треба нешто да поднесувам некоја молба да останам во истата или од сега натаму автоматски сум во неа ? Ми имаа речено дека ќе ме врателе назад, па пак сум морала да поднесувам нова молба и така за секој семестар
За секој нареден семестар се паѓаш во група автоматски според азбучен ред, така да ќе мора да се менуваш доколку не ти одговара.

Предлог изборен предмет за летен семестар од постарите колеги? Не мора да е многу лесен, средна тежина, меѓутоа интересен и корисен. All in one шо би се рекло :) Благодарам однапред.
 
Дали е тежок предметот Математика 1 и какви се колоквиумите, односно дали се како на дискретна така потешки или полесни?
Исто така ако може некој да ми каже дали е тежок предметот Компјутерска анимација, дали треба некое големо предзнаење со некој програмски јазик, дали има некоја задолжителна презентација на проект и дали може да го земам без слушан Вовед во компјутерска графика?
Фала однапред :D
 
Последно уредено:
Дечки кој ги држи предавањата односно кој е професор по Основи на компјутерска графика ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom